HUAWEI Watch GT 3 SE: Убавецот со ниска цена и долготрајна батерија

Објавено на 06.12.2022 10:55 во Рецензија


HUAWEI Watch GT 3 SE: Убавецот со ниска цена и долготрајна батерија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Армирани полимерни влакна за заштита од оштетувања;
+ Долготрајна батерија од 2 седмици;
+ Лесен за носење;
+ Многу опции и можност за поврзување со Android и iOS;
+ AMOLED екран;
+ Ниска цена;
+ Сеопфатна Huawei Health апликација;
+ Атрактивни бои на ремените;
+ Голем избор во стиловите и темите;
+ Водоотпорност до 50 метри длабочина;
+ Над 100 спортски режими;

 

Negatives:

- Нема избор за големини;



Целата рецензија

HUAWEI го претстави HUAWEI Watch GT 3 SE, кој веќе достапен во Македонија, по препорачана цена од 11.999 денари. Најголемата предност на новиот смартчасовник на кинескиот бренд ќе биде долготрајноста на батеријата. Според името, веќе претпоставувате дека се работи за поевтина верзија на Watch GT 3.

Дизајн

HUAWEI WATCH GT 3 SE е со лесна тежина, така што нема да ви биде проблем кога ќе го носите на рака. Сите урбани и спортски активно луѓе ќе бидат дефинитивно задоволни од овој модел, затоа што има многу опции за оние што го сакаат спортот и обожаваат прошетка низ град. Се одликува со модерен дизајн, а пред се е функционален, креиран за да ги следите сите параметри за вашето здравје. Нормално, носењето на отворено нема да ви направи проблем. 

Тежината на HUAWEI WATCH GT 3 SE изнесува 35,6 грами, со ременче од 11 милиметри, достапен е во Graphite Black и Wilderness Green боја. Неговата водоотпорност изнесува до 5ATM , согласно стандардот ISO 22810:2010, што овозможува да функционира под вода до длабочина од 50 метри, до 10 минути. Watch GT 3 SE има дигитална круна и физичко копче и двете се на десната страна. Исто како Huawei Watch GT 3, Huawei Watch GT 3 SE е изработен со кружен дизајн, без избор на широчината на ременчето, со еден избор од 46мм.

Екран

HUAWEI Watch GT 3 SE располага со 1,43-инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 466 x 466 пиксели, густина на пиксели од 326PPI и заштита на екранот благодарение на Corning Gorilla Glass. Армираните полимерни влакна се она што го прави екранот отпорен на удари и оштетувања. Часовникот располага со голем број на теми и стилови за персонализација, при што може да го користите OOTD трендот, кој што е популарен на интернет за „облека на денот“ и селфи фотографии.

Софтвер

HUAWEI WATCH GT 3 SE овозможува реализација на телефонски повици, што е многу важно за корисниците, без да мора да го вадат телефонот од џеб, имате навигација, MyTuner Radio, Infinity Loop, eSound Music, TickTick Focus To-Do и Home Workouts. Иновативната HUAWEI TruSleep™ 3.0 технологија овозможува детално следење на параметрите за лично здравје на корисникот.

Отчукувањата на срцето, квалитетниот сон и количеството на кислород во крвта може да ги откриете со HUAWEI TruSeen™ 5.0+ и HUAWEI TruSleep™ 3.0 технологијата. HUAWEI TruSeen™ 5.0+ всушност служи за отпорот на бучавата што се создава кога се движите и овозможува високо ниво на прецизност во мерењето на отчукувањата на срцето кога вежбате. Се разбира, ова е добредојдено кога вежбаат професионалци, па и за лична употреба.

Со помош на апликацијата HUAWEI Health го следите спиењето, зборувањето и крчење. Така добивате информации како спиете, при што може да препознае 6 видови на проблеми при спиење: лесен сон, тешко заспивање, ранобудност, често будење во текот на ноќта, многу сонување и неправилен сон. Со еден збор, Huawei Health е вашиот „лекар“ што „будно“ ја следи вашата состојба на здравјето. Многу важна информација е тоа што е компатибилен со Android и iOS оперативни системи. Своите активности може да ги споделувате преку Strava од HUAWEI Health. Ние го тестиравме и успешно се поврза со iPhone 14 Pro.

 

Сателитските системи со кои што располага се GLONASS, GPS, BeiDou, Galileo и QZSS, а има над 100 опции за спортување, интелигентни планови за трчање, па дури и TruSport™ алгоритмот, развиен од Huawei, што овозможува резултати врз основа на акумулираните податоци од тренингот.

Huawei Watch GT 3 SE е дефинитивно модел што може да се натпреварува на пазарот на смартчасовници, па дури и со платформи како што се Apple watchOS или Google WearOS. Huawei Watch GT 3 SE има многу спортски функционалности, затоа е компетитивен и моќен. Имате опции за трчање, пливање, скијање и друго, на листата. 

Батерија

Батеријата е една од најголемите предности на GT 3 SE, затоа што трае до 2 недели, додека полнењето е супер брзо. Huawei дефинитивно ја оптимизирал долготрајноста на батеријата, во зависност од тоа како го употребувате часовникот. Во моментот кога не го употребувате, треба да ги исклучите сите спортски функции. Со тестирањето утврдивме дека батеријата на HUAWEI WATCH GT 3 SE трае до 7 дена со активна употреба и 14 дена за поинфериорна употреба. Huawei овозможува едноставно полнење со USB-A кабел.

Заклучок

HUAWEI WATCH GT 3 SE може да се најде во продажната мрежа на Сетек и Нептун, по препорачана цена од 11.999 денари. Една голема предност кај GT 3 SE е тоа што ќе заборавите кога треба да го полните кога ќе тргнете на некое долго деловно патување. Huawei Watch GT 3 SE е Qi компатибилен, а со тестирањето утврдивме дека може да го полните со било каков безжичен полнач. Може да го полните дури и реверзибилно по безжичен пат.

Huawei Watch GT 3 SE е солиден смартчасовник за својата цена, со сите можни функционалности за спортски режими на работа, со релативно ниска цена и долга батерија. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.