Еве како да слушате музика на YouTube на Android со заклучен телефон

Објавено на 30.04.2018 во Рецензија


Еве како да слушате музика на YouTube на Android со заклучен телефон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
5.0


Наши забелешки

Positives:

Може целосно да ја замени класичната YouTube апликација

Може да свири во позадина

Продолжува да свири и со заклучен телефон

 

Negatives:

Не се надградува автоматски



Целата рецензија

Верувам дека буквално секој корисник на Android смартфон, па и на iPhone, го користи YouTube за пуштање музика. Зошто да не? Ги има сите песни и бесплатно е. Сепак, YouTube не е наменет баш за слушање музика, односно мора да го гледате видеото.

Ова е негативната страна, особено кај оние кои го користат YouTube за слушање музика на нивниот смартфон. За да ја слушате музиката, видеото мора да е константно пуштено, што драстично ја троши батеријата. Воедно, додека оди видеото вашиот телефон нема да може да го ставите во џеб.

Но, што ако ви кажам дека можете да слушате музика на YouTube со заклучен телефон или пак додека користите други апликации? 

За да можете да го направите тоа, има едно половично и едно целосно решение. Првото е апликација која може да ја симнете од Play Store и се вика Stream. Оваа апликација може да пребарува само музички видеа на YouTube и има целосно различен интерфејс од оригиналната YouTube апликација. Таа може да свири додека работите на друга апликација, односно ќе има мало видео кое ќе лебди на дисплејот, но не може да работи со заклучен телефон. Ако сакате целосна функционалност, одете на второто решение подолу.

YouTube Vanced е решението за правите музички зависници

Затоа, моја препорака е второто решение. Апликацијата која ќе ви го овозможи ова е YouTube Vanced. Ова е истата YouTube апликација која ја имате во вашиот Android смартфон, но со неколку дополнителни функционалности од дивелопери на XDA. Апликацијата го има истиот кориснички интерфејс како на стандардната апликација и затоа нема да треба да научите ништо ново – се е веќе фамилијарно. Воедно, YouTube Vanced има вграден блокер на реклами, а на него може да се менува и темата - бела, црна или сива.

Како да инсталирам?

YouTube Vanced можете да ја симнете на следниот линк. Препорачувам да ги симнете и YouTube Vanced и Micro G од Non-Root Downloads фолдерот. YouTube Vanced е самата апликација, додека Micro G ќе ви овозможи да се логирате со вашиот Google акаунт и да ја користите како единствена YouTube апликација.

Како што кажува името на фолдерот погоре, за да ги инсталирате овие апликации нема потреба од Root, односно тие ќе работат на буквално секој Android телефон. Единствено што треба да направите е да овозможите инсталација на апликации надвор од Play Store. Тоа можете да го направите во: Settings -> Security -> Unknown Sources и кликнете на него за да ја овозможите опцијата.

Потоа, само кликнете на YouTube Vanced датотеката која ја симнавте од линкот погоре и апликацијата ќе се инсталира. Потоа, инсталирајте го и Micro G, ако сакате да се логирате со вашата Google сметка. Напомена: апликацијата редовно се надградува од дивелоперите, но за да направите надградба, ќе мора да ја симнете новата верзија од линкот погоре.

Како се користи?

YouTube Vanced се користи исто како оригиналната YouTube апликација, со една мала разлика – кога ќе стиснете на “Home” копчето, видеото ќе продолжи да лебди над вашиот почетен екран или над било која друга апликација која ја користите.

Исто така, кога ќе го заклучите телефонот, звукот од видеото ќе продолжи да свири на вашиот телефон. На овој начин, ќе може да ја слушате секоја песна од YouTube со заклучен телефон. Ставете ги слушалките или поврзете го вашиот Bluetooth звучник и уживајте!

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Телефони.мк
Author Image
Телефони.мк е веб портал кој што постои од 2007.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm