Samsung Galaxy A7 (2017) - Идеален спој на цена, реноме и моќ

Објавено на 27.01.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy A7 (2017) - Идеален спој на цена, реноме и моќ

Оцени

usability
8.8


Перформанси
8.8


Цена
8.5


Камера
9.0


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Одличен сетап на камери

- Пониска цена за брендот

- Ефикасен хардвер

 

Negatives:

 

- Едноставен изглед на дизајнот



Целата рецензија

Samsung Galaxy A7 доаѓа како најквалитетниот претставник на А серијата кој засега се уште нема свој наследник во оваа класа од корејскиот бренд и се чини дека компанијата на него ќе се потпира подолго време пред да реши на корисниците да им понуди нешто обвновено. Тоа лежи врз фактот што Samsung Galaxy A7 (2017) е прилично моќен смартфон во средната висока класа со достојни компоненти кои совршено ги исполнуваат сите потреби на корисниците, а како претставник на моќниот бренд има и прифатлива цена која иако не е многу ниска е атрактивна за купувачите. Во продолжение следат повеќе детали за перформансите и карактеристиките на Samsung Galaxy A7 (2017).

Дизајн

Samsung Galaxy A7 (2017) има доста едноставен изглед со тенко тело од 7.9 милиметри, прави линии и минимална заобленост на засекот на аглите на врвот и дното со што се добива еден практичен смартфон без непотребни додатоци или елементи. Samsung Galaxy A7 (2017) има интересен избор на бои на маската во класична црна, златна и светло сина, а најизненадувачка е „праска“ бојата која е наменета пред се за женската популација. Под екранот на Samsung Galaxy A7 (2017) е сместено класичното овално физичко Home копче во кое е сместен и скенерот за отпечатоци за брзо активирање на уредот. Samsung Galaxy A7 (2017) има тежина од 186 грама и е доволно компактен со оглед на неговото големо тело. Главна предност е примената на IP68 сертификатот кој го штити од навлегување на прашина, а исто така овозможува потопување во вода на длабочина од 1.5 метри во рок од 30 минути.

Дисплеј

Samsung Galaxy A7 (2017) е најголем смартфон во А серијата со Full HD екран од 5.7 инчи и е идеален за тие кои сакаат голема површина на дисплејот за преглед на содржини како и за внес на текст, праќање на документи, мејлови и други работни задачи. Samsung Galaxy A7 (2017) располага со препознатливата Super AMOLED технологија која во одредени сценарија овозможува заштеда на потрошувачката на енергија и нуди одличен и богат израз на боите со силен контраст, како и одлично ниво на осветленост на екранот при што ќе немате никакви проблеми со видливоста на отворено под рефлексија на сончева светлина. Дисплејот на Samsung Galaxy A7 (2017) е заштитен со цврстото Corning Gorilla 4 стакло,  а овозможена е и Always-on технологијата за постојан приказ на основни информации за кои не треба да го отклучувате смартфонот за да ги прегледате.

Перформанси

Samsung Galaxy A7 (2017) работи со квалитетниот осум-јадрен Exynos 7880 процесор со Cortex-A53 технологија и работен потенцијал од 1.9 GHz, со што може навремено да ги заврши сите зададени задачи и операции, особено при работа со модерни апликации од Play Store, како и активности на социјалните мрежи. Хардверот на Samsung Galaxy A7 (2017) е опремен и со 3 GB RAM кои се сосема доволни за ефикасен мултитаскинг, со 32 GB основна вградена меморија која е доволна за складирање на многу мултимедија и податоци, има слот за microSD картичка за дополнителни 256 GB меморија, како и USB Type-C 1.0 реверзибилен конектор за брзо полнење на батеријата и брз пренос на фајлови. Одличен адут на Samsung Galaxy A7 (2017) е неговата Li-Ion мега батерија со капацитет од 3600 mAh која ќе обезбеди работа од најмалку два дена при напредно користење на уредот.

Камера

Samsung Galaxy A7 (2017) има одлична главна камера со 16 мегапиксели и што е поважно широка леќа со апаратура од f/1.9 која овозможува поголемо количество на акумулирање на светлина, еден од клучните аспекти за квалитетна фотографија и репродукција на детали покрај посебниот компјутерски чип кој ги обработува податоците за што Samsung е еден од најуспешните производители. Главната камера може да снима во Full HD со резолуција од 1080p, има автофокус и LED блиц. Селфи камерата не е за потценување со идентичен сензор од 16 MP, f/1.9 апаратура и 1080p резолуција на видео.

Заклучок

Samsung Galaxy A7 (2017) дефинитивно покажува одлични резултати за корејскиот бренд во сите понудени категории на видливоста на дисплејот, способноста на хардверот, издржливата батерија и совршениот спој на двете камери, а со цена од околу 400 евра не е премногу скап за оваа категорија на мобилни уреди. Цената секако, се должи и на реномето кое го носи Samsung, па така корисниците со Samsung Galaxy A7 (2017) ќе добијат престижен уред со многу способности. Што мислите вие за Samsung Galaxy A7 (2017) и дали тој е достојна замена за Galaxy S8 во за еден степен пониската класа?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm