Бил Гетјс за иновациите што драстично ќе го променат светот

Објавено на 08.01.2018 во Рецензија


Бил Гетјс за иновациите што драстично ќе го променат светот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Поквалитетно функционирање на човештвото;

 

Negatives:

- Можност за излегување од контрола на иновативните процеси и евентуална злоупотреба;



Целата рецензија

Еден од најбогатите луѓе на светот, основачот на компанијата Microsoft, Бил Гејтс, открива кои иновации според него би можеле да го променат човештвото. Според него, овие нови технологии би можеле да го подобрат нашиот стандард на живеење.

Фрижидер за вакцини

Вакцините спасуваат милиони животи во цел свет, но тие се расипуваат брз доколку не се чуваат на идеални услови, односно на идеални температури. Global Good компанијата од Сиетл иновирала специјален фрижидер за таа намена - Meta Fridge. Специфичен е по тоа што ја одржува ниска температурата, дури и кога долг временски период нема напојување со електрична енергија. На тој начин вакцините нема да се расипат и институциите ќе бидат спасени од огромни загуби. MetaFridge има и преносливи вентилатори, па лекарите може да носат вакцини на поголеми оддалечености и полесно доаѓаат до децата во тешко пристапните терени.

Промена на гени

„Замислете ја иднината в која можеме да земеме ДНК од болен пациент, да ги отстраниме гените што предизвикуваат болест и на тој начин да ја излекуваме или да ги отстраниме гените од комарци, што предизвикуваат маларија“, објаснува Гејтс.

Промената на гените е се уште во рана фаза на развој, која повлекува и низа прашања за тоа како да се користи технологијата на одговорен и етички начин.

Соларно гориво

Доколку сакаме да се ослободиме од нашата зависност од фосилни горива и климатските проблеми што ги предизвикуваат, ќе ни требаат различни пристапи.

„Неодамна ја посетив лабораторијата во Калтек, таму научниците бараат начин за да ја претворат сончевата енергија во гориво“, вели Гејтс.

Уште сме далеку од моментот кога ќе ставаме соларно гориво во автомобилите, но креативниот пристап на научниците од Калтек, му дале надеж на Гејтс дека ќе успееме да постигнеме енергетско чудо во блиска иднина.

mRNA вакцини

Денешните вакцини содржат слаби или неактивни форми на вируси со цел да го подигнат нашиот имунитет за да создава антитела што спречуваат болести. Меѓутоа, научниците сега се обидуваат да употребуваат генетски материјал наместо тоа, кој би можел да го забрза развојот на нови вакцини и да го поевтини сето тоа. Ако успееме на тој начин да го научиме нашето тело да креира сопствен одбамбен механизам, тоа ќе ни помогне да спречиме појава на болести.

Подобрено внесување на лекови

„Ако секој ден во исто време треба да испиете некој лек, тогаш сигурно знаете колку е лесно да заборавите да земете таблета“, вели Гејтс.

Компанијата Intarcia креирала мал технолошки уред, кој се вградува под човечката кожа и постепено ги вбризгува лекарствата во крвотокот во определен временски период. Има многу начини според кои оваа технологија може да се употреби за превенција и контрола на болести. Гејтс вели дека овој уред би можел да биде најмногу корисен за лицата изложени на ХИВ вирусот. Еден имплант би можел за цела година да заштити едно лице од ХИВ.

Вештачка интелигенција

„Од сите иновации на списокот, сигурен сум дека оваа целосно ќе го трансформира нашиот начин на живеење“, вели Гејтс.

AI технологијата ќе создаде нови предизвици, на кои ќе мора да обрнеме внимание, додава основачот на Microsoft, вклучувајќи ја и промената на професијата на луѓето, кои поради автоматизацијата ќе останат без работа. Вештачката интелигенција ќе го направи животот повеќе продуктивен, поефикасен и полесен, заклучува Бил.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm