Google открива што значи да се биде одличен менаџер

Објавено на 31.03.2018 во Рецензија


Google открива што значи да се биде одличен менаџер

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Паметно донесување одлуки врз основа на искуство;
- Отворена и искрена комуникација со колегите;
- Создавање на креативен тим;
- Советување на тимот константно;

 

Negatives:



Целата рецензија

Сигурно ќе се насмеевте ако некој пред 20 години ви кажеше дека компанијата Google ќе ви го промени животот драстично. Тогаш само би прашале „што е тоа google“? Како што веќе знаете, Google стана една од најголемите технолошките компании на светот, а сега и ни даде увид во тоа што еден менаџер го прави голем. Не е тајна дека од менаџерот зависи колку цел тим е среќен и дали сите задачи ќе бидат исполнети.

Google сето ова го докажа пред неколку години и поради тоа ни открива 10 однесувања на најдобрите менаџери. Зошто да не научиме нешто од оваа компанија, која својот успех го базира анализирајќи ги податоците. Погледнете што значи добар менаџер според Google:

1. Добриот менаџер, е добар тренер истовремено. 

На вработените им е потребен менаџер што одделува од своето време за да ги научи со нови нешта и им дава предизвици.

2. Го зајакнува тимот и не го контролира секој детал.

Контролирањето на најмалите детали на работа е грешката што многу менаџери ја прават, но не сфаќаат. Тоа ги обесхрабрува и фрустрира вработените.

3. Се грижат за цел тим, нивниот успех и личната благосостојба.

Добриот менаџер не се грижи само за успехот на вработените, туку ги следи и случувањата надвор од него.

4. Продуктивен и фокусиран на резултати.

Луѓето не сакаат да работат за мрзеливи шефови. Попрво би биле дел од продуктивен и успешен тим, отколку за некој што само вработените ги тера да работат, затоа што претпоставените треба да бидат пример за сите.

5. Ќе ве ислуша и ви дава совети.

Начинот на комуницирање е еден од основните работи што го прават добар менаџерот/вработениот. Важно е да се стави акцент дека фантастичните менаџер го ставаат својот фокус на слушањето.

6. Го поддржува развојот на кариерата на вработените и разговара со нив отворено за резултатите на работата.

Google неодамна го додаде овој втор дел од однесувањето, затоа што неодамна е откриено дека само половина од вработените на своето работно место знае кои цели треба да ги исполнуваат.

7. Има јасна стратегија за својот тим.

Многу важно е менаџерот да има визија за својот тим, исто како што компанијата има за своите вработени.

8. Има клучни технички способности за советување на тимот.

Според Google, менаџерот не мора да има големи технички познавања од неговите вработени. Меѓутоа, важно е да има доволно знаење, со цел да им дава совети и да ги насочува во правилна насока, за завршување на определени задачи.

9. Соработува со останатите сектори од компанијата.

Без разлика дали станува збор за голема и стратешка соработка, или почеток на некој проект, клучот на успехот лежи во тоа колку добро може да соработувате со другите тимови.

10. Донесува одлуки и стои зад своите одлуки.

Многу важно е менаџерот да слуша и да споделува информации, а вработените исто така многу ги ценат личностите што може да донесуваат одлуки и да стојат зад неа.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm