Redmi Note 11: Моќност во издржливоста и цената

Објавено на 30.01.2023 19:37 во Рецензија


Redmi Note 11: Моќност во издржливоста и цената

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.5


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

+ Поликарбонатен дизајн;
+ IP53 сертификат за водоотпорност;
+ Влез за две СИМ картички;
+ Gorilla Glass 3 заштитно стакло;
+ USB-C влез за полнење;
+ Ниска цена;
+ Допадлив дизајн;
+ Добри перформанси;
+ Можност за персонализација на интерфејсот;
+ Неверојатно голем капацитет на батеријата;
+ Брзо полнење на батеријата;
+ Always On Display функција;

 

Negatives:

- Слаб процесор;



Целата рецензија

Од главните продажни адути дефинитивно се истакнува добриот AMOLED екран со 90Hz, водоотпорност до одреден степен, камера од 50MP, стерео звучници, Snapdragon 680 процесор и 5000mAh батерија. Да, тоа го содржи моделот Redmi Note 11, за кого не требаат многу пари. 

Дизајн

Поли-карбонатното куќиште остава висок впечаток и компактен е кога го држите во раце. Од предната страна имате голем AMOLED дисплеј од 6,43 инчи, со тенки рабови околу екранот. Зазема околу 84,5% од предната површина на уредот.

Колку за споредба, толку зазема и iPhone 13. Тенок е, и не тежи и покрај големата батерија. Заштита на екранот има - Gorilla Glass 3 заштитно стакло. Браво за новиот тип на полнење - USB-C, влез за две СИМ картички и влез за micro SD картичка. Не можете да нуркате со него, но сепак е доволно добар со тоа што има IP53 сертификат за водоотпорност.

Екран

iPhone 13 има слична искористеност на преднара површина, како и овој уред, а го спомнуваме повторно, затоа што овој Xiaomi има нешто што го нема ниту најскапиот смартфон. Станува збор за 90Hz стапка за освежување на екранот. Имате одличен приказ на црните и фантастичните агли на видливост. Треба да бидете реални, затоа што не е секој AMOLED екран со ист квалитет, па така не можете од овој да очекувате да има совршено реален приказ на бои, но реално кој се грижи за ова? Густин ана пиксели има 409 ppi и максимална осветленост на екранот е 1000 нити.

Хардвер

Snapdragon 680 процесорот е првиот компромис што го направил производителот. Станува збор за 8-јадрен процесор со четири златни јадра од Kryo 265 со 2,4GHz и уште четири сребрени јадра од Kryo 265 со 1,9GHz. Adreno 610 графичката картичка се грижи за добрите графички перформанси.

Овој процесор не е голем чекор во споредба со ланскиот Snapdragon 678, иако бројката сугерира дека станува збор за понова и помоќна генерација. Овој процесор по својата моќност е речиси како претходникот, но тоа не ја намалува неговата способност и моќност во перформансите. Игрите ќе бидат на слично ниво, па така COD Mobile може многу добро да возврати на медиум поставките и искуството на играње ќе биде многу подобро од очекуваното, затоа што во приказната влегуваат стерео звучници и одличен екран. Така звукот и самата слика ќе остават многу добар впечаток, независно од процесорот. Redmi Note 11 доаѓа со 64GB внатрешна меморија и 4GB RAM меморија, што е доволно добро за да функционира телефонот нормално. 

Софтвер

За добрата работа на телефонот е задолжен MIUI 13, корисничкиот интерфејс на Xiaomi, кој што се базира на Android 11. Не е најновиот Android, но тоа не е прашање што мора да биде одговорено со висока важност. Визуелно и функционално, нема преголеми разлики. Постојат неколку ситници во новиот Android, што му недостасуваат на овој оперативен систем, но не се толку важни. Важно е да знаете дека овој интерфејс може да го прилагодите кон вашите преференции. Се зависи дали сакате класичен изглед на почетниот екран, каде што ќе имате неколку иконки снимани на екранот, а сите останати сместени во фиоката за апликации или пак уживате во нередот како на iPhone и сакате се да биде префрлено на почетниот екран.

Имате дури и Always On Display функција, која што може да биде пуштена до 10 секунди, што е навистина одлична алатка. До пред некоја година ја имаа само телефоните со повисока цена. 

Камера

Xiaomi Redmi Note 11 се рекламира како телефон со пет камери: 50MP сензор со голем отвор на бленда од f/1.8, 8MP ултра-широко-аголен сензор со f/2.2 отвор на бленда и два дополнителни сензора од 2MP, од кои што едниот е за макро фотографија, а другиот е за сензор за длабочина. Петтата камера е селфи камерата од 13MP. Не можеме премногу да очекуваме од овој ценовен ранг, но сепак камерата е доволно добра за да направите добри фотографии. Камерата е просечна, но ги имате сите можни функционалности. 

Батерија

Батеријата со капацитет од 5000mAh е неверојатно висок капацитет како за телефон од овој ценовен ранг. Буквално можете 4 дена да го ракувате и воопшто да не се грижите за полнење. Дури петтиот ден ќе треба да го приклучите на полначот. Со него добивате неверојатно брз полнач од 33W, кој може да го наполни од 0-100% за помалку од еден час. За половина час на полначот може да стигне до 70%. Неверојатно, зар не? Овде Xiaomi направил одлична работа.

Заклучок

Redmi Note 11 не е смартфон без компромис, но во овој ценовен ранг нуди толку многу добри перформанси, што навистина сме воодушевени. Се прашуваме и дали воопшто сето ова му се исплаќа на Xiaomi? Има ли математика за привлечност на најмладите купувачи во нивниот еко систем, така што би посакале да го купат дури и овој телефон. Секоја чест за овој модел на смартфон, што велите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.