Летачки минијатурни роботи како самовили летаат со помош на светлоста

Објавено на 14.02.2023 18:32 во Рецензија


Летачки минијатурни роботи како самовили летаат со помош на светлоста

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Иновативни минијатурни роботи, кои што не одземаат енергија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Научниците го направиле првиот летачки робот, што се базира на меки материјали, што реагираат на светлост. Едноставно кажано, тој неверојатен робот полетува веднаш откако ќе го осветлите.

Станува збор за минијатурен робот, кој што изгледа како креација на научна фантастика. Самото негово име ја одразува неговата необична појава - FAIRY. FAIRY е кратенка од Flying Aero-robots, кој што се базира на Light Responsive Materials Assembly. Истражувањето поврзано со овој неверојатен микробот е објавено во научното списание Advanced Science.

Глуварчето како инспирација за решение на проблемот со опрашувачите

Научниците биле инспирирани да го создадат овој робот од глуварчето, однсоно неговите летачки семиња, кои на пример, со неговите летечки семиња, кои се распрснуваат во воздухот во сите правци со дување во глуварчето. Креаторите на FAIRY роботот се надеваат дека би можел да се користи со цел да помогне да се ублажи проблемот со губењето на опрашувачите во дивината, како што се пчелите.

Семињата од глуварчето може да патуваат до десет и стотици километри низ топли, суви и ветровити услови, благодарение на својот генијален дизајн, од кој некои овде се позајмени. Без потреба од батерија или директен извор за напојување, FAIRY роботите може да го направат истото. 

Тоа би имало големо влијание врз земјоделството на глобално ниво, затоа што губењето на опрашувачите поради глобалното затоплување стана сериозна закана за био-различноста и производството на храна, вели микро роботичарот Хао Зенг од Универзитетот Тампере, Финска. 

Му треба само светлост и ветар

FAIRY се движи така што реагира на светлост со ширење на своите крилца, со што се дига во воздух, а со оглед на тоа што е претерано лесен, така ветрот може да го понесе и на големи далечини. FAIRY може да се напојува и контролира со помош на извор на светлина, како што се ласерска светлина или LED светлина. Звучи како научна фантастика, но експериментите со доказ за концептот се вклучени во истражувањето и покажуваат дека роботот што бил развиен овозможува важен чекор кон реалистичните примени, соодветни за вештачко опрашување.

Освен тоа што е ултра-лесен, FAIRY е исто така порозен на неговиот дизајн, што му помага при полетувањето. Може исто така да креира и сопствен вртлог прстен, исто како и семето од глуварче, што придонесува кон аеродинамичност и обезбедува тој микробот да може да помине големи далечини без никаква дополнителна помош. 

Ограничена контрола

Постои одредено ниво на контрола на ветрот, со оглед на тоа што обликот на FAIRY може да се прилагоди кон струите на ветрот, слично на бродските едра. Сепак, станува збор за ограничена контрола, а не управување на начин на кој што се управува со дронови.

Роботот е изработен од специјални влакна со дебелина од само 14 микрони. Влакната се поврзуваат со активатор, флексибилна лента контролирана од светло, која што управува со отварањето и затварањето на неговите крилести четки. 

Вештачкото семе е опремено со мек стартер, а тоа го прави по-супериорен од своите природни копии. Активаторот е изработен од еластомер со течни кристали, кој што реагира на светлина и што предизвикува отворање или затворање на влакната при детектирање на видлива светлина, вели Зенг.

Следен чекор - поголема контрола и био-разградливост

После успешните тестирања во воздушни тунели и под ласерски светла, Зенг и неговите колеги замислуваат користење на тие милиони вештачки „семиња“, кои што носат полен на ветрот, со светлото што ги насочува кон дрвјата што треба да ги опрашува. Сепак, за да дојде до тоа, треба уште многу работа и усовршување. Научниците бараат начини за прецизна контрола, каде што FAIRY ботовите би слетале и разгледуваат како може да ги направат био-разградливи. Предвидено е проектот да продолжи со своите истражувања до август, 2026 година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.