Која е улогата на „хардверскиот паричник“ за криптовалутите

Објавено на 19.03.2018 во Рецензија


Која е улогата на „хардверскиот паричник“ за криптовалутите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Хардверскиот паричник побезбеден;

 

Negatives:

- Софтверскиот паричник полесен за пробивање;



Целата рецензија

Ако сакаме да користиме криптовалути, мора да имаме дигитален паричник. Тој може да биде софтверски, во форма на група фајлови на нашиот компјутер или телефон или хардверски како специјален уред што можеме да го поврзуваме на нашиот уред. Освен хардверските паричници што се поврзуваат преку USB влез, се повеќе популарни се оние што се поврзуваат бесконтактно, односно со користење на NFC (Near Field Communication) технологија.

Дигиталниот паричник, исто како и класичниот, ги чува нашите пари, со тоа што дигиталниот паричник има уште некои функции како што се чување на криптографските  клучеви. Порано спомнавме дека чувањето на паричник на нашиот уред е релативно небезбедно, без разлика дали се работи за компјутер или во полош случај, мобилен телефон.

Хардверскиот паричник е нешто сосема друго. Во основа се работи за прилагоден HSM (Hardware Security Module) уред, специјално дизајниран со намена за извршување на криптографски операции во заштитено опкружување, како и дека безбедно ги чува сите криптографски параметри, вклучувајќи ги и клучевите, кои се неопходни за пристап кон дигиталната валута.

HSM е уред со улога за предвремено препознавање на насилнички софтверски или хардверски пристап кон заштитена околина - tamper evident. Во тој случај уредот реагира така што ја брише содржината што ја чува, така што никој освен овластен корисник не може да пристапи со криптографски клучеви. Многу HSM системи имаат средства за безбедносно правење на резервни копии на клучеви, со кои се ракува екстерно преку друг токен.

Поради клучната улога што ја играат во користењето на биткоините, HSM модулот, односно хардверски дигиталниот паричник е реализиран според FIPS (Federal Information Processing Standard) стандардот. Притоа се користи моментално највисокиот стандард - FIPS 140. Тешко е да се каже дека некој уред е апсолутно безбеден, но хардверскиот „digital wallet“ е секако најблизу до тој идеал. Како и секој друг хардверски уред, така и HSM има свој firmware софтвер, за кого поединечни корисници сметаат дека е backdoor за пристап кон заштитени содржини. Тоа засега останува во домен на шпекулациите.

Некои од повеќе популарните хардверски паричници на пазарот се: Pi Wallet, Trezor The Bitcoin Safe, Ledger HW.1, Ledger Nano, Ledger Unplugged - NFC Smartcard Hardware Wallet, Bwallet Trezor clone, Digital Bitbox, Ledger Nano S, Swiss Bank in Your Pocket и многу други. Цените варираат од 50 евра, па се до 120 евра, во зависност од производителот, како и начинот на купување и достава. Поради големата побарувачка, се појавуваат и нови производители, додека сите заедно тешко успеваат да ги задоволат барањата на пазарите во поглед на количините на производите. 

Заклучок

Користењето на хардверските паричници за биткоини е неспоредливо побезбедно, отколку користењето на софтверски паричници. Софтверскиот паричник е релативно лесен за хакерско пробивање, додека на хардверскиот паричник не може да му се пристапи дури и ако биде украден, затоа што е потребно да се знаат пристапните параметри. Користењето на хардверскиот паричник е препораката што ви ја упатуваме. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm