Toyota e-Palette - Најлуда идеја за смарт возило

Објавено на 29.01.2018 во Рецензија


Toyota e-Palette - Најлуда идеја за смарт возило

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Големи можности за е-трговија

 

Negatives:

 

- Пречки во сообраќајот



Целата рецензија

Јапонскиот автомобилски гигант Toyota за време на CES 2018 саемот го претстави концептот за смарт автономни електрични возила наречени e-Palette кои се прилично фантастични барем на хартија. Toyota има визија за развој на e-Palette самоуправувачките возила за достава на храна, на пример корисникот преку мобилна апликација ќе може да си нарача пица, а смарт возилото ќе дојде до неговата локација при што ќе изврши плаќање на електронски начин и ќе си го добие производот. e-Palette возилата навистина изгледаат како да се излезени од научно-фантастични филмови, а морничаво е тоа што сличен смарт автомобил се појави во епизода на култната серија Black Mirror, но се надеваме дека Toyota повеќе ќе внимава на безбедноста во сообраќајот и нема да предизвика голем хаос.

Заедничка вожња

Засега концептот на Toyota се чини дека е примамлив и за останатите технолошки и автомобилски гиганти кои ќе му се придружат во потфатот на јапонскиот бренд со своја експертиза и know-how или барем ќе му дозволат да ги развива идеите за самата примена на e-Palette возилата. 

Така во испитувањата Pizza Hut синџирот за достава на пица ќе учествува со можност за порачка преку мобилна апликација и испорака на храната до корисниците преку Toyota e-Palette возилата. 

Планот на Uber е Toyota e-Palette да се користат на тој начин што еден патник по пат ќе може да собере и други сопатници или пак кога ќе го заврши патувањето да го препушти возилото на друг патник и така натаму. 

Исто така во потфатот ќе се вклучи Amazon што е сосема логично бидејќи на онлајн гигантот за трговија секогаш му треба нов начин на испорака на производите до своите крајни купувачи, па освен со дронови и достава по курири, испораката на нарачаните производи совршено би се вклопило со самоуправувачките возила на Toyota. 

Најневообичаена идеја е Toyota e-Palette возилата да се користат како мобилни мини хотели, односно корисниците да можат во нив и да преспијат на пример додека патуваат некаде на подолга релација или пак да најдат евтин престој за една ноќ во големите градови. 

Сите партнери на Toyota e-Palette проектот ќе може возилата да ги уредуваат согласно своите потреби и целосно да го кустумизираат ентериерот и изгледот, како и содржините. Интересно е што Toyota на своите партнери нема да им наметнува обврска да го користат нивниот софтвер за автономно возење, туку ќе им дозволи во e-Palette возилата да инсталираат нивни софтвер кој го имаат на располагање.

Безбедноста пред се

Toyota e-Palette е предвидено да започне да се применува во 2020 година како сервисно возило на спортистите кои ќе учествуваат на Летните параолимписки игри во Токио во ограничена функција, односно во средина која ќе биде многу полесно да се антиципира. За поширока примена на Toyota e-Palette возилата јапонскиот гигант истата година ќе изработи студија на изводливост за економските трошоци и перспективи за употреба на автономните возила на глобално ниво во развиените земји, како и анализа на технолошките потреби и трошоци. Дури тогаш Toyota ќе има појасна слика дали e-Palette автомобилите ќе може да се применат во реалноста и во каков капацитет, но едно е сигурно дека интерес уште сега постои. 
Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm