iPhone 13 Pro: Поим за префинетост

Објавено на 30.08.2022 08:39 во Рецензија


iPhone 13 Pro: Поим за префинетост

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.0


Камера
9.9


резултат
9.7


Наши забелешки

Positives:

+ IP68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина;
+ Super Retina XDR OLED екран;
+ Известувања при заклучен екран;
+ Cinematic video mode;
+ Долготрајна батерија;
+ Добра камера со LiDAR сензор;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ајде да направиме рецензија за iPhone 13 Pro, телефон за кој што се чини дека има само мали подобрувања во споредба со претходната генерација. Дали се исплати да се купи iPhone 13 Pro?

Дизајн и дисплеј

Дизајнот на Apple iPhone 13 е исто како и кај неговиот претходник, на предната страна има камера, Face ID и други сензори кои што се намалени за 20%, овозможувајќи помал засек. Во меѓувреме на задната страна се гледа како куќиштето на камерата, каде што има три сензори на камерата. Достапен е во пет бои: графитна, златна, сребрена, сина и зелена боја.

iPhone 13 Pro има IP68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина и ново, поцврсто стакло. Големата промена кај iPhone 13 Pro е воведувањето на Apple Promotion технологијата, која што за прв пат беше воведена во iPad Pro 2017, а за прв пат сега во iPhone. Автоматски се прилагодува брзината на освежувањето на сликата, со цел да одговара на содржината на екранот. Почнува од 10Hz и оди се до 120Hz, што ќе ви овозможи одлично искуство за играње, исто како и Ultra-HD резолуцијата. 

iPhone 13 Pro располага со 6.1-инчен Super Retina XDR OLED екран, со резолуција од 2532 x 1170 (460ppi), максимална осветленост до 1200 нити, додека ProMotion е уште едно усовршување на она што е веќе добар екран, можеби не така воочлив како што Apple му го вгради дисплејот на iPhone 13 Pro, како вклучена опција. 

Хардвер

A15 Bionic процесорот го покренува iPhone 13 Pro, но станува се потешко да се забележи како брзината се зголемува со текот на новите генерации. Apple е нејасен во однос на тоа како навистина подобрувањето може да се види во споредба со претходните модели, а според тестирањето на независните аналитичари, утврдено е дека телефонот е само за 15% побрз во споредба со претходниот iPhone 12 Pro, кој пак, е со A14 Bionic процесор.  Моделот доаѓа со  128/256/512GB/1TB меморија, за која што можете да одбирате. 

Камера

Apple се фокусирал за добро искуство со iPhone 13 Pro, овозможувајќи нови начини на фотографирање, филтри и видео опции. На задната страна има три сензори за камерата, блиц и LiDAR сензори. Сите три сензори имаат резолуција од 12 мегапиксели, овозможувајќи три различни опции за снимање: ултра-широко, стандардно широко и телефото зум. 

Комбинацијата од сето ова овозможува 6x зумирање: оптички гледано, телефото е само 3x, додека зумирате преку различни објективи, несвесни сте дека го менувате системот на камерата додека тоа го правите. Резултатите од камерата со фотографиите се импресивни, а сликите се остри и детални. 

Батерија

iPhone 13 Pro испорачува околу 1.5 часа подолго траење на батеријата во споредба со претходникот, а телефонот може да се наполни до 50% за само 30 минути, ако користите опционен адаптер од 20W, тоа е нешто побавно кога го користите MagSafe полначот од 15W.

Според наше искуство, траењето на батеријата е добро, а вообичаените виновници како што се 5G, 4K видеото, игрите и апликациите на социјалните мрежи и понатаму ја цедат батеријата. Целодневно фотографирање и снимање ја остава батерија та на 10%. Со 5G се троши и уште побрзо. Овој модел располага со полнач од 20W и 1.5 часа подолго полнење на батеријата од iPhone 12 Pro.

Софтвер

Apple iPhone 13 Pro функционира со iOS 15, кој е достапен за сите iPhone уреди, постојат неколку дополнителни функции за iPhone 13 серијата, кои што нема да ги најдете на постарите модели, како што се Cinematic video mode и фотографските стилови во апликацијата за камерата.

Ние сме позитивно изненадени од известувањата што се појавуваат при заклучен екран и колку брзо можете да се навикнете за URL лентата на Safari прелистувачот што брзо се појавува. 

Заклучок

Изгледа дека Apple само малку ги променил своите iPhone модел од 13-та серија, отколку што направил коренити промени. Се разбира, како што велат, iPhone си е iPhone. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.