Како Google ќе ја порази Alexa на Amazon?

Објавено на 31.01.2018 во Рецензија


Како Google ќе ја порази Alexa на Amazon?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Разгорената конкуренција ќе донесе подобри производи

 

Negatives:

 

- Еднострана стратегија на Amazon



Целата рецензија

Google се подготвува годинава за голема битка против технолошкиот гигант Amazon на полето на вештачка интелигенција за лична употреба со нова стратегија која предвидува активирање на смарт помошникот Google Assistant на сите можни електронски уреди, од смартфони, смарт звучници па се до смарт слушалки. 

Практично Google посакува нивниот дигитален паметен асистент да биде дел од секојдневието на корисникот и да не биде ограничен само на смарт звучниците за домашна употреба кои стануваат нова атрактивна категорија на производи, а се започнати со еден многу едноставен концепт. Тоа е Bluetooth за слушање музика, но со се поголем број на нови и дополнителни функции, од добивање на информации за временската прогноза, вести од интернет, пребарување со гласовни команди, па се до идеалната замисла за целосна гласовна контрола над сите уреди во домаќинството.

Нема YouTube за „Амазонците“

Google првиот удар во рингот го зададе со одлуката да ја повлече YouTube апликацијата од смарт звучникот со екран Amazon Echo Show поради наводно непочитување на правилата што било на штета на корисниците кои не добивале целосна услуга. Всушност, Google направил добра проценка дека се повеќе на смарт звучниците кои имаат екрани ќе се гледаат видеа на YouTube па затоа и сака да си ја заштити територијата. 

Google и пријателите

Следен доста мудар чекор на Google е да го искористи партнерството со Android производителите кои со големо задоволство ги користат софтверските услуги на гигантот, а изработуваат и често специфичен хардвер за неговите потреби. Во таа насока Google ќе соработува со Lenovo, Sony, LG и брендот за аудио опрема и додатоци JBL. 
Lenovo веќе го најави својот прв смарт звучник со 10 инчен екран Lenovo Smart Display кој има многу симпатичен дизајн, работи со помош на Google Assistant софтверот и ќе чини 199 долари. За споредба Amazon Echo Show кој има 7 инчен дисплеј и неинветивен дизајн чини 229 долари. Исто така во производството на хардверот засега е осамен и Amazon нема надворешни партнери и нема најави дека тоа ќе се промени. 

Google Assistant од смарт звучници до автомобили

Како што веќе наведовме Google го направи смарт асистентот достапен за сите видови на Android уреди од смартфони, таблети, смарт часовници, безжични слушалки, како и употреба во автомобилите со Android Auto системот. Возачите кои го имаат инсталирано Android Auto ќе може преку Google Assistant да активираат гласовни команди за преслушување на песни, контрола над повици и пораки, како и добивање на информации за навигација. 

Заклучок

Со сите овие бројни уреди се повеќе се стеснува можноста за пробив на Alexa вештачката интелигенција која стои зад смарт гласовните уреди на Amazon и тука е се поизвесно дека Google ќе успее да ја одржи предноста освен ако Џеф Безос не преземе нешто радикално и храбро. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm