Honor Magic 4 Lite: Еден од најголемите екрани на пазарот

Објавено на 31.08.2022 16:15 во Рецензија


Honor Magic 4 Lite: Еден од најголемите екрани на пазарот

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

+ 5G технологија;
+ Моќен хардвер;
+ Технологија за брзо полнење;
+ Голема батерија
+ Голем екран од 120Hz;
+ Прифатлива цена;
+ Силиконска футрола;
+ Голема резолуција на задната камера;

 

Negatives:

- Нема влез за мемориска картичка;
- Нема поддршка за 4К видеа;
- Нема стабилизација и автофокус на сликата;
- Стар софтвер;



Целата рецензија

Во средно-ниската категорија на смартфони има многу конкуренција. Околу уредите од овој ранг, пресудни се ситници, затоа што цените се слични. Некои бараат подобар процесор, некои камера, некои сакаат поголем екран, а многумина размислуваат за best buy уреди, што нудат најдобар сооднос на цената и квалитетот. Honor така го претстави Magic 4 Lite. Ајде да видиме што нуди производителот. 

Еден од најголемите екрани

Она што на прв поглед јасно се гледа е дека Magic 4 Lite е голем телефон. Неговиот екран изнесува 6,81 инч, изгледа одлично на прв поглед и има силиконска футрола заедно со кутијата кога се испорачува во комплет, со цел да се спречи излизгување од рацете. Magic 4 Lite има LCD екран со резолуција од 1080x2388 пиксели и фреквенција на освежување од 120Hz, така што се што ќе работите на него ќе биде брзо. 

Хардвер

Под хауба има Qualcomm Snapdragon 695 5G процесор, кој е одличен за секојдневно користење и играње на видео игри. Имате и 5G технологија за брзо сурфање. Благодарение на работната меморија од 6GB, а има и верзија со 8GB, дефинитивно ќе имате телефон со голема брзина.

Внатрешната меморија од 128GB ќе ви овозможи да ги снимате сите слики и видеа што ви се потребни за убави спомени. Телефонот нема влез за мемориска картичка, така што ќе мора да користите некое cloud решение за меморија.

Батерија

Покрај екранот, солидниот процесор, Honor Magic 4 Lite има и солидна батерија и брзо полнење. Капацитетот на батеријата изнесува 4800mAh и со интензивното користење, би требало да издржи цел ден, додека оние што не поминуваат толку време со мобилен телефон во раката, овој смартфон ќе може да го поврзаат со полначот после 1,5 ден или 2 дена. 

Honor Magic 4 Lite има поддршка за брзо полнење од 66W и доволни се само 15 минути за полнење, додека батеријата да се наполни до 50%. До полн капацитет може да стигне за 43 минути. Се отклучува со погледот и со поставувањето на прстот на сензорот, сместен на бочната страна на телефонот, интегриран во типката за вклучување и гасење на уредот.

Камерата може и подобро

Задната камера на Honor Magic 4 Lite се одликува со кружен модул со три сензори и блиц, кои би можеле да укажат на тоа дека станува збор за сериозен камерман, а во пракса се покажува дека ако го барате уредот првенствено за фотографирање, Magic 4 Lite веројатно нема да биде на врвот на вашите желби. Од три задни камери, само главната е со резолуција од 48MP. Вториот сензор за длабочина на деталите изнесува 2MP и третата е макро камера од 2MP, која што нема оптичка стабилизација и автофокус. Но, не треба премногу да се очекува од нив.

Што се однесува до квалитетот на главната камера, можеме да кажеме дека сликите се просечни. Повеќето корисници ќе бидат задоволни со фотографиите снимени во добри светлосни услови, додека за ноќни фотографии секако треба да се активира ноќен режим. При снимањето на ноќни фотографии, рацете треба да ви бидат мирни и малку да почекате за видео. Треба да се спомне и дека телефонот само привремено давал известувања за мирната рака и при снимањето на дневни фотографии, и дека нема поддршка за снимање на 4K видеа.

Екранот како главен адут

Со оглед на тоа што станува збор за ценовно прифатлив уред, јасно е дека Honor некаде морал да направи компромис и да заостане во некои опции. Уредот нема IP сертификат за заштита од прашина и вода, има само еден звучник од долната страна на телефонот, без стерео звук, и ја има постарата верзија на оперативниот систем од Google.

Magic 4 Lite се испорачува со Android 11, но од Honor најавија дека со текот на времето ќе стане достапна и Android 12 верзијата. Телефонот нема ниту 3,5мм џек за слушалки, што можеби и не е толку важно, но важно е тоа што има адаптер со кабел за полнење и силиконска маска за заштита. 

Заклучок

За сите оние што големината на екранот е важен аспект при одбирање на телефон, Honor Magic 4 Lite сигурно ќе им биде привлечен , при што ќе бидат задоволни и со брзината на работа на телефонот, брзото полнење и поддршката за 5G. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.