Xiaomi 12S серијата воспоставува нов стандард за фотографија

Објавено на 07.07.2022 07:00 во Рецензија


Xiaomi 12S серијата воспоставува нов стандард за фотографија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Екстра перформанси во камерата, кои ја доближуваат Xiaomi 12S серијата до традиционалните камери;
+ Нов систем за соединување на повеќе фотографии во една;
+ Најновиот процесор;
+ Добра цена;

 

Negatives:

- Достапен само во Кина;



Целата рецензија

Xiaomi на глобална премиера официјално ја претстави својата соработка со Leica за новата Xiaomi 12S серија. Јасно е дека Xioami овде става акцент на квалитетот на камерата и фотографијата. 12S серијата има неколку различни фотографски системи, кои што содржат леќи од Leica Summicron и поддржуваат профили со Leica фотографија.

Камера и новитети

Xiaomi и Leica заедно креирале нов стандард за фотографија кај смартфоните, комбинирајќи го постигнувањето на Leica за оптика, обработка на сликата, квалитетни фотографии со искуството на Xiaomi при обработка на фотографиите на смартфоните. Така се создадени оптички леќи, кои што обезбедуваат ултрависока резолуција, ултрависока светлосна чувствителност и намалена дисперзија и одблесок.

Главната камера на Xiaomi 12S Ultra се одликува со 8P асферична леќа, а во модулот на камерата е има облоги на леќите против блескање, премаз со мастило на работ на леќите, цикличен олефински кополимерен материјал и филтер за инфрацрвена светлина со технологија за обложување на центрифугирање. Заедно, овие карактеристики нудат значително почиста слика.

Со специјално развиена леќа, Xiaomi 12S серијата користи и Leica фотографски профили со помош на најсовремени алгоритми. За крајниот корисник тоа значи пристап кон два фотографски стила: "Leica Authentic Look" и "Leica Vibrant Look". Двата овозможуваат поголема креативна слобода за фотографот.

Xiaomi 12S Ultra е опремен со 1-инчен Sony IMX989 сензор со имплементација на Quad-Bayer низа на пиксели со поединечни пиксели до 1,6 μm. После соединувањето на пикселите, големината достигнува до 3,2 μm, со што се намалува бучавата, се зголемува динамичкиот распон, се зголемува количината на светлоста и така се постигнува многу подобра фотографија во услови на слабо осветлување. Смартфон камерите со вакви хардверски спецификации ги достигнаа традиционалните камери.

Xiaomi истакнува дека 12S Ultra е првиот Android уред со поддршка за видео снимање и репродукција со Dolby Vision HDR. Користи HyperOIS за ултра-стабилни перформанси, нудејќи континуирана компензација за движење во текот на снимањето на видео. HyperOIS користи простор меѓу две слики за поместување на OIS моторот во својата изворна положба, овозможувајќи полн и ефикасен распон на стабилизација за секоја слика.

Xiaomi 12S и Xiaomi 12S Pro како примарен сензор користат Sony IMX707, што вклучува и голем сензор и пиксели од 1/1,28“ и 2,44 μm после соединувањето на пикселите. Со поддршка на Xiaomi AI Image Solution и Xiaomi ProFocus, овие сензори овозможуваат брзо придвижување, снимање и континуирано снимање и поддржуваат рафален начин на снимање од 30 сликички во секунда.

Xiaomi 12S серијата поддржува 10-битен RAW формат, калибриран од Adobe Labs, со мета-податоци за корекција на боите имплементирани во датотеките. Тоа ќе ја олесни оптимизацијата на фотографиите врз база на мета-податоците, овозможувајќи добра појдовна точка за постпродукција за професионалните фотографи.

Полнење и батерија

Xiaomi 12S Ultra е опремен со два чипа на Xiaomi Surge - Xiaomi Surge P1, чипсет за брзо полнење и Xiaomi Surge G1 чипсет за управување со батеријата, што му овозможува поддршка за жичено брзо полнење со 67W , брзо 50W безжично полнење и реверзибилно 10W безжично полнење.

Системот Xiaomi Surge Battery Management System содржи едно-ќелиска силиконски-кислородно анодна батерија со капацитет од 4860 mAh и Xiaomi Surge P1 чипсет за брзо полнење, кој поддржува излезна струја до 16 A со ефикасност на конверзија од 96,8%. Чипсетот за управување со батеријата Xiaomi Surge G1 нуди низа алгоритми за управување со батеријата, со имплементирани алгоритми за управување, кои ја штитат безбедноста и го следат товарот при празнењето со цел точно да се предвиди траењето на батеријата на уредот.

Xiaomi 12S Pro доаѓа со чипсет за брзо полнење Xiaomi Surge P1, жичено 120W полнење, безжично 50W полнење и едноќелиска батерија со капацитет од 4600mAh, додека Xiaomi 12S е со жичено 67 W полнење, безжично 50 W полнење и батерија со капацитет од 4500 mAh.

Хардвер

Xiaomi 12S серијата е со новата мобилна платформа Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, изработена со TSMC 4 nm процесот, додека 12S Ultra е опремен со целосно нов систем за отстранување на топлината, кој е сличен на биолошкиот механизам на листот од билката, кој може да се користи за апсорбирање на вода.

Xiaomi истакнува дека оваа тридимензионална пумпа за ладење е дизајнирана со низа канали што употребуваат капиларна мрежа за активна дистрибуција со разладни течности, кондензирани на страната, што е спротивна од топлите области. Така се зголемува ефикасноста и се зголемува топлинската спроводливост на секоја поединечна единица.

Дисплеј

Xiaomi 12S Ultra и Xiaomi 12S Pro се со вграден 6,73 инчен AMOLED екран со E5 луминесцентен материјал, што овозможува професионално ниво на детали со светлина и бои, максимална светлина до 1500 нити, 2K резолуција, P3 распон на бои и 1-120Hz AdaptiveSync Pro.

Xiaomi 12S е компактниот модел со 6,28 инчен дисплеј, поддршка за P3 приказ на распон на бои, HDR10+ и 120Hz AdaptiveSync.

Достапност

Новите смартфони на Xiaomi во моментот ќе бидат достапни само на кинески пазар, а потоа ќе се прошират и на глобално ниво. Во зависност од спецификациите на телефонот, нивната цена почнува од 570 евра за Xiaomi 12S, 670 евра за 12S Pro и 858 евра за Xiaomi 12S Ultra. Дефинитивно новата серија на Xiaomi ќе направи големи бранови на пазарот на смартфони со ваквите професионални камери, кои што се близу до квалитетот на класичните фотоапарати. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.