Шефот на Apple им попушти на вработените за работа од дома

Објавено на 29.06.2022 18:00 во Рецензија


Шефот на Apple им попушти на вработените за работа од дома

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Работата од дома повеќе им се допаѓа на вработените во Apple;
+ Тим Кук им попуштил на вработените и оставил на волја дали сакаат да доаѓаат на работа или да останат да работат од дома;

 

Negatives:



Целата рецензија

Шефот на Apple има интересен поглед кон иднината на работата: „Конечниот модел веројатно ќе биде прилично различен во споредба со она што сега го имаме“. Големите технолошки компании се разликуваат во голема мера едни од други кога станува збор за работата после пандемијата. 

Некои одлучија на своите вработени да им овозможат работа од дома засекогаш, а други почнаа да ги враќаат во канцелариите. Гостувајќи на симпозиумот TIME 100, шефот на Apple, Тим Кук, ги соопшти своите ставови за иднината на работата.

„Моментално спроведуваме неверојатен експертимен, затоа што всушност не знаеме што се ќе се промени. Спроведуваме пилот програма и се обидуваме да го најдеме најдоброто решение за двата света“, изјавил Кук. 

Тим Кук признава дека лично на сака состаноци во живо, лице во лице, но дека виртуелните состаноци не се ништо полоши. Само поинакви. Истакнува дека е клучно да се пронајде модел што ја искористува предноста и состаноците во живо и оние виртуелните, а дека конечниот модел веројатно ќе изгледа прилично поинаков од она што сега го имаме.

На прашањето дали тоа значи и користење на некој облик на виртуелна или проширена реалност, како што е често спомнуваниот Metaverse, Кук вели дека смета дека технологијата би можела да ги подобри нашите меѓусебни односи и разговори, а не да ги замени.

Да потсетиме дека Apple оваа пролет донесе одлука според која вработените ќе може да се вратат во своите канцеларии, барем на три дена неделно,. Тоа предизвика бранови незадоволство меѓу вработените, кои што сметаа дека таквото присилно враќање е лоша одлука. 

Заклучок

Управата конечно попушти и одлучи да спроведе свое тестирање, што подразбира враќање во канцеларијата на два дена неделно, со можност за работа од куќа, за оние што не се чувствуваат доволно удобно за да се вратат во канцеларијата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.