Сте слушнале ли за сите предности што ги нудат eSIM смартфоните?

Објавено на 16.02.2023 20:47 во Рецензија


Сте слушнале ли за сите предности што ги нудат eSIM смартфоните?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ eSIM чипот е неколку пати помал од нано SIM картичката;
+ eSIM може да се следи доколку настане кражба на телефонот;
+ eSIM може да меморира до 8 оператори;

 

Negatives:



Целата рецензија

Производителите на смартфони веќе се стремат кон целосна прифаќање на eSIM картичката. Се работи за електронска СИМ картичка, која што се активира преку интернет, со специјални кодови, без присуство на физичка картичка. Се смета дека за неколку години веќе ќе ги нема класичните картички.

Apple iPhone 14 моделите во САД се продаваат исклучиво со eSIM, со што се јавува потребата од исфрлање на традиционалната СИМ картичка. И покрај тоа што производителите на Android телефони се повнимателни во нивниот пристап, се повеќе и повеќе Android брендови ја прифаќаат eSIM технологијата.

Која е предноста за корисниците со eSIM, што е толку практично за нив? Што добива еден просечен корисник од употреба на eSIM смартфон? Ајде да нурнеме во оваа тема...

Што е eSIM?

eSIM е вградена SIM (Subscriber Identification Module) картичка, која што содржи меморија со информации. Тие се применуваат за идентификување и автентификација на претплатниците преку телефонски сервис, како што се нашите оператори А1 Македонија и Т-Мобиле. Акцентот тука е ставен на „вградено“.

Со други зборови, eSIM е исто како да имате SIM картичка, ја врши истата работа, само што во овој случај сега е вградена во форма на чип во матичната плоча на вашиот смартфон. Во споредба со вашата физичка SIM картичка, која што може да ја замените, eSIM не може да се замени и таа е дел од вашиот смартфон. Доколку се одлучите на пример, да се префрлите од SIM картичка, на eSIM, тогаш мора да ја извадите прво вашата стара картичка.

Ова не значи дека не можете да го промените вашиот eSIM. Можете. Само што нема да мора да го извадите влезот за SIM картичката. Наместо тоа, потребно е да се јавите до вашиот оператор, да скенирате QR код или да подесите неколку опции за да го смените вашиот избор во eSIM.

5 Предности од употреба на eSIM смартфон

Кога eSIM ќе се претвори во нов стандард, што треба да очекуваме? Мора прво да обезбедиме смартфон што ќе биде компатибилен, т.е. да прифаќа eSIM картички. 

1. Едноставно е за промена на оператор

Една од предностите кај eSIM-компатибилните уреди е во едноставниот процес за промена на оператори. Замислете, од удобноста на вашиот дом потпишувате договор и менувате оператор. И покрај тоа што еден eSIM е вграден во вашиот смартфон од производителот, неговата информација лесно може да се избрише и повторно да се вгради друг. Со само неколку чекори може да направите промени во телефонот и да го одберете вашиот нов оператор.

Ова го елиминира времето за чекање на изработка на физичка SIM картичка или да го отварате вашиот влез за SIM картичка, кога и да посакате да ги промените вашите оператори. Според Apple, околу 400 оператори во 190 земји и региони имаат поддршка за eSIM. Ова значи дека оние што патуваат постојано на меѓународен транзит, ќе уживаат во транзицијата кон локалните оператори и да го избегнат скапиот роаминг

2. Меморирање до осум eSIM оператори!?

eSIM уредите како што е iPhone 14, може да меморира дури и до осум eSIM оператори. Може најмногу до два eSIM оператори да бидат активни истовремено, а можете да меморирате колку сакате мобилни телефони. Се што треба да направите е да ги меморирате на конкретниот профил и потоа ќе може кога сакате да се најавите на него едноставно.

Како повеќето eSIM оператори може да ви бидат добра страна, помислете на вашето загарантирано покривање. На местата каде што имате слаба покриеност на мрежа од одредени оператори и посилна покриеност од други оператори, подобро би било да можете само да се префрлате од еден оператор на друг, кој што има посилна мрежна покриеност.

3. Подобро рангирање за водоотпорност на телефонот

Кога Apple го укина 3.5мм џек за слушалки кај iPhone во 2016, имало многу критики. Неколку години подоцна, излегло дека е одличен потег... затоа што, прескокнувајќи го овој екстра влез во телефонот, од каде што можело лесно да влезе вода во телефонот, го правел телефонот супер отпорен на вода и прашина. Водоотпорноста на уредот во тој случај се зголемува и подобрува.

eSIM смартфоните значат и помалку дупки на вашиот смартфон, подобрена заштита од прашина и влага, и потенцијално една причина помалку за чести дефекти.

4. Зафаќа помалку простор и овозможува поголеми батерии

Секој инч од просторот кај смартфоните прави разлика. Секој простор плус за производителот е добредојден, затоа што може да смести поголема батерија со подобри перформанси. eSIM е претерано мал чип и зазема мнооогу помал простор од SIM картичката.  Тоа значи и дека eSIM уредите ќе бидат со подобри перформанси.

5. Лесно следење на вашиот уред

eSIM чиповите не се како традиционалните SIM картички за да може физички да се тргнат, па крадците што го украле вашиот SIM да се откријат потешко. Со eSIM имате дополнително ниво на заштита и може да го следите уредот преку него. 

Apple уредите имаат подобри услови за прифаќање на eSIM. Цела iPhone 14 серија за САД е исклучиво со eSIM, а оние што се за другиот останат пазар се компатибилни со eSIM и со опција за SIM картичка. Помалите телефони како што се iPhone SE (2020 и 2022) и iPhone 11, XS, XR, 12, и 13 серија се сите eSIM-компатибилни. Вашиот уред може да го следите на Google Maps.

Од сите Android уреди, eSIM компатибилни уреди имаме од Pixel и Samsung телефоните. Секој Pixel уред од Pixel 2 до Pixel 7 Pro, има поддршка за eSIM. Сите Samsung Galaxy S20, S21, и S22 телефони имаат поддршка за eSIM. Samsung Flip и Fold сериите и Note 20 сериите исто така имаат eSIM поддршка.

Oppo Find X3, X3 Pro, X5, и X5 Pro нудат eSIM поддршка. Од Sony, Sony Xperia 1 IV, Sony Xperia 5 IV, Sony Xperia 10 III Lite, и Sony Xperia 10 IV исто така имаат eSIM поддршка.

eSIM: Бавно прифаќање, огромен потенцијал

eSIM не е уште од сега на пазарот, туку со години. Меѓутоа, прифаќањето оди бавно и покрај сите негови предности. eSIM прифаќањето е бавно поради неинформираноста на луѓето и малиот интерес на производителите на смартфони. Веруваме дека во иднина eSIM ќе ја уништи и потребата од роаминг при патување, со оглед на тоа што може и од дома да активирате странски броеви по потреба. Од нашите оператори имаат А1 Македонија и Т-Мобиле поддршка за eSIM, кои што може да ги погледнете на овој линк(Т-Мобиле) и на овој линк (А1 Македонија).

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.