Професии што тотално ќе се трансформираат во следните 10 години

Објавено на 30.10.2022 15:19 во Рецензија


Професии што тотално ќе се трансформираат во следните 10 години

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Вештачката интелигенција се повеќе го заменува човекот;
+ Машините автоматски собираат податоци од теренот наместо човекот;
+ Самонаплата во супермаркет;
+ Лесна и брза уплата преку апликација за банка, без потреба од одење на лице место;

 

Negatives:



Целата рецензија

Во следните 10 години ќе се променат одредени професии, кои што ги работат дури 1,2 милијарда вработени низ цел свет. Поради сето добро што интернетот и развојот на технологијата ни го овозможуваат, 50% од глобалната економија ќе се промени.

1. Возачи на такси.

Многумина остануваат во оваа професија цел свој живот. Работата е идеална за оние што сакаат возење и предизвици на патиштата и се одлични во комуникација со луѓето. Едноставно проценуваат кој е за лежерен разговор во текот на возењето, кој е за длабоки теми на разговор, а кој и воопшто не сака да разговара.

Таквите возачи на такси возила никогаш не остануваат без работа, затоа што клиентите со нив се задоволни, а ако сакаат да возат, може да го прават тоа и цел ден, без потреба од преквалификации во таа работа, се до пензионирањето. Технологијата несопирливо овозможува развој на автономни возила, кои што би можеле да ја остават оваа професија во историјата. Развојот на автономните возила започна уште во 80-те години на 20 век, и тоа во воената индустрија.

2. Каса за наплата.

Касата за наплата во супермаркет со самопослуга е веќе присутно во цел свет. Самонаплата веќе има низ цел свет, иако не се целосно заменети луѓето на каса, туку сите супермаркети ги имаат двете опции. Изгледа дека самопослугата е многу добро прифатена, затоа што редиците за самонаплата се најчесто пополнети.

3. Вработени на шалтер.

Во држава со документација, штембил и печат е речиси незамисливо за технологијата да ги замени шалтерите, но дефинитивно одиме во таа насока. Пред само десет години, човекот ни беше потребен за бирократија, но денес тоа веќе не е така. Кога ќе ја погледнеме услугата на банка, повеќето може од далечина да реализираат уплата.

Мобилната банкарска апликација овозможува едноставен трансфер на пари, достапни се сите потврди што ги издаваат од банка, а може да подигнувате и потрошувачки кредити со неколку клика. 

4. Работа во земјоделството

Земјоделството е уште една гранка во економијата, во кое што со механизацијата се губат работни места. Одамна поминаа времињата во кои што се се работеше рачно. Најголемиот исчекор што ги менува работните места во земјоделието, се видливи во вид на механизација. Веќе одамна имаме сензори за квалитетот на земјата, сензори за мерење на влажноста на земјата. Беспилотните летала, т.е. дроновите денес продуцираат прецизна слика од воздухот, од кои што може да се види во каква состојба е културата со голема површина, дали родот е нападнат од натрапници и дали недостига вода.

5. Работа што може да биде заменета од вештачка интелигенција.

Уште од 2016 година, светот е восхитен од презентацијата со првиот хуманоиден робот, популарната Sophia. Тоа е првиот не-човек на светот, официјален државјанин на Саудиска Арабија. Sophia има голем број на интервјуа пред јавноста уште од првиот ден на нејзиното презентирање пред јавноста. Таа имала бројни изјави со сопствен став, гостуваше во емисијата на CBS - „60 Minutes with Charlie Rose“ и „Good Morning Britain“ со Пирс Морган, а имала и безброј интервјуа во Forbes, Mashable, New York Times, Wall Street Journal, Guardian и емисијата „Tonight Show Starring Jimmy Fallon“.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.