Lenovo: Иновации, смарт уреди и футуристички Moto додатоци

Објавено на 14.01.2018 во Рецензија


Lenovo: Иновации, смарт уреди и футуристички Moto додатоци

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Иновации со целосно нов пристап на пазарот;
- Смарт и ефикасни технолошки решенија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Lenovo во Лас Вегас, на CES 2018 ја претстави својата визија за технолошки иновации за 2018 година. Со идејата „од џеб до дома“ е претставено цело портфолио со интелигентни иновации. 

Чекорот кон виртуелната реалност е направен со помош на Lenovo Mirage Solo и Daydream уредите, кои имаат функции за потонување во виртуелната стварност (VR). Благодарение на камерата на Lenovo Mirage и Daydream технологијата, корисниците ќе може да ги одбележат најважните животни моменти и на овој уред повторно да ги доживеат во 3D формат.

Професионалците може да го трансформираат својот начин на работа во проширена реалност (AR) со помош на смарт очилата Lenovo C220 (Lenovo C220 Smart Glasses). Овој уред за проширена реалност не бара контрола со рацете и го користи потенцијалот на самиот смартфон за извршување на задачите или тренинзите.

ThinkPad е засилен со освежената X1 линија и иновации кај сериите X, T и L. Благодарение на апликацијата Lenovo Vantage, корисниците сега може поедноставно да префрлаат податоци и поставки меѓу компјутерите.

2-во-1 уредите што може да се одделуваат, на уредот Miix 630, им пркоси на очекувањата од она што лаптопот навистина го може. Овозможува флексибилност и продуктивност на Windows 10 S лаптопот со мобилноста, иста како кај смартфонот. Базиран на Qualcomm Snapdragon 835 на мобилната Mobile PC платформа, Miix 630 има дебелина од 15,6 мм и тежина од 1,33кг, што значи дека е лесен мобилен следбеник. Поради тоа што Windows 10 S има Cortana, значи дека може да го користите гласот со цел да му пристапите на дигиталниот асистент, а биометриското препознавање на лицето може да го направите преку Windows Hello за побезбедна и поедноставна пријава за профилот.

Иновациите во склоп на X1 линијата се однесуваат на екранот, приватноста и поврзаноста. X1 Tablet сега доаѓа со 13 инчен 3K дисплеј и опциона глобална LTE-A поврзаност. На X1 Carbon и X1 Yoga уредите ќе биде овозможена Amazon Alexa со врвен екран и поддршка за Dolby Vision HDR3, со кои ќе се овозможи исклучително искуство за гледање на содржини и ThinkShutter Camera Privacy, која ја отстранува потребата за покривање на камерата со лепливи хартии. Освен тоа, со X1 Carbon имате екрани чувствителни на допир, што на корисниците ќе им даде повеќе причини за да го засакаат овој 14-инчен професионален лаптоп – со 15 часа траење на батериите.

Lenovo Thunderbolt 3 Graphics Dock овозможува да се спојат до три 4К дисплеи од персоналните компјутери на Lenovo. Така истовремено се добива панорамски преглед, зајакнување на изведбите со помош на дискретна графика и полнење на персоналниот компјутер.

Новите Moto додатоци - предизвик за девелоперите

Motorola во својот Moto Mods еко-систем има два нови додатока, смислени од девелопери преку Indiegogo повик. Додатокот Vital Moto Mod е технологија што овозможува едноставно мерење на пет витални знаци преку еден интегриран уред Moto Mod. Taka Moto Z може да се користи за мерење на пет витални здравствени показатели: брзина на отчукувања на срцето, брзина на дишење, количество на кислород во крвта, телесна температура и за прв пат точен систолен и дијастолен крвен притисок од прстот, додека Livermorium Slider Keyboard Moto Mod овозможува целосна лизгачка QWERTY тастатура и овозможува спуштање на Moto Z екранот до 60 степени.

Заклучок

Lenovo e дефинитивно компанија со поинаков пристап на пазарот, која се стреми да воведува постојани иновации со креативен пристап и многу додатоци во портфолиото со Motorola технолошки уреди. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm