Lenovo K8 Plus - Што нуди повеќе?

Објавено на 24.02.2018 во Рецензија


Lenovo K8 Plus - Што нуди повеќе?

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
8.5


Камера
8.5


резултат
8.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Елегантен изглед

- Прифатлива цена

- Издржлива батерија

- Квалитетна камера

 

Negatives:

 

- Поголемо тело



Целата рецензија

Lenovo вложи многу труд да ја издигне К серијата која доцна есента доби голема надградба со дури три нови модели кои направија скок за цела генерација и донесоа одличен квалитет, перформанси за почит, како и многу прифатливи цени кои се лесно достапни за поширока маса на купувачи. Основниот модел Lenovo K8 веќе го разгледавме при што добивме одлични впечатоци, па затоа многу не интересира што повеќе може да понуди Lenovo K8 Plus моделот кој е за нијанса поскап. Затоа да видиме кои се клучните карактеристики на Lenovo K8 Plus и зошто тој би бил подобар избор.

Дизајн и функции

Plus нема големи разлики во изгледот како и останатите два модела од К8 серијата на Lenovo па така се истакнува со одлично тенко тело со милиметри, има фина метална прекривка кој дава висок степен на заштита од можни удари и спречува поголема штета освен што ќе претрпи некоја гребнатинка. Lenovo K8 Plus е еден од најелегантните смартфони на оваа компанија и е доста модерен, па така со него ќе бидете дел од трендот. Нешто поголем простор зафаќа долната лента под екранот каде се сместени вградените копчиња за навигација низ менито, а странично се наоѓаат леверот за звук, влезот за SIM и microSD картичките. На задната страна се наоаѓа скенер за отпечатоци во кружна форма кој е многу практичен и брз за активирање на уредот, како и за воспоставување на безбедносен параметар. Двата засека на горната и долната страна на задниот дел од маската исто така придонесуваат за повпечатлив изглед.

Дисплеј

Lenovo K8 Plus доаѓа со нешто поголем 5.2 инчен дисплеј со кој овозможува солидна површина за преглед на содржините од различен вид, а со Full HD резолуцијата од 1080 x 1920 пиксели нуди одлична слика со голема острина, силни и убаво изразени бои, прецизен контраст кој нуди одличен фокус на детали и прилично висок степен на осветлување па така ќе немате никакви поголеми проблеми со рефлексија на сончева светлина во текот на денот на отворено. Предната страна заедно со екранот е заштитена со Corning Gorilla 3 стаклото што гарантира добар степен на заштита од гребнатинки. 

Перформанси 

Lenovo K8 Plus како смартфон со пониска цена своите перфоманси на хардверот целосно ги потпира на осум-јадрениот Mediatek MT6757 Helio P25 процесор. Вообичаено Mediatek процесорите покажуваат послаби резултати од Qualcomm, но Helio серијата на чипсети е нешто подобра и дава гаранции дека корисницикот ќе има пријатно искуство со Cortex-A53 64 битна технологија. Смартфонот има 32 GB основна меморија која може да се надополни преку microSD картичка со уште 256 GB, а има избор на модели од 3 и 4 GB RAM за мултитаскинг и непречена активност. Lenovo K8 Plus преку Dolby Atmos стандардот има пријатен и прецизен звук, но не доволно силен звучник, ниту аудио аутпут. Батеријата на Lenovo K8 Plus има висок капацитет од  4000 mAh што гарантира голема активност во текот на денот, како и вишок енергија за следниот ден.

Камера

Двојната главна камера е главната предност на Lenovo K8 Plus кој има двоен сензор од 13 MP + 5 MP, со солидни f/2.0 леќи. Главната камера има двоен LED блиц што е одлично  за ситуации со ниска осветленост, има HDR и PNR и овозможува пристоен квалитет на слики особено на пејсажи при висок степен на сончева светлина во околината. Селфи камерата од 8 мегапиксели е вистинско откровение на Lenovo K8 Plus бидејќи има неверојатно квалитетен софтвер кој дава максимално добри резултати во секоја пригода, опција која сигурно ќе ги израдува тие што често се на социјалните мрежи.

Заклучок

Lenovo K8 Plus е доста солидно изработен смартфон кој се истакнува со металната рамка, елеганцијата, дисплејот со висока резолуција, хардверот кој дава максимум за понудената цена, нови технологии и одлично оптимизиран Android Nougat оперативен систем. Кога ќе се соберат сите предности на Lenovo K8 Plus малку останува што може да се искритикува, па така со понудената цена од околу 300 евра без склучен договор е меѓу поисплатливите смартфони на пазарот. Што мислите вие за Lenovo K8 Plus?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Телефони.мк
Author Image
Телефони.мк е веб портал кој што постои од 2007.



 
Најнови телефони
 
  • iPad 9.7 (2017)
  • Gear S
  • Gear S2 3G
  • Gear S2 classic 3G
  • Galaxy Tab S2 9.7
  • Galaxy Tab S2 8.0
  • Galaxy Tab 4 10.1 (2015)
  • Galaxy Tab E 9.6
  • Galaxy Tab 3 V
  • Galaxy Tab A 9.7 & S Pen