Дали да се користи ограничувањето на iPhone батериите?

Објавено на 30.01.2018 во Рецензија


Дали да се користи ограничувањето на iPhone батериите?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Две можни решенија на проблемот

 

Negatives:

 

- Немање јасна анализа за последиците



Целата рецензија

Apple самиот си предизвика огромни проблеми со одлуката да не им открие на корисниците дека по одредено време на користење на iPhone смартфоните нивната батерија се „троши“ и не ги дава почетните резултати. Затоа со секоја наредна софтверска надградба почнувајќи од моделот iPhone 6 па наваму воведува ограничување на перформансите на процесорот. На тој начин се успорува работењето на процесорот на iPhone смартфонот со цел да не се трошат премногу ресурси што може да доведе до неочекувано гасење на уредот.

Фатен на дело

Практично Apple со софтверските надградби воведувал лимит на перформансите на смартфонот бидејќи li-ion батеријата има век на траење. Затоа многумина се сомневаа дека Apple намерно ги поместува перформансите на постарите смартфони со цел корисниците да бидат принудени да купат нов iPhone и да потрошат околу 1000 евра на речиси секои две години. Apple со овој скандал беше принуден да се справи дури откако беа пронајдени докази преку бенчмарк тестови со споредба на перформансите кога iPhone смартфонот е пуштен во употреба и по одредено време откако батеријата стигнала до пониско ниво на оперативност, односно тогаш се активирале безбедносните мерки кои ги „штедат“ ресурсите.

Има ли решение?

Apple за да се справи со незадоволството на корисниците најави две решенија. Првото е намалување на цената за замена на батеријата на iPhone од 79 на 29 американски долари. Така сите корисници кои имаат постар смартфон и се соочуваат со послаби перформанси може едноставно да ја заменат батеријата која ќе биде „свежа“ за употреба и ќе нема причини за активирање на гореспоменатиот софтвер.

Второто решение засега е во најава и се очекува да пристигне преку софтверска надградба на оперативниот систем iOs 11. Тоа значи дека корисниците ќе добијат известување и јасен преглед дали нивниот смартфон има батерија која работи под оптималното ниво.

На нивен избор ќе биде оставено дали сакаат да го вклучат лимитот кој ќе ги распореди перформансите, односно ќе спречи несакано однесување на батеријата и можни повремени гасења или пак, ќе решат да го користат постариот iPhone со „фул“ перформанси. Ако се одлучат на овој чекор што секако е нивно право треба да очекуваат батеријата на iPhone побрзо да се троши бидејќи со новите софтверски надградби доаѓаат и новитети кои бараат поголема компјутерска моќ за активации, па така и батеријата може да „настрада“.

Заклучок

Конечното решение го очекуваме наскоро, но проблемот е што Apple се уште нема изградено јасна анализа како софтверот делува со мерливи податоци кои ќе им овозможат на корисниците да донесат одлука базирана на факти. Затоа за почеток на нашите читатели им препорачуваме да не ја гасат опцијата за контрола на перформансите се додека не излезе подетална информација како тоа ќе влијае врз самиот уред или пак, да се решат за замена на батеријата која ќе ги чини дополнителни 29 долари на веќе платената скапа сума за купување на iPhone смартфон.

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm