Tesla 6.2 - И Европјаните можат

Објавено на 28.01.2018 во Рецензија


Tesla 6.2 - И Европјаните можат

Оцени

usability
7.5


Перформанси
7.0


Цена
8.0


Камера
7.8


резултат
7.6


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Елегантен изглед

 

Negatives:

 

- Послаб процесор



Целата рецензија

Мобилниот бренд Tesla покажува и дека во Европа може да се водат смартфон стартапи со иновативна технологија, квалитетни иновации и прифатливи цени за сите купувачи, нешто слично како кај кинеските модели но, без огромна владина поддршка и илјадници добавувачи на делови и компоненти во радиус од 100 километри. Tesla најмногу треба да докаже дека има смартфони на кои корисниците може да се потпрат во сите сценарија и тоа полека успева да го направи со солидниот пробив на повеќе пазари. Затоа овој пат ќе го разгледаме моделот Tesla 6.2 за да видиме до каде е напредокот на српскиот производител на смартфони.

Дизајн

Tesla 6.2 како смартфон од релативно понов бренд се обидува да преземе повеќе елементи на дизајнот од познатите брендови и да покаже дека заслужува да биде дел од големото друштво, па така нуди доста елегантно тело со метална рамка и мали засеци на долната страна за антената кои се доста препознатливи за корисниците. Задниот дел од маската има специфична текстура која ја збогатува пластиката и го прави смартфонот потактилен при држење во раката. Поголем простор е издвоен над и под екранот, за сместување на стерео звучниците како и на вградените капацитативни копчиња за навигација низ Android интерфејсот. Tesla 6.2 доаѓа со избор од златна, бела и темно сина боја на маската со многу убав финиш на одблесок и естетика. 

Дисплеј

Tesla 6.2 доаѓа со нешто помал за денешни мобилни стандарди 5 инчен дисплеј и е мало изненадување со оглед на бројката која стои во неговото име. Сепак, и со овој 5 инчен IPS LCD дисплеј нуди доволно голем простор за преглед на содржини и внес на податоци за различни потреби. Располага со нешто пониска HD 720p резолуција од 1280х720 пиксели, но е доста остар со прецизен контраст и има солидна репродукција на бои, како и задоволително ниво на осветленост. 

Перформанси

Tesla 6.2 е смартфон наменет за пониските категории, па така својата хардверска моќ ја потпира на MTK процесор со Cortex A53 4+4 јадра со работен такт од 1,3 GHZ и 1,5 GHZ. Ова е добра комбинација за работа со апликации, интернет, гледање видеа и повремен мобилен гејминг, како и мала потрошувачка на енергија, но е за нијанса послабо на пример од Qualcomm Snapdragon процесорите од истата класа. Tesla 6.2 располага и со солидни 3 GB RAM за солиден мултитаскинг и брзи активации,  а има 32 GB основна меморија која е сосема доволна за сите ваши фајлови и податоци и секако може да се надополни преку microSD. Tesla 6.2 располага со батерија која има капацитет од 2850 mAh како и USB 2.0 конектор за полнење и пренос на податоци. Со овој смартфон ќе може да се поврзете на брза LTE мобилна мрежа за интернет, а нуди поддршка и за две SIM картички.

Камера

Tesla 6.2 поголеми симпатии освојува со 13 мегапикселната главна камера која има LED блиц и автофокус, а со неа може да се снимаат и HD видеа со резолуција од 1920x1080. Селфи камерата исто така е доста добра за оваа класа со 5 мегапиксели и можност за снимање на видеа од 720p резолуција со 1280x720 пиксели. 

Заклучок

Tesla 6.2 е смартфон симпатичен на око, со елегантен изглед и умешно креирана понуда за корисниците кои немаат предлабок џеб, а им е потребен ефикасен и поевтин смартфон кој ќе понуди повеќе адути со кои ќе може да функционираат во секојдневието покрај основното телефонирање и допишување. Tesla 6.2 доколку се „начека“ со некога добра понуда би можел да биде одличен избор бидејќи ги задоволува сите основни критериуми. Што мислите вие за Tesla 6.2?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus