Huawei Mate XS 2: Импресивен дизајн и иновации во преклопниот механизам

Објавено на 28.08.2022 08:04 во Рецензија


Huawei Mate XS 2: Импресивен дизајн и иновации во преклопниот механизам

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Huawei XD Optics технологија;
+ Неодолив и челичен дизајн;
+ Голем екран;
+ Нов механизам за преклоп Falcon Wing;
+ Стапка на освежување при допир 240Hz;
+ Екстремно брзо полнење на батеријата;
+ Одлична иновативна камера;
+ Добра цена;
+ Одлични перформанси;

 

Negatives:



Целата рецензија

Mate Xs 2 е најтенкиот телефон на преклопување во светот кој ни помага да бидеме број еден во таа област. Mate Xs 2 е совршен избор за корисници кои често работат од нозе или во движење и имаат потреба од брз пристап до е-пошта и документи. Телефонот има голем екран и затоа е практичен, а меѓу другото има и  долготрајна батерија, голема меморија и континуирано непречено користење, со што им го олеснува животот на сите корисници, истакна Ксу Донг, директор на Huawei

Дизајн

Huawei во Истанбул го претстави Мate Xs 2, кој е се потенок и полесен, но го задржа карактеристичното преклопување кон внатрешноста. Опремен е со двоен ротирачки механизам за отварање од новата генерација, наречен Falcon Wing, иновативен 7,8-инчен True-Chroma дисплеј што го преклопува и систем за камера True-Chroma od 50 MP што ја поддржува технологијата Huawei XD Optics.

Со цел да тежи само 255 g,  Huawei се пофали со употреба на иновативни лесни материјали, како што се ултратесни стаклени влакна на задната страна на телефонот и легура на титаниум, која вообичаено се користи во авијацијата, и ултратесен челик со висока јачина за неговата основна структура. Овие материјали ја намалуваат неговата тежина, но во исто време му даваат сила и го прават отпорен на кршење.

Екран

Отклучен, Huawei Mate Xs има 7,8-инчен True-Chroma дисплеј на преклопување со 424 ppi и висока резолуција од 2480 x 2200 со анти-рефлексен нано-оптички слој и поддржува стапка за освежување до 120Hz, PWM со висока фрекфенција затемнување со 1440 Hz и стапка при допир до 240Hz. Кога телефонот е преклопен, екранот станува голем 6,5 инчи.

Батерија

Huawei Mate XS 2 е опремен е со батерија од 4600 mAh која поддржува технологија за полнење HUAWEI SuperCharge од 66 W, додека системот за течно ладење со графен се грижи за подобрена дисипација на топлина. Mate Xs 2  доаѓа со вградени ултра тенки двојни стерео звучници со висока амплитуда кои работат во тандем со звучен мотор со вештачка интелигенција.

Камера

Системот на камера True-Chroma вклучува 50MP True-Chroma камера за вистинско снимање на бои, камера со ултра широк агол од 13MP што ја проширува рамката, телефото камера од 8MP за детали снимени од далечина и ултра широка селфи камера.

Технологијата Huawei XD Optics носи сосема нова технологија за подобрување на квалитетот на фотографијата. Искористување на целосниот потенцијал на XD Fusion Pro True-Chroma Image Engine, 10-канален спектрален сензор и калибрација на повеќе од 2.000 бои во целосната палета на бои P3. Треба да се истакне и селфи камерата од 10,7 MP на прената страна на уредот.

Хардвер

Со 8-јадрениот чипсет на Qualcomm Snapdragon 888 и 8GB RAM меморија, со 512GB внатрешна меморија, надградените функции Smart Multi-Window и Split-screen го олеснуваат користењето на повеќе апликации истовремено.

Заклучок

Hiawei дефинитивно отвара нова страница со преклопниот смартфон Mate Xs 2, со најмногу иновации во камерата, дизајнот и механизмот за преклопување. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.