Samsung Galaxy S23 Ultra: Моќен ѕвер со S Pen асистент

Објавено на 21.03.2023 17:28 во Рецензија


Samsung Galaxy S23 Ultra: Моќен ѕвер со S Pen асистент

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Gorilla Glass Victus 2 двостран заштитен слој;
+ Најсветлиот екран на пазарот;
+ Импозантен дизајн;
+ Прилагодување на стапката на освежување од 1Hz, до 120Hz;
+ Специјален процесор за Galaxy со најдобри перформанси;
+ S-Pen вклучен за прецизно скицирање или правење на исечок од скриншот;
+ 200MP сензор на камера;
+ Зголемена стабилизација при снимање на видеа;
+ Добра цена;
+ Значително подобрена батерија;
+ Огромен дисплеј;
+ S Pen;

 

Negatives:

- Нема адаптер во пакувањето, како и досега;



Целата рецензија

Искрено сме воодушевени со новиот Samsung Galaxy S23 Ultra, кој е наследник на Note серијата. Note и S серијата се обединети во едно уште од лани, единствената разлика сега е името, т.е. Ultra стана “новиот Note”. Летото остана за преклопната серија во која што Samsung вложува. 

Новиот Galaxy S23 Ultra изгледа слично како S22 Ultra, со мали промени. Најголема новост е хардверскиот дел, новиот процесор на Qualcomm, специјално прилагоден за премиум Galaxy моделите. Најефикасен и најмоќен е досега, а разликата може да се почувствува во некои сегменти уште на првиот допир. Имаме нова 200MP камера, која што е во најновата реклама на Samsung, во #Nightography кампањата. 

Дизајн

Разлика во дизајнот има кај заоблените линии на ланскиот модел, при што новиот Ultra смартфон сега има рамни линии. Новиот Ultra модел е со 8,9мм еднакво тенок, како и минатиот. Ultra има Gorilla Glass Victus 2 заштитен слој на стаклото од предната и задната страна, за која што се тврди дека е поотпорна на падови. Пенкалцето е сместено на левата страна, додека кај претходните Note модели беше од десната. 

Ultra не е за оние со мали раце, затоа што тој објективно гледано, е еден од најголемите премиум смартфони што може да се купат на пазарот. Сензорот за отпечатоци на прсти е еден од најдобрите што се наоѓаат на пазарот, кој е сега распореден на поголемиот дел од површината на екранот. Телефонот остава импозантно влијание, елегантен е, и веднаш се препознава дека станува збор за топ модел на Samsung.

Екран

Samsung Galaxy S23 Ultra го има најсветлиот екран на пазарот, каде што со HDR технологијата, може да се достигне и до светлина од 1750 нити. Без проблем може да го користите на плажа, под директно влијание на сонцето. Тој има апсолутно фантастични агли на видливост и приказ на боите, а доаѓа и со сите можни сертификати, кои што би ги посакале еден ден од екраните.

Екранот изнесува 6,8 инчи, со резолуција од 3088x1440 пиксели, што резултира со 500ppi, доколку сакате да искористите целосна резолуција на екранот. Мора да се спомне адаптирањето на освежувањето на екранот од минимална јачина од 1Hz па се до 120Hz. 

Хардвер

Snapdragon 8 Gen 2 for Galaxy е идентичен процесор, како и обичниот Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, но за моделите на Samsung тој функционира со повисок такт. Теоријата зошто е тоа така, е дека Samsung ја земал најдобрата серија на Snapdragon од Qualcomm, кои што излегле малку подобри во текот на производниот процес. Тоа значи дека имаат подобро ладење на процесорот, а зголемувањето на тактот може да се изведе без проблеми според перформансите, односно вишок на топлина со кој што процесорот би го отпуштил со вишок такт. Ова е само теорија за да ја земете со резерва. 

Во секој случај имаме нов распоред на јадра во 4nm процес. И понатаму се осум јадра, но поинаку се распоредени, па така сега најмоќните Cortex-X3 јадра се подесени на 3,36GHz, во споредба со стандардните 3,2GHz. Следуваат и две Cortex-A715 јадра и уште две Cortex-A710 со 2,8GHz, како и во обичниот 8 Gen 2 процесор, и уште три Cortex-A510 јадра со 2,0GHz.За графичкиот дел од работата е новиот Adreno 740, за кој што некои велат дека е подеднакво моќен како и GeForce GTX1050. 

Нашиот примерок е со 512GB внатрешна меморија и 12GB RAM меморија. Има и поевтина верзија од 8GB RAM+256GB  ROM меморија, а сите останати верзии се со 12GB RAM меморија. 

Софтвер

Напредокот на интерфејсот на Samsung е голема, затоа што софтверската поддршка трае четири години и плус уште една година за безбедносни надградби. Новиот интерфејс има неколку оптимизации со скриени визуелни промени во изгледот, со минимално нашминкани иконки или поединечни скриени делови. 

Почетниот екран е класика, може да дојдете до фиокарот со апликации, со повлекување на прстот од средината на екранот кон нагоре и со спуштањето на лентата за известувањата со повлекување на прстот низ средината на екранот кон долу. Ако потегнете со тие два прста од врвот на екранот кон долу, ќе ги отворите сите брзи кратенки, а во тој изборник ќе може да ја подесите и лентата за контрола на осветлувањето да биде секогаш достапна или скриена ако не ја користите често. Ако го наместите тајмерот за исклучување на екранот после 30 секунди, може да одберете и опција за екранот да ви остане вклучен, додека гледате во него. 

S Pen

Дел од интерфејсот е поврзан со S-Pen, за кого има воздушни контроли, со кои што го глумите Хари Потер и замавнувате со пенкалцето, додека телефонот ја менува музиката или снима фотографии, во зависност од интензитетот на замавнувањето на пенкалцето. Со помош на S Pen може попрецизно да направие исечок на одреден дел од екранот како скриншот или да цртате низ екранот и точно да означите на што мислите, а се разбира дека ќе можете и да потпишувате документи за што најмногу служи пенкалцето. Или во случај кога треба да скицирате елемент за некој друг, додека екранот е исклучен и набрзинка сакате да објасните што сакате. S-Pen сам по себе е уникатен додаток за смартфон, кој што ниту еден друг смартфон го нема. 

Камера

Ѕвездата од рекламите, новиот 1/1,3” 200MP Samsung HP2 сензор е во центарот на вниманието. Тој применува специјални pixel bining методи и може да снима до 12MP фотографии. Дозволено е да се снима фотографија со резолуција од 50MP или 200MP, а отворот на блендата е зголемен од f/1,8 на f/1,7, така што камерата е способна да фати дури и повеќе светлост, а подобрен е автофокусот, иако во текот на минатите години беше совршен. 

Остатокот на камерата се: 12MP ултра-широко аголна камера со бленда f/2,2 и 13мм леќа, две оптички стабилизирани телефото камери од 10MP, со 1/3,52” сензори, од кои првиот е со 70мм еквивалент, со можност за зумирање на 3x пати на фотографијата во споредба со примарната, зад која стои отвор на бленда од f/2,4, додека другата е 230мм еквивалент со f/4,9 отвор на бленда, способен за оптички да ја зголеми фотографијата до 10x пати.

Селфи камерата изнесува 12MP, која можеби со цифрите е помала од ланската, но значително е подобрена. 

Примарната камера е навистина фантастична и дефинитивно една од најдобрите, кои што сме ги пробале. Според нашето искуство, Samsung има најдобра камера и најдобар сет на камери, што креираат најдобри фотографии. Фотографиите од 50MP излегуваат најчесто најдобро, со низок динамички распон и значително подолго време на снимање на две фотографии во 50MP во споредба со зададените 12MP. Во повеќето услови на фотографии со 50MP, излегуваат најдобро, полни со детали и многу добар динамички распон. Дури и во лоши услови, кога предметите се мирни и кога имате време да објавите фотографија, ќе ги добиете најдобрите фотографии отколку во зададениот режим со 12MP. Фотографијата со 200MP ќе ја применуваат во специфични ситуации, кога ќе ви требаат повеќе детали. Тогаш сите ќе ви завидуваат со оглед на премиум искуството што ќе го добиете.

Снимањето на видеа е значително подобрено, квалитативно и од аспект на стабилизација. Со подобра стабилизација ќе фатите многу подобри детали, дури и кога рацете ви се тресат или снимате концерт од последниот ред или додека се движите. Очигледно Samsung вложил големи напори и според нашето искуство, најдобро е да се снима во 4k резолуција. Благодарение на 8k снимањето, може да снимате со 25 и 30fps. Expert RAW додатокот е многу ценета работа кај новиот Ultra, затоа што сега може да го имплементирате во самиот интерфејс на камерата. Тој додаток претходно беше наменска апликација што се презема од Galaxy Store за претходните Galaxy, но сега, кога ќе ја преземете, ќе имате посебен начин за фотографирање внатре во самата апликација на камерата. Таа е практично идентична како и минатите години, но со тој додаток отвара ново поглавје со смартфонот. Youtube видео

 

Батерија

Општо веќе производителот не става адаптер во кутијата, затоа треба да доплатите за полнач од 45W, кој многу брзо го полни телефонот. Доколку го имате претходниот адаптер од 25W, може за 30 минути да го наполните до 54%, додека до крај ќе биде за 67 минути. Со адаптерот од 45W за 30 минути ќе имате до 65%, а до крај за 60 минути. Благодарение на новиот процесор, батеријата од 5000mAh е значително подобрена од ланскиот модел.

Заклучок 

Samsung Galaxy S23 Ultra не воодушеви, како што очекувавме. Има мали промени во дизајнот, а големи во хардверот и камерата. Тоа значи дека може да издржите долг период со една батерија, која може брзо да се наполни, да снимате врвни кинематографски записи благодарение на сензорот од 200MP и брзо да сурфате и сите апликации брзо да се отвараат. S Pen е тука за да ви го олесни функционирањето со прецизна можност за скицирање и слични дејствија. Цената на овој премиум смартфон за верзијата што ја имаме со 12GB+512GB меморија, изнесува 95.000 денари, додека 8GB+256GB чини 84.000 денари. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.