Honor ја објави својата „магична“ артилерија - Honor Magic 5 серијата

Објавено на 27.02.2023 21:59 во Рецензија


Honor ја објави својата „магична“ артилерија - Honor Magic 5 серијата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Иновации кон интуитивноста за ракувањето од страна на корисниците;
+ Лого „Технологија за инспирација“ ;
+ Одлична камера;
+ Голем и квалитетен дисплеј;
+ Брзо полнење со голема батерија;
+ Усовршување на преклопната технологија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Honor е прилично фокусиран и креативен на овој Mobile World Congress, со слоганот „Технологија што инспирира“. Кинескиот бренд го претстави својот пристап кон технологијата, кој што се посветува на човекот - "Tech to Inspire". Воедно е најавена и глобалната достапност на својата серија Honor Magic 5 и преклопниот телефон Honor Magic Vs.

Во текот на настаните е претставен Honor Magic 5 Lite, кој наскоро треба да стане достапен и кај нас. Како што истакнаа на самото отварање, DXOMARK го прогласи овој уред за најдобар смартфон во светот во сегментот на перформансите на батеријата. Го објавиле и своето партнерство со компанијата Re-Commerce со цел да рециклираат користени смартфони. Оваа соработка ќе помогне во заштита на околината и значително ќе ја намали емисијата на CO2

Honor усвојува пристап кон иновации на производите, насочен кон човекот, нудејќи интуитивни технолошки решенија за подобрување на секојдневниот живот на сите“, изјави Џорџ Жао, извршниот директор на Honor Device Co, Ltd. 

Honor Magic 5 Pro доаѓа со цела низа надградби, има симетрични двојно закривени ултра-тесни рамки од двете страни и дизајн на тројна камера во облик на ѕвездено тркало, кое се наоѓа како средишен дел на задниот капак. Има 6,81-инчен LTPO екран со четворен екран и нова технологија за подобрување на осветлувањето на екранот, која што овозможува светлина од 1800 нити и калибрација на двојно осветлување за типична внатрешна светлина од 120 нити и надворешна светлина од 800 нити.


 
Има и Discrete Display Chipset за подобрување на визуелниот квалитет на подвижните слики. Иако нуди секогаш вклучен ефект на висок динамички распон (HDR) за подобрување на јасноста на видеата, чипсетот нуди поголема брзина на кадрите со ниска потрошувачка на батеријата за подобрено искуство во играњето. Има сертифицирана HDR10+ и IMAX Enhanced технологија, и ниска емисија на сина светлост со iDynamic потемнувањето, кое симулира природно светло за намалување на уморот на очите. Останатите иновативни спецификации за удобност на очите ги вклучуваат и дено-ноќниот екран за подобрен квалитет на сонот и LTPO екранот со 2160Hz Pulse Width Modulation (PWM) технологија за потемнување и намалување на треперењето на екранот. 


 
Honor Magic 5 Pro има комбинација на тројна главна камера што се состои од 50MP широка камера, 50MP ултра-широка камера и 50MP телефото камера. Со зголемен сензор за детекција на светлоста и Ultra Fusion Computational Optics, компјутерскиот оптички алгоритам, кој го надополнува системот за камерата и ја подобрува јасноста на сликата при зумирање од 3,5 до 100 пати.


 
Honor Magic 5 Pro
 
Со Honor Image Engine, Honor Magic 5 Pro има и нов алгоритам Millisecond Falcon Capture, кој на корисниците им овозможува снимање на сложени сцени, а Super Night Capture овозможува и снимање со голема брзина при слабо осветлување. Тука е и AI Motion Sensing Capture, кој што е способен автоматски да ја детектира највисоката точка на скок и да го снима кадарот во ултра-висока резолуција. 


 
Honor Magic 5 Pro има безбедносен систем Dual-TEE, развиен во соработка со Qualcomm, нудејќи заштита на корисничките податоци на ниво на хардвер. Опремен со дискретен безбедносен чипсет, овозможува максимална сигурност за лозинките и биометрија како што се ID лицата и отпечатоците на прсти.
 
AI Privacy Call 2.0 е решение на Honor за „протекување на звукот“ и претставува прва технологија за просторни контроли на звучна енергија, која што генерира спротивни звучни бранови, со цел да се спречи „протекувањето на звукот“ и да обезбеди поголема приватност на телефонските повици.
 
Magic 5 Pro под хауба го има Snapdragon 8 Gen 2 процесорот на Qualcomm, во комбинација со првата Wi-Fi и Bluetooth архитектура од самостојните антени во индустријата за подобро и побрзо поврзување. Доаѓа со MagicOS 7.1 кориснички интерфејс, базиран на Android 13 оперативен систем, а нуди дополнителни опции како што се Magic Ring за соработка на повеќе уреди и Magic Text за интелигентно препознавање на текстот.
 
Има поддршка за 66W полнење преку кабел и 50W безжично полнење преку Honor SuperCharge. Батеријата доаѓа со капацитет од 5100mAh и може да се користи цел ден без прекини. 


 
Honor Magic 5 Lite: Моќност што трае
 
Honor Magic 5 Lite ќе биде достапен и во Македонија, поседува 6,67-инчен OLED закривен екран со резолуција од 2400x1080 пиксели и приказ до 1,07 милијарди бои. Има брзина на освежување до 120Hz и реакција на екранот на допир од 300Hz. Како што се истакнува на самото претставување, Honor Magic 5 Lite со помош на Al технологијата, нуди иновативна превенција на погрешен допир, со цел да се спречат непотребните проблеми предизвикани од случајно внесување.
 
Исто како и кај Pro моделот, на задната страна, камерите се распоредени во “Matrix Star Ring”. Така корисниците може да ја употребуваат главната камера од 64MP, 5MP широко-аголна камера и 2MP макро камера. 

Батерија
 
Со тежина од 175 грами и дебелина помала од 8 милиметри, Magic 5 Lite е еден од најтенките уреди на Honor. И покрај тоа, доаѓа со батерија од 5100mAh, која што би требал ода издржи цел ден.

Хардвер
 
Има погон со Qualcomm Snapdragon 695 5G процесор, подобрено корисничко искуство со Honor RAM Turbo, кој што на смартфонот му овозможува примена на дел од меморијата како RAM, со цел повеќе апликации да бидат активни за поефикасен мултитаскинг. 

Софтвер
 
Благодарение на Magic UI 6.1 кој што се базира на Android 12, Magic 5 Lite има смарт систем со оптимизација на уред, што ја минимализира деградацијата на перформансите со текот на времето, со цел подолго да се обезбеди доследно и оптимално корисничко искуство. Honor Share и Multi-screen Collaboration овозможуваат брз пренос на датотеки и ефикасен мултитаскинг на Honor уредите. 

Заклучок
 
Имавме прилика да го пробаме Magic 5 Lite и можеме да кажеме дека се работи за интересен уред, кој што ќе им биде привлечен на многумина поради својот тенок дизајн, но и можностите што ги нуди. Овде мислиме на долготрајна и издржлива батерија што ќе ги задоволи и љубителите на мобилните игри.

Преклопен смартфон со моќни перформанси

Најавено беше уште на IFA 2022 во Берлин, дека Honor ќе го претстави својот Magic Vs преклопен смартфон и ќе биде глобално достапен. За време на MWC 2023 е претставен со со револуционерен дизајн на механизам без запчаници, изработени од еден дел, при што вкупниот број на компоненти со самите клап-шарки е намален од 92 на само 4. 

Затоа нема видливо растојание помеѓу двете половини на екранот, кој е дебел само 12,9 милиметри кога ќе се преклоп и речиси целосно рамен кога ќе се расклопи. Надворешниот екран е со големина од 6,45 инчи со сооднос од 21:9, а кога е расклопен внатрешниот екран има 7,9 инчи. Неговите спецификации се со Динамичко потемнување, дено-ноќен приказ и потемнување од 1920Hz со ширина на пулсот (PWM), за намалување на учинокот со дигитално напрегање на очите и уморот. 


 
На задната страна се наоѓа систем со тројна камера, главна камера од 54MP со IMX800 сензор, ултра-широка и макро главна камера од 50MP и 3X оптички зум, плус камера од 8MP. Под хауба има Snapdragon8+ Gen 1 процесор со Honor Turbo X мотори и MagicOS 7.1 кориснички интерфејс со Android 13 оперативен систем. Овој преклопен модел има SmartMulti-window и APP Extender за поддршка на истовремено користење на повеќе апликации и внатре во сите апликации. Како што се истакнува на претставувањето, Magic Vs ќе биде достапен од третото тримесечје во 2023 година за цена од 1599 евра.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.