Samsung Galaxy Watch 5 располага со генијални нови опции

Објавено на 16.03.2023 21:04 во Рецензија


Samsung Galaxy Watch 5 располага со генијални нови опции

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Елегантен и атрактивен дизајн за секаква пригода;
+ Нови апликации;
+ Лесно поврзување преку апликација;
+ Нов софтвер Wear OS;
+ Добра цена;
+ Следење на здравјето;
+ Безжично полнење;

 

Negatives:

- Кратко траење на батеријата;



Целата рецензија

Смартчасовниците на Samsung секоја година добиваат нови можности, а фактот дека последната верзија на Galaxy Watch 5 доаѓа со Google Wear OS 3, ќе привлече многу корисници. 

Хардвер

Најновиот модел на смартчасовник на Samsung има многу прединсталирани апликации - класични Samsung апликации и дополнителни апликации за следење на здравјето на корисниците. Galaxy Watch 5 има 16GB внатрешна меморија, што е доволна за апликации, во комбинација со 1,5GB RAM меморија. 

Батерија

Батеријата со тестирањето излегува дека трае 24 часа, но со интензивно користење кога е поврзан со телефонот - примање на известувањ, неколку-часовно вежбање во текот на денот. Galaxy Watch 5 има и многу опции за следење на квалитетот на спиењето, што значи дека часовникот би требало да се носи на рака и во текот на ноќта. Galaxy Watch 5 може да се полни со безжичен полнач.

Дизајн

Часовникот се одликува со елегантен и минималистички дизајн, на кој што нема да останете рамнодушни. Овој минимализам совршено се вклопува во деловно, елегантно и спортско опкружување. Со други зборови, за секаква пригода. Силиконскиот ремен овозможува удобно носење на часовникот. Екранот од 40мм со Super AMOLED технологија е прекриен со сафирно стакло и би требало да биде доволно издржлив и за оние што се несмасни. Изгледот на интерфејсот на часовникот може да го бирате и менувате според вашето расположение, а екранот е доволно моќен за да го користите и во текот на сончев ден.

Интерфејс

Samsung не се откажува од двете физички копчиња, кои што се наоѓаат на бочната страна на часовникот и се користат за навигација преку апликациите. Кај Watch 5 двете копчиња добиле улога на сензор за мерење на системот на телото, што би можело да се види кај сите што тренираат или едноставно сакаат да проверат колку се во форма.

Освен со помош на копчињата, навигацијата преку апликациите се прави и со лизгање на прстот на работ на екранот. Навистина добро осмислено, што може да биде малку и проблематично кај апликациите што имаат повеќе опции и бараат подолго скролање преку нив или кога корисникот има поголеми прсти. Се разбира, ова е часовник и не може да има преголем екран. 

Samsung Galaxy Watch 5 се поврзува со вашиот смартфон преку Galaxy Wear апликацијата, од која што може да го менувате изгледот на часовникот, екранот со апликации и да поставите брзи функции. Со Samsung Health може да ја следите својата здравствена состојба, каде што имате опција за мерење на крвен притисок и отчукувања на срцето (EKG). 

Ако го носите часовникот кога спиете, тој ве следи дали се будите во текот на ноќта, колку длабоко спиете и дали хрчите. Ако вашата партнерка или партнер хрчи исто така, тој може да го детектира и вашето лично хрчење и на вашиот/та партнер/ка. Тоа е интересно, затоа што така може и да ја решите енигмата кој хрчи погласно. 

Samsung Pay, апликацијата за плаќање може лесно да го замени Google Wallet со часовникот, а Bixby може да го замените со Google Assistant

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.