Moto X4: Турбо полнење, минимални рамки и профи камера

Објавено на 05.01.2018 во Рецензија


Moto X4: Турбо полнење, минимални рамки и профи камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Ниска цена, а премиум дизајн;
- Цврсто и стилски изграден;
- Сертификат за водоотпорност;
- Дуална камера;
- USB-C и USB-A Turbo Charger;
- Квалитетен дисплеј со точни бои;
- Брзи перформанси и меморија;
- Технологија за брзо полнење на батеријата;
- Квалитетна камера со широк дијапазон на опции;

 

Negatives:



Целата рецензија

Moto X сериите не се тоа што беа порано. Откако се случи аквизицијата на бизнисот со смартфони на Motorola од страна на Lenovo, многу нешта се сменија. Дизајнот, спецификациите и се друго. Премиум класата Moto X припаѓа на средната класа, но дизајнирањето и стилизирањето на телефоните е навистина профи и дефинитивно се телефони што им се допаѓаат на корисниците. Moto X4 навистина изгледа премиум, без разлика на тоа што припаѓа на средната класа, благодарение на неговата фенси конструкција, дуална камера, и IP68 сертификат за водоотпорност. Неговата цена изнесува 350 долари.

Дизајн и дисплеј

Moto X4 има пониска цена од претходните Moto X смартфони, а изгледот е исто добар, дури и подобар. Моделот располага со метално-стаклено тело, односно со огледало позади и го има препознатливиот стил на Moto уредите. X4 изгледа поинаку во позитивна смисла и има поцврста градба. Од задната страна има голем испапчен круг, каде што се сместени двете камери и двата блица. Од предната страна имате 16MP камера со блиц исто така, како и сензор за отпечатоци под 5.2-инчениот дисплеј.

Има вградено LTPS (Low-Temperature PolySilicon LCD) IPS технологија во екранот, со резолуција од 1080x1920 пиксели. Дисплејот изгледа одлично за голо око и прилично е светол, а длабоките бои би можеле да ве натераат да помислите дека се работи за AMOLED дисплеј. Боите се прилично точни, што многу наликува на AMOLED технологијата, освен неколку занемарливи забелешки. Дисплејот има густина на пиксели од 424ppi, што значи дека овозможува остри и квалитетни слики. 

Интерфејс

Moto X4 има  Android One оперативен систем, со свои апликации и сервиси. Има неколку Moto апликации, од кои ги издвојуваме:

Moto Key – опција за полесна пријава на вашиот Windows персонален компјутер. Moto X4 може да го користите како сензор-читач за пасвордот на вашиот профил и полесно да се вклучите. Moto Key автентификацијата функционира со сите апликации и веб страници;

Moto Actions – овде сами ги креирате вашите гестикулации, со цел полесно да го ракувате телефонот. На пример, може да направите со дво-клик да го вклучите блицот или со завлекување на прстот кон лево, да ја вклучите камерата;

Moto Display – нешто слично како Аlways-on display, но наместо постојано да е вклучен екранот, овој екран се вклучува со замавнување над телефонот, со што ви се прикажуваат нотификациите и колку е часот;

Moto Voice – со „show me“ фразата може да активирате многубројни команди, со кои може да го прегледате вашиот распоред, времето и многу Google апликации. Немате многу избор, но многу е корисно.

Хардвер

Moto X4 под хауба има Snapdragon 630 процесор, кој значи дека имате супер брзина, како и RAM меморијата од 3GB, во комплет со 32GB внатрешна меморија. Спецификациите се навистина добри како за телефон од ваков ранг. Анимациите одлично ќе ви се појавуваат и нема многу да се забавуваат. Се разбира, нема да можете да играте игри, но со апликациите што ги отварате нема да имате никаков проблем. Општата брзина на функционирање на телефонот е одлична.

Батерија

Motorola овозможила Turbo Charge технологија за брзо полнење, што овозможува 6 часа користење од 15 минутно полнење до 30% капацитет. Полнењето од 0 до 100% е брзо, за 1 час и 40 минути, со што може да трае батеријата над 9 ипол часа со интензивно користење. Резултатите на X4 со долготрајноста на батеријата се одлични исто така.

Камера

Двете задни камери на Moto X4 се со 12MP и 8MP и не се само трик од страна на производителот за привлекување на внимание, туку квалитетни камери со кои ќе направите спомени вредни за памтење. Интерфејсот е добар во тоа што содржи алгоритам за препознавање на предмети и така има добри слики. Имате многу забавни елементи тука, затоа што имате повеќе модули за фотографирање, со селектирање на белата и црната боја, т.е. може да избришете и конкретна боја од сликата.

Можете да определувате и длабочина на одредени бои, што создава уникатни сликарски перспективи околу одредени предмети. Функцијата за „поигрувањето“ со белата и црната боја е одлична опција, која е инконзистентна за да ги продуцира посакуваните ефекти. Се рабира, предметите може да ги обоите како што сакате и да ги изострите во зависност од деталите на вашата слика и вашите желби. Сликите во отворен и затворен простор се одлични, богати со бои и детали. Предност кај 12MP камера е што може да снима и 4K видео со 30fps, додека 8MP камера може само со 1080p, 30fps. 

Заклучок

Motorola овој пат завршил добра работа со X4 моделот, кој има ниска цена, премиум и цврст дизајн, на кого не може да му се одолее. Со камерата имате мноштво опции што ви стојат на располагање. Телефонот официјално спаѓа во средната класа на смартфони со минимални рамки, но навистина изгледа како да е висока класа. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)