Дигитализацијата на европските документи започнува

Објавено на 13.02.2023 19:13 во Рецензија


Дигитализацијата на европските документи започнува

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Првиот голем чекор кон дигитализација на општеството;

 

Negatives:



Целата рецензија

Направен е првиот чекор во создавање на европски дигитален идентитет. Одборот за индустрија, истражување и енергетика во Европскиот парламент, усвои мнозинство со гласови од извештајот за нацрт закон, со кој што се воспоставува уникатната европска рамка за дигитален идентитет.

Комисијата уште на 07 јуни, 2021 година предложи европска рамка за дигитален идентитет, кој што ќе биде достапен за сите државјани на Европската унија и европските компании. Граѓаните преку напредна апликација, т.н. дигитален паричник, ќе може да го докаже својот идентитет и да ги сподели електронските документи со еден клик на екранот од телефонот. Со помош на националната дигитална идентификација, која што ќе биде призната во цела Европа, ќе може да се пристапи кон сервисите од јавниот сектор и интернет услугите, а големите платформи ќе мора да ја прифатат употребата од европскиот паричник за дигитален идентитет, ако корисникот тоа го побара, на пример, да ја докаже својата возраст.

Употребата на европскиот паричник за дигитален идентитет ќе биде секогаш на доброволна база и нема да ја замени можноста за користење на хартиени документи. 

Новата европска рамка за дигитален идентитет би требало да им овозможи на граѓаните да бидат на сигурен, брз и транспарентен начин за електронски да ги идентификува корисниците како услуга од јавниот и приватниот сектор. 

Една од главните цели на новиот закон е да се олесни секојдневието за сите граѓани на ЕУ, со цел полесно да ги реализира своите права во сопствената земја, при патувањата или престојот во другите држави членки на ЕУ.

Кризата со COVID-19 ја забрза дигитализацијата и јасно покажа колку дигиталната технологија и алатките станаа важен дел од нашето секојдневие. Важно е да се нагласи дека безбедните услуги од идентификација од овој предлог на граѓаните и компаниите, ќе може да ги користат за решавање на конкретни животни ситуации и во различни цели, без разлика дали се работи за плаќање на сметките онлајн, купување преку интернет или пристап кон електронската здравствена заштита. Посебен акцент овде се става на дигитализацијата и подигнување на квалитетот на јавниот сервис, намалување на бирократијата, олеснување на достапноста на услугата од јавниот сектор на граѓаните. 

Крајно време е да обезбедиме сигурен и наменска рамка за европски дигитален идентитет, кој ќе одговори на сите предизвици и потреби на граѓаните во 21 век. Притоа мора да се внимава на личните податоци и безбедноста на дигиталните паричници на корисниците. 

Освен поедноставно патување и докажување на идентитетот, европскиот дигитален идентитет ќе се користат и од компаниите, кои што со помош на него ќе може да ги прошират и подобрат услугите што ги нудат. 

Со европската рамка за дигитален идентитет сакаме ЕУ да стане првиот глобален регион со јасни законодавни рамки за користење на дигиталниот идентитет. Европскиот дигитален паричник ќе се претвори во all-in-one сервис, а идентитетот на граѓаните ќе им овозможи целосна контрола над своите лични податоци и слобода за одлучување кои информации точно ќе се споделуваат, со кого и кога.

Од социјалните, финансиски, медицински и професионални податоци, контакти и уште многу понатаму, дигиталниот паричник ќе овозможи меморирање на лични документи внатре во едниот дигитален ID. Дигиталниот идентитет веќе не е само опција што е убаво да се има, туку и алатка што станува двигател на граѓанското зајакнување и општественото учество, како и клуч за економскиот раст. 

Со усвојувањето на овој извештај, се претпоставува дека почетокот на преговорите меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ, со цел на постигнување на конечен текст за новиот закон за дигитален идентитет, ќе се реализира до крајот на 2023 година. Треба да очекуваме дека европската рамка за дигитален идентитет ќе стапи во сила во половината на 2024 година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.