Motorola Moto G5S - Брзо се полни и има топ камери

Објавено на 26.01.2018 во Рецензија


Motorola Moto G5S - Брзо се полни и има топ камери

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
8.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Нема големи компромиси

- Брзо полнење

 

Negatives:

 

- Поголема неискористеност на предна површина



Целата рецензија

На европскиот пазар навистина е тешко да се најде квалитетен смартфон во средната класа кој ќе има перформанси достојни и за помоќните модели, со ниска и прифатлива цена за повеќето купувачи како и минимални компромиси во употребените компоненти. Корисниците не треба повеќе да се грижат бидејќи сметаме дека Motorola Moto G5S е токму смартфон каков што сега опишавме, достоен модел со атрактивна цена, извонредна изработка на телото, како и повеќе од прифатливи перформанси кои може да одговорат на модерните потреби на корисниците. Затоа решивме да му посветиме поголемо внимание и подетално да ги претставиме неговите можности, бидејќи можеби токму Motorola Moto G5S ќе биде вашиот следен избор за нов смартфон.

Дизајн

Motorola Moto G5S доаѓа со препознатливиот робусен изглед карактеристичен за Moto серијата и има неколку специфичности кои го прават уникатен во „океанот“ на еднолични смартфони кои ги копираат пред се Samsung и Apple. Motorola Moto G5S на корисникот ќе му даде одредена доза на автентичност, а покрај естетскиот впечаток на добро ниво е поставена и функционалноста на дизајнот со стакло на предната површина, како и алуминиумска рамка која му дава голема цврстина. Смартфонот има заоблени агли со овално главно физичко копче под екранот кое служи за активирање и вклучување на почетното мени. На задната страна внимание привлекува камерата со голем круг каде се сместени блицот и леќата. Левата страна на Motorola Moto G5S има само влез за microSD картичката, додека на десната страна се поставени леверот за контрола на звукот и копчето за отклучување на екранот, на врвот се наоѓа аудио влезот од 3,5 милиметри, а на дното влезот за USB 2.0 конекторот. 

Дисплеј

Motorola Moto G5S има 5.2 инчен дисплеј со стандарден размер од 16:9, а располага со Full HD резолуција од 1080 x 1920 пиксели, со солидна густина на сликата од 424 ppi, но со нешто понизок степен на искористеност на предната површина од која екранот зафаќа само 67.6% од целокупното тело. Причина за ова е како што веќе наведовме одлуката под екранот да биде сместено физичкото копче, додека пак на горната страна се наоѓа квалитетен звучник. Во предното копче исто така е сместен и скенерот за отпечатоци кој е многу прецизен и нуди брзи активации. Дисплејот со IPS LCD нуди доста точна репродукција на бои, има извонредно ниво на осветленост и контраст кој е пријатен за око. 

Перформанси

Motorola Moto G5S работи со осум-јадрен процесор што е многу важно за модерниот корисник кој очекува брзо активирање на апликации, непречено отворање на веб страници, како и ефикасно користење на социјалните мрежи кои се неизоставен дел за одржување контакти и забава. Токму со Motorola Moto G5S корисниците може да бидат сигурни дека ќе ги добијат овие услуги благодарение на Snapdragon 430 процесорот кој можеби не е најмоќниот во палетата на Qualcomm но, е идеално склопен за оваа класа на смартфони кои не се премногу трошачи на компјутерска моќ. Motorola Moto G5S располага и со 32 GB вградена меморија и 3 GB RAM што ќе ги задоволи сите потреби за мултимедија и складирање на фајлови и податоци, како и ефикасен мултитаскинг. Motorola Moto G5S има батерија со капацитет од 3000 mAh која комотно ќе трае околу два дена во активна работа, а предност е што може брзо да се полни, поточно за 15 минути на полнач ќе добиете најмалку 5 часа непречена работа.

Камера

За љубителите на фотографии и видеа Motorola Moto G5S има доста добро решение со главната камера од 16 мегапиксели со пристојата широка леќа со апаратура од f/2.0 која е меѓу подобрите на пазарот. Главната камера располага со фазен и автоматски фокус, има ефикасен LED блиц, а тука се и панорама и HDR режимите на сликање. За видеата може да снимате во Full HD со 30 фрејма во секунда со добар аудио квалитет со помали дисторзии. Селфи камерата има идентична апаратура од f/2.0 и 5 мегапиксели што ќе ви овозможи доста атрактивни резултати подготвени за брзо споделување на социјалните мрежи. 

Заклучок

Motorola Moto G5S според тоа што го има на хартија, како и од нашата анализа и досегашно искуство слободно може да го оцениме со висок рејтинг бидејќи како смартфон од средната висока класа е еден од подобро опремените, без забележителни недостатоци и минимални компромиси во хардверот кои не влијаат воопшто на генералните перформанси.

Motorola Moto G5S може да биде ваш сигурен избор доколку имате среден буџет од околу 250 евра, а исто така е лесно достапен и преку мобилните оператори како солуција при одбирање на смартфон за склучен двегодишен договор со пониските месечни претплати. Што мислите вие за Motorola Moto G5S?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm