Што со вашите биткоини после смртта?!

Објавено на 23.03.2018 во Рецензија


Што со вашите биткоини после смртта?!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Предност со оставање на биткоини во наследство;

 

Negatives:

- Не постои закон за оставање наследство на биткоини;
- Нема можност за докажување на сродство за наследување на криптовалути;



Целата рецензија

Ако поседувате виртуелни валути, дали би можеле да се наследат после смртта? Ако ја прашате фамилијата на Метју Муди од Калифорнија, тогаш може. Метју бил еден од најпрвите рудари за криптовалути, односно биткоини. Тогаш за рударењето не била потребна специјална опрема, десетина графички картички и сопствена електрана во подрумот.

Што се случило во меѓувреме? Метју починал пред пет години, а зад себе ги оставил ископаните биткоини. Како што вредноста на биткоините растела, така и неговото семејство посакало да ги преземе тие биткоини. 

Може ли да се наследат биткоините?

Таткото на Метју, Мајкл Муди, се обидел да провери колку биткоини оставил неговиот син, но без клучот со кој се пристапувало кон виртуелниот паричник, тоа била невозможна мисија. Проблемот е што не постои никакво правило, што би регулирало што ќе се случува со биткоините, или било која друга криптовалута, после смртта на сопственикот.

За разлика од нив, до класичните пари во банка може да се дојде и после смртта на сопственикот ако докажете дека сте наследник. Во случај на биткоини, не постои централизирано тело што би ги решавало таквите проблеми. Тоа би можело да биде и предност и недостаток на криптовалутите, зависи за кого како... Класичните правни тела исто така не знаат како би го решиле овој проблем. Тоа ќе биде едно од прашањата со кои ќе мора да се позанимаваат законодавците доколку сакаат во иднина да ги регулираат криптовалутите и нивното користење.

Постои начин, но...

Берзите што се занимаваат со трговија на криптовалути размислуваат за воведување на безбедносни механизми, кои би биле активирани после смртта на сопствениците на сметките, кои истовремено би им овозможиле на наследниците да дојдат до тие криптовалути. Така биткоините не би завршиле на буниште.

CoinBase затоа отвориле старателска услуга, која ги чува приватните клучеви на корисниците. Тоа се тие клучеви без кои би било невозможно да се пристапи кон корисничката сметка, односно дигитапниот паричник. Ако му се случи нешто на сопственикот, CoinBase од наследникот бара доказ за смрт и наследство, со цел да може на наследниците да им ги префрли средствата. Меѓутоа, корисниците се тие што на крај ќе мора да водат сметка за наследувањето на криптовалутите во своите пораки. Или, барем да ги известат членовите на семејствата дека поседуваат криптовалути и каде истите се наоѓаат.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm