CAT S31: Војнички спремен за мајстори и градежници

Објавено на 25.01.2018 во Рецензија


CAT S31: Војнички спремен за мајстори и градежници

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.7


Цена
10.0


Камера
9.6


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Практично неуништив како војник на бојно поле;
- Робусен дизајн;
- Доволна големина на дисплеј;
- Отпорен на падови, прашина и вода;
- Солидни перформанси и меморија;
- Добар софтвер;
- Toolbox: Наменска продавница за градежни апликации;
- Влез за microSD картичка;
- Батерија со огромен капацитет од 4,000mAh;

 

Negatives:

- Непроменет процесор;
- Нема дојава за Android 8.0 Oreo;
- Камера само за потреба;



Целата рецензија

Робусните смартфони од Caterpillar, производителот за градежна опрема, влегува во следната рунда. Од надворешноста останува се како што е, но од внатрешната страна има неколку подобрувања. Cat S31 располага со IP68 сертификат и милитарен стандард MIL-SPEC 810G. Овој модел на телефон е буквално неуништив, кој најмногу е создаден и за оние што постојано вршат физички должности на терен или оние што планинарат постојано. Ајде да видиме подетално со што располага овој несекојдневен смартфон.

Дизајн и дисплеј

Со екран од 4.7-инчи, CAT S31 е најмалиот мобилен уред, а неговата робусност го прави голем и гломазен. Ова е типично за цврстите телефони, што секако е позитивно, затоа што се очекува многу да паѓа, а крајната цел е да не се скрши. Се разбира, смартфонот има одредена дебелина, поради што има огромна батерија под хауба. Неговата IP68 сертифицираност и MIL-SPEC 810G стандард го прави да може да се адаптира со секаква сурова средина. Телефонот е отпорен на прашина и водоотпорен до 1.20 метри длабочина и времетраење до 35 минути, а пад може да издржи од 1.80 метри височина. 

Поради неговите рабови и материјалот од којшто е изработен, невозможно е да ви се излизга од рацете и да ви падне. Тоа значи дека производителот ги преземал сите можни мерки за вашиот модерен Catphone да биде практично неуништив, како вистински војник на бојно поле. Catphone S31 располага со 4.7-инчен IPS дисплеј и резолуција од 1280x720 пиксели. Има Corning Gorilla Glass 3 заштита на предниот панел, поради што нема шанси да се уништи. При тестирањето S31 е фрлен неколку пати, дури и директно на предната страна, но немало ниту гребаница. 

Алатки и софтвер

CAT S31 располага со Qualcomm Snapdragon 210 MSM8909 процесор и Adreno 304 графичка картичка, истите што беа искористени во CAT S40. Овој процесор сепак е доволен да може нормално да функционира со Android 7.1 Nougat оперативниот систем, кој е успешно изработен од Google, за да може да се снаоѓа со секакви перформанси.

Процесорот можеби нема да може да се снајде со игрите што премногу бараат, што е нормално за неговата категорија, но со сите апликации функционира што се користат во секојдневието преде без проблем. Моделот има 2GB RAM меморија и 16GB меморија за лични податоци, што е доволен капацитет за да ги собере апликации што ги користите секојдневно. Може да користите и microSD картичка за да ја проширите вашата меморија до 128GB. 

Android има многу уреден интерфејс. Со неколку преинсталирани програми кај овој модел, Catphone ја креирал сопствената апликација Toolbox, која е отворена онлајн продавница специјално од производителот, каде сортирал повеќе наменски апликации на едно место за различни категории, се разбира, во полето на градежништвото, некое специфично занимање или спорт. Немојте да не сфатите погрешно, Google Play Store е достапен исто така и може која сакате апликација да ја преземете. Се уште немаме информации за евентуална надградба со Oreo, но без дилема сме дека во блиска иднина ќе стане достапна и надградбата.

Камера

Двете камери на S31 се истите како кај CAT S40 - 8MP задната главна камера и 2MP предната камера. Дури и во простори со слаба осветленост, главната камера прави солидни слики. Само мора раката да ви биде стабилна кога фотографирате за да немате шумови. Предната камера со 2MP најдобра би била да ја користите за видео повици, боите не се многу остри и деталите се забележуваат најмногу во повисоко осветлени услови. Со главната камера S31 може да правите подобри фотографии, особено на силна сончева светлина кога сте надвор. Предметите во центарот на сликите се акцентираат најмногу.

Батерија

Catphone има одлична батерија, што е веќе очекувано и разбирливо за ваков модел на смартфон. Градежниците и останатите мајстори што се изложени на секакви услови очекуваат долготрајна батерија, затоа што немаат услови да ја полнат на терен. Батеријата има огромен капацитет од 4,000mAh, а не само тоа предноста, туку и ефикасноста на батеријата.

Со тестирањето резултатите покажаа брилијантни 18 часа траење на батеријата, која функционирала додека телефонот бил приклучен константно со wireless LAN конекција, додека дисплејот постојано бил активен, комплет со сурфање преку прелистувачот. Ниту еден од премиум смартфоните нема ваква висока вредност на батеријата.

Заклучок

CAT S31 е мобилен уред што ветува многу, а за неговиот квалитет сведочи претходникот S40. Робусниот смартфон дефинитивно се произведува од субјект чија примарна гранка е градежништвото, па врз основа на тоа сме убедени дека никогаш нема да потфрли со квалитетот, ниту сега, ниту во иднина. Ние сме сведоци дека телефонот е неуништив со паѓањата, водата и прашина.

Тој е ценовно прифатлив уред, со добар оперативен систем и солидни перформанси. CAT S31 е солиден смартофн, чија задача е постојана активност, без одмор. Ако го купите овој телефон, купувате квалитет, издржливост со батерија и дизајн во секакви услови, цврстина, итн. Како ви се чини овој нов пробив на пазарот?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus