Oppo Find N2 Flip: Флексибилност до максимум и голем екстерен екран

Објавено на 23.02.2023 07:00 во Рецензија


Oppo Find N2 Flip: Флексибилност до максимум и голем екстерен екран

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Добра цена;
+ Голем надворешен и внатрешен дисплеј;
+ Зголемена батерија;
+ Квалитетна камера;
+ Подобрен механизам за отварање;
+ Одлични перформанси;
+ Голема меморија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Oppo смета дека неговиот прв Find N2 Flip телефон на преклоп во форма на школка, ќе има подобри шанси против преклопните дисплеи на пазарот, и неговиот поскап Find N2 преклопен смартфон. За поскапиот модел смета дека може да се натпреварува против Samsung Galaxy Z Flip 4.

Дизајн

Oppo дебитираше во категоријата на школка-смартфон со преклопен екран. Find N2 Flip е прецизно изработен со многу поинаков надворешен дизајн. По неговиот дизајн е препознатлив, како и по неговите спецификации. Oppo Find N2 Flip има огромен 3.26-инчен надворешен екран, кој е поголем од оние на конкурентните телефони. Секоја чест за ова дизајнерско дело. 

Ова му овозможило на Oppo да емитува повеќе информации во споредба со онолку колку што може панелот на Z Flip 4 или Motorola Razr. Со само еден поглед на надворешниот екран за виџети, станува јасно дека дисплејот не е тука само да ви одземе време и да ги прегледувате известувањата. 

Oppo го направил Find N2 со многу функционалности и со ергономски дизајн, корисен во секоја смисла. Широк е колку еден нормален смартфон, што значи дека кога ќе го отворите внатрешниот 6.8-инчен дисплеј, има многу голема прегледност. 

Oppo го направил Find N2 Flip колку што е можно потенок и навистина изгледа елегантно и кога е преклопен. Ова е големо достигнување, со оглед на тоа што има огромна батерија од 4300 mAh. 

Преклопниот телефон на Oppo не се познава многу кога се преклопува на средината благодарение на неверојатниот Flexion hinge дизајн. "Способноста на Find N2 Flip да ја држи својата средна позиција на отвореност и лесноста на својот механизам за преклопување би можел да се препише на новиот подобрен механизам“, велат од Oppo.

Системот на камерата на двете страни од механизмот за преклопување е совршен од двете страни, кога ќе го отворите телефонот може совршено да заземе позиција од 45º до 110º. Новата генерација на Flexion Hinge овозможил неверојатно добро искуство со Find N2 Flip. 

Механизмот бил тестиран и може да издржи до 100 пати да се отвара и затвара секој ден, во рок од 10 години и тоа за време на ниски и високи температури. 

Дисплеј

Телефонот се одликува со 6.8-инчен дисплеј со резолуција од 2520 x 1080 пиксели и главен дисплеј што варира по потреба од 1Hz-120Hz со динамичко освежување на екранот. Светлоста може да се искачи до 1600 нити, што е навистина солидно. Надворешниот дисплеј  од 3.3-инчи може да оди до светлост од 900 нити. 

Хардвер

Под хауба Oppo има Dimensity 9000+ процесор, кој што овозможува подолга видео сесија и два часа или повеќе на социјалните мрежи, или 5 часа или повеќе со музички песни. Процесорот е многу моќен, изработен е со 4нм процес на производство, исто како и Snapdragon 8 Gen 2, а има повеќе јадра и повисока фреквенција. Има 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. 

Камера

Задната двојна камера изнесува 50MP+8MP, додека предната селфи камера изнесува 32MP. Оперативниот систем е Android 13. Камерата е опремена со 50MP резолуција со Sony IMX890 сензор. Ултра-широката камера од 8MP врши одлична работа, а селфи камерата од 32MP вградена во предниот екран има квалитет за видео четови. 

Со дизајн на школка, 45-до-110 степени на Flexion Hinge механизам, Find N2 Flip ви овозможува да фотографирате и снимате видеа во секаква позиција. Телефонот може да се користи како камера за снимање и на 90 степени, што значи флексибилност до максимум. Oppo работи со Hasselblad брендот за подобрување на алгоритмот на фотографијата од системот на камерата со RAW фајлови и HNCS за мобилен, со цел да пружа по точни бои.

Батерија

Oppo ослободил место за батеријата за екстра 186mAh со тоа што го отстранил SIM влезот и ја зголемил батеријата. Со ова Oppo вградил 4300 mAh батерија која што се полни до 50% за само 23 минути со полнач од 44W.

Заклучок

Oppo Find N2 Flip е дефинитивно одлична зделка на кинескиот бренд, кој чини 1000 долари. Пристигнува со елегантен дизајн, поголем дисплеј, подобрена камера, поголема батерија и побрзо полнење. Да не го спомнеме супер кул дисплејот од надворешната страна. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.