Sony Xperia XA2 доминира во средната класа

Објавено на 11.05.2018 во Рецензија


Sony Xperia XA2 доминира во средната класа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.7


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Супер дизајн со алуминиум-пластика;
- Може да се ракува со едната рака;
- Пријателска цена;
- Заштита на екранот со Corning Gorilla Glass 4;
- Водоотпорност;
- Цврст дизајн;
- Стерео звучници и квалитетен звук;
- Квалитетен и голем дисплеј;
- Најнов софтвер и добро оптимизиран интерфејс;
- Одлични селфи фотографии;
- Добра батерија;

 

Negatives:

- Студени бои;



Целата рецензија

Sony Xperia XA2 има доволно добри спецификации, кој служи за корисниците што не сакаат скапи смартфони. Sony определува добра цена за солиден модел на телефон, со многу добра камера, која се покажува одлично во определени услови. Телефони.мк го тестираше XA2, ајде да видиме подетално што има под хауба.

Дизајн

Sony Xperia XA2 е дизајниран карактеристично како за Xperia модел. Има коцкаста форма со заоблени рабови од страните, каде што се наоѓаат копчињата за регулирање на звук, копчето за камера и за вклучување. Дизајнот е прилично атрактивен како за телефон од средна класа, има добра големина за лесно ракување со едната рака. Конструиран е за да биде цврст како врвните модели на линијата од Xperiа, неговите рабови се метални, задната страна е пластична. Добро е што пластиката сега е заменета со претходното стакло, затоа што нема да се крши, кое пак, се чувствува во раката како да држите алуминиумски панел, благодарение на специјалниот материјал. Веројатно станува збор за интересен сплет на легура со материјал сличен на алуминиум и пластика.

Со него имате стерео звучници, кои се наоѓаат од долната страна и сертификат за водоотпорност. Квалитетот на звукот е одличен и сензорот за отпечатоци функционира како што треба, брзо и точно. Скенерот се наоѓа од задната страна и физички е подесен во форма на круг.

Дисплеј

Xperia XA2 има надградба со резолуцијата во споредба со претходникот Xperia XA1, која изнесуваше 720 пиксели, а сега изнесува 1080 пиксели. IPS LCD дисплејот на Sony овде изгледа многу природно и смирено, кој не троши многу енергија на батеријата. Имате стандардни и живописни режими, при што вторите изгледаат како да ракувате со некој модел од високата премиум класа.

Боите на Sony Xperia XA2 се малку студени, но може тоа да го менаџирате мануелно преку менито. Екранот на овој модел не изгледа многу поинаку од оние на скапите смартфони. Големината на дисплејот изнесува 5.2 инчи, со сооднос од 16:9 и густина на пиксели од 424ppi. Добро е тоа што има одлична заштита со Corning Gorilla Glass 4.

Софтвер

Xperia XA2 функционира со Android 8.0 оперативен систем, со одлично оптимизиран интерфејс, кој е навистина поинаков од сите Android модели. Одлично е тука што апликациите ги имате во форма на страници, кои ги прелистувате од десно кон лево за да ви излезат и да ја одберете онаа што ви треба. Оваа алатка е едноставна и многу практична за употреба. На другите модели оваа опција ја имате во вертикална верзија. Имате многу интересни позадини и теми за менување, кои изгледаат прекрасно.

Sony додал тука неколку апликации, од кои ги издвојуваме Kobo ebook reader (за читање на електронски книги) и AVG (за заштита од вируси). Другите се класичните апликации од галеријата на Sony. Интерфејсот генерално е добро оптимизиран за да биде лесен и интуитивен за употреба. Нема да зажалите за овој сегмент.

Перформанси

Sony Xperia XA2 е солиден со брзината, затоа што вреди како за неговата цена. Нема да чекате многу и нема да блокира никако, благодарение на неговиот Snapdragon 630 процесор со осум Cortex-A53 јадра, и Adreno 508 графички процесор. Која апликација и да ја вклучите нема да чекате многу. Играта како што е Asphalt 8, функционира прилично добро и брзо, што значи дека има висока оценка. Со него имате 3GB RAM меморија и 32GB меморија за лични податоци, која може со мемориска картичка да ја зголемите и со 256GB. Смарфонот располага со батерија со капацитет од 3300mAh. Издржливоста со енергетската ефикасност на овој модел е супер и може да издржи два дена со интензивно користење.

Камера

Sony Xperia XA2 располага 23 мегапикселна камера од задната страна, со голем 1/2.3-инчен сензор.Фотографиите сликани со овој смартфон изгледаат детални, со доволно ниво на бои и остри, што е многу подобро од другите телефони од средна класа. Поради големиот сензор, влегува повеќе светлина во леќата и затоа прави одлични фотки. Во мрачни услови исто така имате супер фотки, кои изгледаат доволно јасно и светло.

Интерфејсот на камерата изгледа добро и лесно за користење, со супер распоредени опции за менување на режимите. Кога фотографирате камерата одлично перфорира со својот квалитет, затоа што сликите се многу природни и пријатни за човечко око. Xperia добро ги фокусира предметите и може да снимате со 4K резолуција. Предната камера изнесува 8 мегапиксели. Нејзините леќи се толку широки, што има посебни режими за групни и сингл селфи слики. Одличен квалитет има селфи камерата, така што верувајте дека ќе имате одлични спомени со вашите пријатели кога се фотографирате. Повеќето 8 мегапикселни камери се добри кај смартфоните, но оваа е дефинитивно подобра и во внатрешни простории и во мрачни простории.

Заклучок

Sony Xperia XA2 е солиден уред со малку недостатоци, но многу предности. Можеме да ја пофалиме батеријата, перформансите, камерата, дизајнот, камерата и дисплејот. Во тој случај што би критикувале? Тоа што би се критикувало е минорно, а во споредба со своите ривали, овој модел дефинитивно е победлив во средната класа. Има ниска цена, цврста градба, одличен изглед и интуитивен за употреба. Да, Xperia XA2 не е премиум смартфон, но поседува премиум перформанси и претставува навистина солидна понуда од страна на Sony. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm