Realme го претстави GT3 со батерија што се полни за 10 минути

Објавено на 30.03.2023 07:02 во Рецензија


Realme го претстави GT3 со батерија што се полни за 10 минути

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Ултра брзо полнење од 240W;
+ Прифатлива цена;
+ Специјален чипсет за новиот тип на полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

Realme го претстави новиот телефон GT3, кој што може да се пофали дека е со најбрзото полнење на батерија во светот. За време на Mobile World Congres во Барселона беше одржана официјалната презентација. Благодарение на полначот од 240W, батеријата до 100% може да се наполни за помалку од 10 минути.

Realme е основан со правилото „Dare to Leap“ и мисија за зајакнување на младите генерации со напредна технологија и дизајн, вели Chase Xu, потпретседателот на Realme.

Со влегувањето во својата 5-та година, Realme направи уште еден чекор напред и стана првиот бренд што го проби стаклениот плафон во индустријата. Тоа се должи на посветеноста кон подобрувањето на нашето присуство на пазарот преку иновативната технологија и подобро поврзување со нашите корисници.

Револуционерните 240W претставуваат максимална моќност за полнење што го поддржува моментално актуелниот USB-C стандард, па така во Realme сметаат дека овој полнач ќе биде водечки и во следните години.

За тоа биле потребни низа иновации како што е нова архитектура за полнење. Realme GT3 располага со три чип-сетови со истовремено максимално полнење, што резултира со 98,5% подобрена ефикасност за пренос.

Покрај тоа, доаѓа со прилагодена ултра-брз кабел за полнење од 12A, кој обезбедува најголема моќност за полнење во индустријата. Dual GaN технологијата за полнење вклучува end-to-end GaN чипсет во телефонот и адаптерот, што овозможува компактна големина на адаптерот и зголемена моќност за полнење на батеријата.

Еден од најтешките предизвици за полнење со голема моќност е контролата на температурата. Realme GT 3 е опремен со VC систем за водено ладење со големина од 6580 mm2, PS3 дизајн отпорен на оган, 13 температурни сензори и 60 слеви со безбедносна заштита.

Според интерното лабораториско тестирање, батеријата во Realme GT 3 има двојно повеќе циклуси за полнење од индустриски стандард, а користи интелигентно полнење, кое што го открива статусот на корисникот и го префрла статусот на полнењето во режим на патување, режим на спиење или режим во автомобилот. На овој начин се помага во зачувување на добрата состојба на батеријата и избегнувањето на прекумерно полнење.

Посебно внимание се посветува и на самиот дизајн на уредот, па така корисниците преку проѕирно стакло покрај камерата ќе може да го видат и чипсетот, NFC и нешто што во Realme го нарекуваат иновативен систем за пулсен интерфејс со RGB светлосен прстен во облик на буквата C.

Се работи за ламбичка што прикажува различни светлосни ефекти во зависност од статусот на телефоните. На пример, во зависност од степенот на наполнетост на батеријата се менуваат и боите, трепери на дојдовни повици и светка за известувања. Корисниците може да бираат 25 нијанси на бои, 2 типа на ритам и 5 режими со брзина на осветлување.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.