Криптовалутите нема да пропаднат, и покрај тоа што доживуваат криза

Објавено на 20.12.2022 07:00 во Рецензија


Криптовалутите нема да пропаднат, и покрај тоа што доживуваат криза

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Блокчејн технологијата со криптовалутите има иднина;
+ Криптото нема да пропадне;
+ Блокчејнот нуди одлична можност за децентрализација со криптовалутите; 

 

Negatives:

- Криптовалутите имаат рекордна ниска вредност;
- FTX потпиша банкрот;



Целата рецензија

Многумина заработија добри пари од криптовалутите. Може да се каже дека беше добро кога траеше. Допрва ќе видиме што ни носи иднината. И понатаму ги има оние што ја гледаат моменталната состојба на берзите. Овој голем пад само го набљудуваат и го нарекуваат како привремен, после кој што ќе следува раст и верува дека ќе треба да ги задржи своите токени и да ги намножи кога цените повторно ќе пораснат. Се повеќе ги има луѓето што не се оптимисти после сите овие месеци. 

Бил Гејтс смета дека криптото нема вредност и се базира на теорија на „поголеми будали“. Се разбира, неговото мислење е важно, затоа што многу години беше прогласуван за најбогат човек на светот. Банкарите исто така имаат ниско мислење за криптовалутите. Теоријата за будалетинки е дека секогаш ќе има купувач за NFT или bitcoin, кој што ќе плати повеќе пари во споредба со цената по која што продавачот ја купил.

Слично размислува и Џо Лонсдејл, познат инвеститор и ко-основач на софтверската компанија Palantir. Тој смета дека повеќето компании базирани на крипто, ќе пропаднат во стилот на Понзи шемите, затоа што повеќето крипто токени и останати делови од еко-системот, „и онака немаат смисла“.

Минатите неколку години, проектите базирани на крипто не се базирани на вредност што ја создаваат економијата, туку само на цифри што луѓето се спремни да платат за нив. Како што расте цената на криптовалутите, луѓето се повеќе инвестираат во нив, надевајќи се на брза заработка, но кога дојде до пад на пазарот, многумина изгубија големи пари. Тоа може да се очекува во секоја ситуација, во која што нема регулација, коментирал Лонсдејл.

FTX е најголемиот и најпознатиот случај со крипто-компанија што пријави банкрот, а по истиот пат тргнале и другите компании како што се BlockFi, Celsius Network и Voyager Digital.

Пропаста на берзата на криптовалути и спомнатиот банкрот, сепак не значат крај за технологијата базирана на крипто, објаснува Лонсдејл. Тој смета дека таквите технологии базирани на блокчејн, ќе продолжат да се развиваат и ќе добиваат нови можности. Тој посебно ја нагласува можноста за децентрализација што криптовалутите ја нудат. Тоа се покажало како важно за луѓето што токму по тој пат успеале да ги извлечат своите пари од Русија, Венецуела и Чиле, а ја истакнува и важноста што криптото ја има во општата децентрализација на финансискиот систем.

Што се однесува до иднината, блокчејнот би можел да добие важна улога и Лонсдејл верува дека ќе се појават нешта што ќе бидат корисни за светот, но тоа сепак не се однесува на она што денес го имаме на пазарот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.