Huawei Mate 10 Lite: Неприкосновена камера и ниска цена

Објавено на 30.01.2018 во Рецензија


Huawei Mate 10 Lite: Неприкосновена камера и ниска цена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Брз и функционален скенер за отпечатоци;
- Голем дисплеј;
- Цврст алуминиумски дизајн;
- Ниска цена;
- Двојна камера од двете страни на телефонот;
- Огромен дисплеј;
- Квалитетни фотографии;

 

Negatives:

- Нема поддршка за безжично полнење;
- Бавно полнење на батеријата;
- Нема поддршка за 4K видео резолуција;



Целата рецензија

Huawei Mate 10 Lite е телефон од средната класа, со солидни перформанси и полесно пристапна цена. Смартфонот е изграден од цврст метал и функционира со интерфејсот на Huawei, базиран на Android 7.0 Nougat оперативен систем. Mate 10 Lite располага со двојна камера од двете страни на телефонот и многубројни режими за фотографирање. 

Дизајн и дисплеј

Mate 10 Lite е изработен од солиден метал што трае и издржлив е на падови. Кај овој модел ќе добиете впечаток дека дисплејот е голем 5.9-инчи, но може да го ракувате добро со една рака, без разлика на неговата големина. Се разбира, тоа зависи и од големината на вашата дланка. Mate 10 Lite е изработен од алуминиум и се чувствува неговата цврстина, кој е направен за да трае. Физичките копчиња за висина на звук и вклучување/исклучување се на десната страна и се навистина лесни за користење.

Како за телефон со ниска цена одлично е тоа што има скенер за отисоци на прсти и може да го отклучувате со само едно тапнување кога е на стендбај, кој функционира навистина брзо. Би сакале да го спомнеме и фактот што Huawei беше првиот иноватор за вакво еднократно тапнување на екранот за идентификација на прстот за отклучување. Под читачот на отисоци се наоѓа двојната камера. Боите и квалитетот на неговиот LCD екран е солиден. Неговата осветленост достигнува до 500 нити, што значи дека нема да имате проблем со прегледноста на силна сончева светлина.

Софтвер

Huawei Mate 10 Lite го има претпоследниот оперативен систем Android 7.0 Nougat, за кого сме сигурни дека ќе има надградба, иако досега немаше најави за надградување со Oreo. Сигурно ќе требаат 1-2 месеца додека да пристигне Android 8. Како и да е, со телефонот ќе добиете навистина солидно искуство и со Emotion UI интерфејсот, кој е многу поинаков од Material Design на Google. Emotion UI комплетно го надминува визуелниот стил на Android. Овде нема фиокар за апликации, го нема брзото мени со повлекување со прстот кон надолу. Очигледно Huawei сакал интерфејсот да биде едноставен и брз за користење.

Перформанси и батерија

Huawei телефоните функционираат одлично, а Mate 10 Lite не е никаков исклучок. Отварањето на апликациите оди како подмачкано, исто како и сите други операции, освен интензивните задачи како што се апликации со многу графика од мобилни игри.

Како што рековме погоре, Huawei знае како да изработи софтвер и перформанси, за неговите мобилни уреди да бидат навистина брзи. Под хауба Mate 10 Lite го има Kirin 659, сопствениот процесор на Huawei, 64-битен 8-јадрен со 8x Cortex-A53 јадра изработени со 16nm процесо на производство. Во комбинација со 4GB RAM меморија, и 64GB ROM меморија, имате одлична понуда. Плус опција имате за зголемување на меморијата преку microSD картичка. 

Huawei Mate 10 Lite располага со батерија со капацитет од 3,340mAh, што е просечен капацитет, но поради ефикасното менаџирање на производителот со енергијата, нема да ви недостасува поголема батерија. Со интензивно користење телефонот може да се истроши за еден ден. Можеби не е од најдобрите, но врши одлична работа. Mate 10 Lite не се полни многу брзо, за што се потребни 2 часа и 37 минути додека да се наполни до 100%. Еве како се полни:

- до 11% за 10 минути
- до 29% за 30 минути
- до 100% за 2 и 37 минути
- Нема поддршка за безжично полнење.

Камера

Камерата секогаш страда за сметка на цената кај смартфоните од средна класа, како што е на пример Huawei Mate 10 Lite. Меѓутоа, производителот тука не прави компромис и мора да биде неприкосновен со Leica камерите, очигледно сака да биде лидер во оваа област, без разлика за која класа на телефон се работи. Mate 10 Lite располага со двојни камери од предната и задната страна. Секундарната камера од двете страни, од предната и задната е со 2-мегапиксели, кои помагаат само за длабочината на објектите за Портретскиот режим.

Главната камера од задната страна изнесува 16-мегапиксели, додека горната изнесува 13-мегапиксели. Апликацијата за камерата одлично врши работа, со брзо активирање кога ќе кликнете на неа, која се кативира и со двојно притискање на копчето за намалување на звук. Апликацијата има интересни опции - со повлекување кон лево од работ на апликацијата за камерата се отвараат поставките, од кои повеќето се стандардни: timer, grid, smile capture, mute option, object tracking итн. Од десната долна страна ја имате опцијата Image adjustment, со која може да ги подесувате сатурацијата, контрастот и светлоста на сликите.

Фото ентузијастите веднаш ќе се вљубат во камерата и ќе ја цената опцијата за уредување на фотографиите пред сликање и после сликање. Кога сакате да го менувате режимот од еден на друг, едноставно повлекувате од лево кон десно во склоп на апликацијата за камерата. Имате цела листа на Pro Photo и Pro Video опции, со кои го уредувате балансот и боите.

Huawei воведел и некои кул опции како што се: Light Painting за креативност во фотографијата, фотографирање на светлосни снопови од автомобили, сликање на светлина од графити, и друго.Имате исто така и time-lapse режим и за видеа со забавени снимки. Сликите се навистина квалитетни и нема да ве разочараат. Тестирано, докажано. Нема поддршка за 4K видео резолуција, но видеата со 1080 пиксели изгледаат супер. Имаате доволно детали, кои најмногу зависат од светлосните услови. 

Заклучок

Mate 10 Lite е телефон од средната класа со цена од околу €335 во Европа. Искуството со овој модел е исклучиво позитивно, кој навистина располага со одлични перформанси, голем дисплеј и неприкосновена камера.

Изграден е без грешка со цврст дизајн и тенки рамки од предната страна, со цел да се искористи целиот преден панел за екран. Стаклото на екранот е одлично, а портретскиот режим е одличен, со брзина и точност на скенерот за отисоци на прсти. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm