Како Facebook собирал податоци за Android корисници без нивно знаење

Објавено на 30.03.2018 во Рецензија


Како Facebook собирал податоци за Android корисници без нивно знаење

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Транспарентност за условите при користење на социјалните мрежи;

 

Negatives:

- Безбедноста на корисниците доведена во прашање;
- Недоволно информираност на корисниците;



Целата рецензија

Facebook го доживеа најтешкиот ден во историјата, изгуби 10 милијарди долари од пазарната вредност, но и довербата на корисниците, што е уште потешко. Против компанијата се поднесени тужби, а Марк Цукерберг поради тоа беше приморан на CNN да ја објасни цела ситуација со Cambridge Analytica, обидувајќи се да ја оправда својата компанија.

Протекоа нови информации во меѓувреме за социјалната мрежа, која собирала податоци за повиците и пораките на Android корисниците без нивно знаење. Податоците се однесуваат за имиња, презимиња, броевите на повикувачите, времето и траењето на повиците, како и информациите за примачите на пораките и времето кога пораките биле испратени. Оваа информација ја откри корисник од Twitter, па така новинарите од Ars Technica  го контактираа Facebook. Од компанијата одговорија дека собирањето на овие податоци е дел од праксата поврзана со прикачувањето на контактите од телефонот, со цел сопствениците на телефоните да се поврзаат поедноставно со пријателите.

Овозможувањето на пристапот кон контактите е дел од вообичаената пракса меѓу апликациите за смартфоните, но проблемот е во фактот што корисниците на апликациите имаат дозвола само за пристап кон контактите, а Facebook изгледа дека без нивно знаење ги собирал тие податоци.

Се разбира, Facebook ги демантираше овие информации. Информациите за собирање на овие податоци се однесуваат за периодот до 2017 година и се поврзани со Android, кој во раните верзии им дозволуваше пристап кон ваквите податоци, но истиот пристап е оневозможен во минатата година. Компанијата тврди дека ги собира податоците за повиците и пораките од последните верзии на Facebook апликацијата за Android.

Сепак од Facebook подоцна на својот блог реагирале со демант дека собирале податоци за повици и пораки без знаењето на корисниците. Односно, корисниците на Messenger и Facebook Lite, сами морале да прифатат за собирање на овие податоци, кои секогаш ја имале опцијата за промена во наведените функции и поставки, велат од Facebook.

Потоа технолошките новинари од Ars Technica ги прегледаа информациите што информациите ги собирале за нив – тие предупредуваат дека при инсталациите никогаш не забележале предупредување дека Facebook ги собира податоците за повиците и пораките, но со прегледот на податоците, дошле до информации за повиците, кои ги собирала апликацијата на Facebook.

Експертите велат дека за снимањето на нивните податоци имало согласност во вид на потврдување уште пред инсталација на апликацијата Facebook, а не со посебно известување за собирање на податоци за повици и пораки.

Заклучок

Ве напоменуваме дека секогаш пред да инсталирате нешто или кога веќе инсталирате, треба детално и внимателно да ги разгледувате вашите услови за користење на социјалните мрежи. Доколку ви излезе известување или предупредување пред да ја инсталирате апликацијата, може да не се согласите и да не се приклучите на одреден сервис, доколку не сакате да бидете изложени на опасност за излегување на вашите лични податоци и да бидете „продадени“ на одредена аналитичка компанија.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm