Какви телефони употребуваат најопасните криминалци?

Објавено на 14.03.2018 во Рецензија


Какви телефони употребуваат најопасните криминалци?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Апсолутна безбедност;

 

Negatives:

- Безбедноста на криминалците како недостаток;



Целата рецензија

Пред неколку години се зборуваше за големата популарност на старите Nokiа телефони кај криминалците, затоа што немаат Wi-Fi конекција. Обичните мобилни телефони не користат апликации и затоа е потешко да се следат. Тоа значи раат и мир за криминалците, кои извршуваат важни повици и потоа ги уништуваат. 

Изгледа дека криминалците веќе немаат стари модели на телефони, туку поседуваат модифицирани модерни смартфони. На тој начин си обезбедуваат безбедна комуникација, со цел полицијата да не може да ги следи и шпионира. Една од компаниите што се занимава со такви модификации е Phantom Secure. Основачот на истата компанија, Винсент Рамос, неодамна е уапсен, а минатата недела во јавноста протекоа детали за неговата компанија и начинот на нејзината работа.

Според ФБИ, компанијата на Рамос е основана исклучиво со цел да им биде од полза на криминалците. На тој начин ги модификувале смартфоните како што се оние на BlackBerry и Android, од кои ги ваделе камерите и микрофоните, GPS навигацијата и ги отстранувале класичните апликации за комуникација и прелистувачите на интернет страниците. Така тие инсталирале и апликации наменети само за комуникација преку безбедносните мрежи.

Телефони за криумчарење дрога

Една од таквите апликации е Pretty Good Privacy (PGP), која овозможува испраќање на криптирани пораки и ги насочува преку серверите во странство. Сите модифицирани телефони имаат и функција за бришење од далечина. Што значи тоа? Ако телефонот падне во рацете на полицијата, криминалците ќе може да ја избришаат цела содржина од телефонот, во момент кога физички се оддалечени од истата локација.

Вака е намалена можноста за прислушкување и следење од страна на полицијата, а нивните услуги ги користеле бројни криминалци од Куба, Венецуела и Мексико, вклучувајќи ги и членовите на злогласниот картел од Sinalo и моторџиите Hells Angels. 

ФБИ тврди дека Phantom Secure продал околу 20 илјади вакви телефони, со што заработиле милион долари. Всушност, основачот на Phantom Secure бил уапсен откако полицијата лажирала луѓе со идентитети, преправајќи се како дилери на дрога, за да купат модифицирани уреди. Поради тоа некои прикриени агенти имале средба дури и со основачот на компанијата, Рамос.

Комуникацијата со нив покажува дека оваа компанија модифицира уреди за криминалците и преку истите безбедно може да се испраќаат пораки и да се договорите за достава на дрога и слично, без никаков страв од полициско следење и шпионирање. Во разговор со еден прикриен агент, за кого се мислело дека е дилер, Рамос рекол дека телефоните се направени специјално за криумчарење на дрога. Во случајот со Рамос, полицијата има и сведоци – неименуваниот бивши член на картел од Sinalo, кој признава дека неговата екипа во криумчарењето на 5 килограми кокаин, користела уреди од Phantom Secure

Ова е дефинитивно голема работа со смартфоните од Phantom Secure. Телефоните на кои им се одземаат сите можни функционалности за следење се одлични за безбедноста на корисниците. Од друга страна, бизнисмените заработуваат одлично од нарко картелите за дрога, што има сепак лошо влијание и радикално го кршат законот.

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus