POCO F4 и POCO X4 GT ќе бидат први на гејмерскиот пазар

Објавено на 27.06.2022 13:27 во Рецензија


POCO F4 и POCO X4 GT ќе бидат први на гејмерскиот пазар

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Екстра брзи перформанси;
+ Ценовно прифатливи смартфони;
+ Брзо полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

POCO ги претстави новите мобилни уреди со најдобри чипсети во класата: POCO F4 и POCO X4 GT. Оваа компанија секогаш става акцент на ценовно прифатливите уреди.

Предводникот POCO секогаш има најдобри перформанси во класата, а претставувајќи ги POCO F4 и POCO X4 GT, убедени сме дека го постигнаа токму тоа. 

„Возбудени сме што одиме напред со чиповите на Snapdragon 870 и MediaTek Dimensity 8100. Исполнуваењто на највисоки стандарди за врвна забава со задржување на конкурентни цени е пристапот што сакаме да го направиме дел од искуството со POCO“, изјавил Ангус Нг, директорот за маркетинг производи во POCO Global. 

POCO F4 

POCO F4 ги нуди сите предводнички перформанси со висока енергетска ефикасност на батеријата. Под хауба има Snapdragon 870 процесор со 7нм процес на производство и 5G технологија. Јадрата со највисока фреквенција ги имаме овде со 3,2 GHz, а моќните перформанси се обезбедени благодарение на доброто ладење и надградбата со LiquidCool Technology 2.0. 

POCO F4 пристигнува со 6,67" инчен AMOLED екран со ултра мали DotDisplay пиксели и фреквенција од 120Hz. Тројната задна камера овозможува и оптичка стабилизација на сликата (OIS) на главната камера од 64MP и така креира јасни и остри фотографии и во услови на слаба осветленост. Главната камера има резолуција од 64MP и ултраширока камера со резолуција од 8MP, плус макро камера од 2MP. 

Сето наведено се покренува со батерија од 4500mAh со поддршка за турбо полнење од 67W. Уредот користи Middle Middle Tab (MMT) технологија, метод за брзо полнење, кој што електричната енергија на насочува во две поделени насоки. Така се постигнува поголема брзина и стабилност при полнењето, но и се одржува највисоко ниво на перформанси преку долги временски периоди.

POCO X4 GT 

POCO X4 GT е наменет за помладата популација што сака да игра игри. Има вграден MediaTek Dimensity 8100 чипсет и TSMC 5nm процесор, меморија од LPDDR5 RAM и UFS 3.1 ROM. Системот за ладење LiquidCool Technology 2.0 го одржува процесорот ладен и овозможува брзи перформанси.

POCO X4 GT доаѓа со иновативен LCD екран и True Display, со хардверско намалување на штетното сино светло до 30%, што уредот го прави удобен за користење и работа.

Батеријата има капацитет од 5,080mAh со 67W турбо полнење, а со помош на Middle Middle Tab (MMT) технологијата, на корисниците им е овозможено време за играње од над 90 минути со 10 минути полнење.

Со главната камера со резолуција од 64MP, ултра-широката камера од 8MP и макро камерата од 2MP со предна камера од 16MP, сите корисници ќе може да ги фатат најважните моменти. Од POCO истакнуваат дека уредот доаѓа со 19 прединсталирани предлози за снимање на влогови, како и Drafts функцијата за снимање и уредување на содржини.

Се уште останува непознато кога овие уреди ќе станат достапни на нашиот македонски пазар. POCO F4 се очекува да има малопродажна цена од 399 евра, во зависност од меморијата, додека X4 GT би требало да има цена од 379 евра, во зависност од големината на меморијата исто така.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.