MWC 2023: Xiaomi 13 серијата опремена со Leica оди на глобална сцена

Објавено на 01.03.2023 00:30 во Рецензија


MWC 2023: Xiaomi 13 серијата опремена со Leica оди на глобална сцена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Напредни перформанси во камерата;
+ Напредни Leica сензори;
+ Добра цена;
+ Новитети во звукот;
+ Брзо полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

Првата најголема најава на MWC е веќе зад нас. После претставувањето на Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro во Кина, декември минатата година, Xiaomi официјално ја донесе 13 серија на глобалниот пазар со одлични спецификации на новите уреди.

Главниот фокус на Xiaomi 13 серијата е соработката со Leica. Регуларниот Xiaomi 13 и Pro верзијата имаат оптика што била дизајнирана и изработена од германскиот експерт за камери, Leica. Сликите може да бидат два различни модула на бои: Leica Authentic Look и Leica Vibrant Look.

Xiaomi 13 Pro

Топ моделот Xiaomi 13 Pro располага со истиот 1-инчен Sony IMX989 сензор за камерата како Xiaomi 12S Ultra, но моделот е лимитиран само за кинескиот пазар. Ова време, фановите на мобилната фотографија од цел свет ќе може да креира фотографии со ова чудовиште од камера. 

Огомниот сензор од 50MP е составен дел од системот на леќи од Leica со 23мм фокусна должина и f-stop на f/1.9. Има и 75мм телефото лежи со вграден 50MP сензор и подвижен елемент внатре, но во споредба со варијабилниот зум од Xperia 1 IV, овој помага во фокусот, овозможувајќи и на камерата да прави слики со близина до 4 инчи. Третата камера е 14мм ултра-широк сензор, користејќи сензор од 50MP.

Xiaomi 13 Pro не е само камера, телефонот доаѓа со најновиот Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 12GB LPDDR5X RAM меморија и UFS 4.0 ROM меморија. Ова го прави еден од најбрзите Android телефони на пазарот. Дисплејот изгледа како потенцијален рекордер: 6.73-инчен E6 AMOLED екран со варијабилна стапка на освежување што се движи од 1 до 120Hz и светлост до 1,900 нити.

Спецификациите вклучуваат батерија од 4,820 mAh, 120W жичено брзо полнење и 50W безжично полнење. Телефонот има почетна цена од 1,299 евра и доаѓа во две бои: ќерамичка црна и ќерамичка бела боја. 

Деталните спецификации на Xiaomi 13 Pro се одоздола:


Xiaomi 13 располага со елегантен дизајн и минимални рамки

Предводникот Xiaomi 13 располага со неколку предности годинава. Уредот пристигнува со висок дизајн и многу тенки рамки, што креира прилично добар изглед. Под хауба, го има Snapdragon 8 Gen 2 процесорот во Pro моделот и системот за камерата е ко-дизајниран со Leica.

Во областа на камерата, ја има истата главна камера од 50MP, но со IMX800 сензор овој пат, 10MP телефото камера и 12MP ултра-широк сензор. Дисплејот применува 6.36-инчен E6 OLED панел, со иста максимална светлост до 1,900 нити како кај Pro моделот. Има прилагодлив екран со стапка на освежување до 120Hz, но не е LTPO екран. Во споредба со Pro моделот, брзото полнење преку кабел е со 67W, додека безжичното е со 50W. Xiaomi 13 почнува со цена од 999 евра и ќе биде достапен во три бои: црна, бела и зелена.

Деталните спецификации на Xiaomi 13:

Xiaomi 13 Lite го има и со светло-розева боја

Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro веќе беа познати поради дебитирањето во Кина од 2022. Xiaomi 13 Lite е поевтина верзија од 13 серија и тежи само 171 грами. Дизајнот е малку поинаков, има потенок изглед со Corning Gorilla Glass заштита на предниот панел и 6.55-инчен OLED екран со FHD+ резолуција од 2400 x 1080 пиксели, кој оди до 120Hz. Светлоста на телефонот се движи од 500 нити до 1,000 нити. Под хауба има Snapdragon 7 Gen 1 процесор, LPDDR4 RAM меморија и UFS 2.2 меморија. Батеријата го има истиот капацитет како оној во Xiaomi 13 - 4,500 mAh и има поддршка само за полнење преку кабел со максимална моќност од 67W.

Системот на камерата кај Lite моделот не е Leica брендиран и се состои од 50MP широк сензор на камерата. Со Sony IMX766 сензор, 8MP широка камера и 2MP макро камера, Xiaomi 13 Lite пристигнува во три бои: светло сина, светло розева и црна, со почетна цена од 499 евра.

Деталните спецификации на Xiaomi 13 Lite се одоздола:


 
Xiaomi Watch S1 Pro

Другото изненадување од носечките уреди на Xiaomi, е Xiaomi Watch S1 Pro. Се работи за добар стил на смартчасовник, со одличен класичен дизајн, нерѓосувачко железо, метална шасија и круна што ротира. Има 1.47-инчен AMOLED дисплеј под сафирното стакло и имате две опции за ременче: кожено и силиконско.

Xiaomi Watch S1 Pro може да меморира повеќе од 100 спортски активности во реално време. Доаѓа со 10 однапред направени програми со различни фитнес потреби. Смартчасовникот располага со многу алатки, колку калории уништивте, колку интензивно вежбате, отчукувања на срцето и SpO2. Часовникот може да издржи до 14 дена со една батерија, додека брзо полнење за 10 минути ќе ви овозможи 2 дена за користење. Почетната цена на Xiaomi Watch S1 Pro е од 299 евра за силиконскиот модел и 349 евра за оној со кожено ременче.

Xiaomi Buds 4 Pro

Xiaomi ја откри најновата Xiaomi 13 серија на MWC 2023, како и Xiaomi Buds 4 Pro безжичните слушалки, кои што доаѓаат со Hi-Res Audio Wireless и Sony LDAC. Sony LDAC служи за намалување на дисторзијата на звук и има active noise cancellation до 48dB. Тоа е за 15db повисоко од Samsung Buds Pro, што е навистина импресивно.

Слушалките на Xiaomi имаат поддршка за димензионално аудио, што значи дека може да ја детектира позицијата на главата на корисникот. Ова е многу специфична алатка, која што е секогаш спремна за уживање во филмовите со навистина импресивен и квалитетен звук.

9 часа непрекинато слушање на музика или до 38 часа додека е во футролата за полнење е навистина спецификација за восхит. Самата кутија за полнење има поддршка за безжично полнење, само што нема reverse-wireless полнење, што кај Watch S1 Pro го има.  Xiaomi Buds 4 Pro ќе бидат достапни во златна и црна боја.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.