EaseUS MobiMover: Најдобриот дата-трансфер софтвер за iPhone

Објавено на 16.04.2018 во Рецензија


EaseUS MobiMover: Најдобриот дата-трансфер софтвер за iPhone

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Бесплатен софтвер;
- Едноставна процедура за дата трансфер;
- Брзина;
- Многу функционалности на располагање;

 

Negatives:



Целата рецензија

Преносот на податоци од Mac на iOS уреди, е полесен отколку преносот од iOS на Windows компјутери. EaseUS сега има бесплатен софтвер за да може да го правите ова поедноставно. 

Колку да знаете кога ќе го преземете MobiMover 3.0, тој зафаќа големина од 34,1MB, што значи дека нема да ви заземе многу простор. EaseUS овозможува преку програмата да правите бекап од вашиот iOS уред на вашиот компјутер. iTunes го прави истото, но наместо копирање поединечни датотеки, го копира цел уред. MobiMover ви овозможува да експортирате поспецифични датотеки и папки, исто како што ви помага директно да ја внесете локацијата, каде што би сакале да ги зачувате датотеките. Ова е навистина практично ако сакате да ги зачувате вашите фотографии или датотеки од вашиот уред, на клауд сервис или на екстерен диск.

Минимално од iPhone мора да го имате моделот 4S или било кој од поновите. Поддшка има и за iPad Mini 2 и поновите, исто како и iPad Air или поновите. Главната предност на овој бесплатен софтвер е што можете да изберете кои датотеки ги пренесувате, бидејќи постојано имаме многу нови фотографии и мора редовно да ги чистиме. "Про" верзијата на бесплатниот софтвер, овозможува нешто повеќе од техничка услуга, но бесплатната верзија нуди доволно добри услуги, што значи дека немате потреба за плаќање. 

Кога го инсталирате MobiMover, треба прво да го преземете iTunes, затоа што овде има и алтернатива за бекап и синхронизација на iTunes. Значи, кога ќе го инсталирате iTunes на својот Windows PC, повторно ја отварате програмата. 

Еве како оди трансферот преку MobiMover од телефонот на компјутерот:

1. Поврзете го уредот и кликнете ја опцијата за доверба што се појавува на iDevices. Прво го контактирате iPhone за да ја тестирате функционалноста. Мора прво да кликнете дека му верувате на компјутерот.

2. Потоа одберете ја опцијата за пренос на компјутерот и да направите резервна копија од телефонот во компјутерот.

3. Осигурајте се дека сте го исклучиле iCloud од сетинзите.

4. Тешко е да префрлувате фотографии од Mac на iOS уред.

Може да ги експортирате вашите пораки, говорни пораки, книги, букмарковите од Сафари, историјата од Сафари, цела ваша музика, видеата и сликите од вашиот iOS уред на компјутер или на друг уред, но со исклучен iCloud. Ова е веројатно затоа што Apple не ги заклучува сите работи во iOS. Потоа, можете да ги префрлите кои податоци сакате, а ако сакате да ги преземете сите, може да кликнете на Select All и да кликнете на Transfer за бекап процесот да започне. На пример, ако имате фајлови што заземаат 50GB, ќе ви бидат потребни 30m минути додека да заврши се.

5. Кога ќе започне процесот со преносот, ќе го препознаете.

Кога ќе заврши преносот на податоци, можете да го исклучите телефонот. Ние имавме одлично искуство со бесплатната верзија на програмата, која ви заштедува многу време, пари и лесно е да се користи по свој вкус. Максимум може да префрлате по 10 фајлови дневно. Софтверот може бесплатно да го преземете на овој линк.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm