Lenovo ThinkPad X1 Fold (16): Преклопен лаптоп, вреден за вашето внимание

Објавено на 25.10.2022 18:09 во Рецензија


Lenovo ThinkPad X1 Fold (16): Преклопен лаптоп, вреден за вашето внимание

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
9.0


Камера
9.1


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

+ Преклопен дизајн на таблет;
+ Голем екран;
+ Тенок дизајн;
+ Батерија што трае до 28 часа со работа;
+ OLED дисплеј;
+ Walk-away-lock опција;

 

Negatives:

- Висока цена;



Целата рецензија

Lenovo за време на IFA саемот во Берлин ја најави новата генерација на својот преклопен уред ThinkPad X1 Fold. Lenovo ја претстави првата верзија уште во 2020 година, а во минатите две години, уредот доби нови перформанси и дополнителни подобрувања.

Дисплеј

Како што истакнуваат за време на претставувањето, ThinkPad X1 Fold е дизајниран со цел истовремено да биде таблет со голем екран и компјутер. Истакнуваат дека се работи за најлесниот 16-инчен деловен екран на светот. Иновативниот дизајн овозможува за 22% поголем 16-инчен OLED екран на преклоп, 25% потенко куќиште и тенки рабови со заден панел, изработен од 100% рециклиран тенок материјал.

Новиот ThinkPad X1 Fold е опремен со Intel vPro, дизајнот на Intel Evo од 12-та генерација е со Intel Core i7 процесор и Intel Iris Xe графика. За меморијата е задолжен SSD дискот до 1TB меморија и мемориска опција до 32GB LPDDR5. 

Хардвер

Со уредот се нуди и опционална ThinkPad тастатура со целосна големина со позадинско осветлување, TrackPoint и TouchPad, која што функционира заедно и посебно од компјутерот, во зависност од начинот на работа. Тастатурата може магнетски да се прицврсти на долната половина за начинот на работа како класичен лаптоп, овозможувајќи искуство со целосна изведба на 12-инчен лаптоп.

Батерија

Новиот лаптоп на Lenovo пристигнува со батерија што може да издржи дури 28 часа со работа. Ултра-светлиот преклопен OLED екран од 16,3 инчи со сооднос од 4:3, овозможува можност за портретен, хоризонтален и преклопен начин на работа. Може да се конфигурира со дополнително магнетно пенкало, што користи Wacom протокол.

Дизајн

ThinkPad X1 Fold има тесни рабови од 10мм кога е склопен, или 8,6мм кога е расклопен. Во зависност од начинот на работа што корисникот ќе го одбере, со него управува интуитивниот интерфејс Mode Switcher. Така се добива 13-инчен екран на лаптопот, кој во комбинација со тастатурата овозможува работа како на вистински компјутер. Треба да се истакне и начинот за читање, кој што овозможува да се читаат книги или документи на преклопениот 16-инчен екран.

Софтвер

Спомнатата тастатура ја вклучува неодамна претставената апликација TrackPoint Communications Quick Menu, која што овозможува брз пристап кон функциите на камерите и микрофонот. Достапни се три USB Type C приклучоци, вклучувајќи два Intel Thunderbolt 4 приклучоци, така што секогаш се најмалку два достапни во било кој начин на работа. Истиот принцип вреди и за звучниците и микрофоните со инсталирани три Dolby Atmos звучници, од кои двата се секогаш активни за да го зачуваат стерео звукот. Вградени се два двојни микрофона, од кои едниот е активен во зависност од начинот на употреба, со Dolby Voice оптимизирачките перформанси на микрофонот и звучникот.

Со цел дополнително да ја нагласи предноста на уникатниот дизајн од новиот ThinkPad X1 Fold, од Lenovo истакнуваат дека лансирале подобрена верзија на Intel Visual Sensing Controller (Intel VSC), чип со вештачка интелигенција, кој што обезбедува беспрекорно искуство, без оглед на тоа како корисникот го користи уредот. Intel VSC автоматски управува со камерата, така што применува зголемено хоризонтално видно поле од 75 степени, користејќи Windows 11 автоматско кадрирање. Опцијата за „будење“ на уредот автоматски го препознава корисникот и веднаш го покренува системот, а во комбинација со Windows Hello - нуди и најава без допир.

За дополнителна сигурност и приватност, опцијата „откривање на несакан набљудувач“ го известува корисникот за непознат набљудувач, а сето тоа се случило со оглед на тоа што неговите податоци остануваат приватни. Walk-away-lock опцијата знае кога корисникот го напушта и заклучува својот систем и на тој начин спречува непосакуван пристап. Intel VSC користи смарт сензори за оптимизација на поставките на екранот, така што ја намалува стапката за освежување на екранот врз основа на видот на содржина и го користи паметното затемнување на уредот за заштеда на енергија, кога корисникот не е активно во контакт со екранот.

Заклучок

Создавањето на првиот персонален компјутер со преклопен екран во светот беше голем технолошки предизвик. Подобрувањето на тоа е вистинско постигнување. Сакаме новите генерации на ThinkPad X1 Fold да бидат мерило за врвната продуктивност, креативност и уживање“, изјави Џери Парадајс, потпретседател на Commercial Product Center, Intelligent Devices Group, Lenovo

Се уште нема информации кога и за колкава цена би бил Lenovo ThinkPad X1 Fold достапен во Македонија. Се очекува од ноември 2022, да стане достапен само во САД за почеток, за цена од 2.500 долари.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.