iPhone 13: Одличен наследник на претходниот iPhone 12

Објавено на 24.07.2022 19:49 во Рецензија


iPhone 13: Одличен наследник на претходниот iPhone 12

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
9.0


Камера
9.8


резултат
9.7


Наши забелешки

Positives:

+ Добри перформанси за играње игри;
+ Голем дисплеј;
+ Добра цена;
+ Нов процесор;
+ Штедење на батерија;
+ Безжично полнење;
+ Брзина во извршувањето на задачите благодарение на подобрениот оперативен систем;

 

Negatives:

- Сличен дизајн со iPhone 12;
- Нема влез за мемориска картичка;
- Бавно полнење на батеријата;
- Комплициран софтвер;
- Висока цена;



Целата рецензија

Apple лансираше четири модели на iPhone смартфони: iPhone 13 Mini, iPhone 13, iPhone 13 Pro и најдобриот и најскапиот, iPhone 13 Pro Max. iPhone 13 на прв поглед се одликува со голема безбедност, а стандардната 13-ка е дефинитивно доработена верзија на стандардниот модел iPhone 12. Ајде да видиме подетално што имаме со последниот предводник на Apple.

Дизајн

Apple пренел многу сличности со дизајнот и спецификациите од претходната генерација. iPhone 13 е речиси идентичен како iPhone 12 на изглед, и покрај тоа што има минимални разлики во дизајнот. IPhone 13 е смислен како комбинација од метал и стакло со алуминиумска рамка, стиснат меѓу две стаклени плочи. Предната страна е заштитена со ќерамички штит од Apple. Рабовите на iPhone се рамни со остри агли на местото каде што металот и стаклото се спојуваат. 

Екран

iPhone 13 има 60Hz дисплеј со големина од 6.1 инч, додека Pro моделите се со 120Hz. Apple го нарекува својот дисплеј Super Retina XDR, т.е. OLED плоча со HDR функционалности, True Tone Display (автоматско поместување на балансот на белата боја) и сооднос на контрастот од два милиона наспроти еден. Резолуцијата изнесува 2.532 x 1.170 пиксели при 460ppi со 800 нити светлина. Се работи за квалитетен екран, без оглед на нивото на освежување. Ќе се уверите доколку го набавите. Сега е вистинското време за купување на iPhone 13 доколку сакате пониска цена, непосредно пред презентирањето на новиот модел iPhone 14. 

Хардвер

iPhone 13 располага со Apple A15 Bionic процесор, кој е подобар од Snapdragon 888, кој во свое време беше најдобар кај сите Android смартфони. Apple се потпира само на своите чипови за своите iPhone, iPadove и другите уреди. Годинава компанијата го претстави и A15 Bionic процесорот заедно со iPhone 13 семејството. A15 Bionic е новиот процесор со шест јадра, т.е. четири ефикасни јадра и две јадра за моќни перформанси. Четири-јадрениот графички процесор кај iPhone 13 со 4GB RAM меморија, вршат одлична работа за да овозможат брзи перформанси за овој модел, кој доаѓа со 128GB внатрешна меморија. Тој е еден од највисоко рангираните телефони за играње на игри.

Батерија

Батеријата на iPhone 13 има капацитет од 3240mAh, што е отприлика за 400mAh повеќе во споредба со iPhone 12. Има технологија за брзо полнење од 23W, што значи дека до 50% стигнува за само 30 минути или со MagSafe безжично се полни со 15W. Полначот се купува посебно, со оригинален полнач од Apple, телефонот се полни за 80 минути. Ова не е многу фасцинантно во споредба со Android смартфоните што пристигнуваат со над 60W полначи и брзо ги полнат телефоните, но она што е добро овде е тоа што процесорот штеди батерија и нема да мора често да го полните.

Камера

iPhone 13 доаѓа со двојна задна камера, со главен сензор од 12MP, ултра-широкоаголен сензор од 12MP, без “Pro” телефото објектив. Освежениот главен сензор фаќа 47% повеќе светлост од минатогодишниот iPhone 12, што е голем плус. Apple ја пренесува истата камера од 12MP од серијата iPhone 12. Фотографиите со главната и широко-аголната камера изгледаат одлично во услови на дневна светлина.

Имаат одличен приказ на боите, одлична острина и одличен фокус. Само што балансот на белите бои е искривен кон жолтата боја. Можеби тоа е трик на Apple за да ги направи фотографиите да изгледаат потопли. Тоа понекогаш може да биде и непрецизно за глетка и осветлување. Новата HDR 4 технологија на Apple е малку ублажена и ни носи помалку детали во засенетите области. 

Софтвер

Најновиот оперативен систем iOS 15 е моќен и има поддршка за виџети, што го имаше и кај iOS 14, но сега е подобрено. Управувањето со известувањата и подесувањето на истите е малку сложено, а Settings е местото кое што лесно може да го изгубите кога управувате со iPhone. Изгледа дека iOS секоја година е се повеќе комплициран, но секако има и предности. Главниот плус кај новиот оперативен систем е брзината и течното функционирање, прилагодливиот оперативен систем е корисен за управување кога се брзате, а поддршката за апликации преку App Store е одлична.

Споредба

iPhone 13 се движи по истиот пат што се движеше и iPhone 12. Со оглед на тоа што Apple веќе втората година на пазарот исфрла четири смартфони наместо три, се поставува прашањето како во сето тоа се снаоѓаат стандардните модели на уредот. Дали се исплати да се купат? Се разбира, iPhone не е евтин, но овозможува долготрајна надградба на своите смартфони. Сепак, го имате најновиот софтвер и најновиот процесор. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.