Шефот на Apple: Не сакаме луѓето премногу да ги користат нашите телефони

Објавено на 23.04.2023 13:07 во Рецензија


Шефот на Apple: Не сакаме луѓето премногу да ги користат нашите телефони

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Тим Кук не сака да ги прави луѓето зависни од зјапавање во екранот;
+ Apple развива уреди со проширена и виртуелна реалност;

 

Negatives:



Целата рецензија

Во модерниот, брз и дигитален свет, екраните се неизбежни и насекаде околу нас. Од смартчасовници во нашите раце, до телефони, таблети, монитори и телевизори. Наскоро тие екрани би можеле да се приближат со развојот на смарт очилата и AR/VR уредите, што значи дека екранот константно ќе го носиме со нас, а ќе го тргнуваме само кога спиеме.

Бројни истражувања покажуваат дека прекумерната употреба на екраните може да биде опасна, особено за младите. Треба добро да се размисли за начинот на употреба на уредите и времето што го поминуваме на екраните, тврди првиот човек на Apple, Тим Кук. Некои од аналитичарите ова го нарекуваат ироничен коментар, но тој често пати го повторува истото за човечката зависност од технологијата. Зголемената потреба за производите на Apple остварува неверојатни приходи и профит, а вредноста на компанијата е поголема од 2,6 милијарда долари. Кук вели дека не сака децата да бидат залепени за производи од неговата компанија.

Денешните деца се родени во дигитално време и како што објаснува Кук во едно интервју, тие се сега дигитализирани и затоа е многу важно да се постават ограничувања околу нивното однесување во дигиталнио свет. Се смета дека користењето на технологијата во училниците треба да се ограничи и никако не сака неговиот внук да поминува премногу време на социјалните мрежи. 

„Не сакаме луѓето премногу да ги користат нашите телефони. Не сакаме тоа да го гледаме“, изјавил Кук за зависноста од телефоните и вели дека развиле алатки, кои што ќе ги спречат луѓето да минуваат толку време фокусирани на екраните. Фокусот на Apple е насочен кон развојот на производи што ги поттикнуваат луѓето на учење и креирање на нешта што обично не ги прават, додава Тим Кук.

Открива и дека често се користи опцијата „Време на употреба“ за екранот на iPhone, со цел да се ограничи времето што се поминува на екраните. „Мојата филозофија е дека ако повеќе време гледаш во телефонот, наместо во нечии очи, правиш грешка“. Наместо со екраните, Кук обожава да го минува своето време во природа. Голем љубител е на возење велосипед и планинарење и смета дека најдоброто што може да го направите е да минувате време во природа, наместо пред екраните. 

Тим Кук ги спомнува и VR/AR очилата, за кои што претходно сметаше дека нема иднина со нив. Apple веќе неколку години развива таков уред и изгледа дека уште неколку месеци ни претстојат додека да го здогледаат светлото на денот. Шефот на Apple верува дека очилата со поддршка за проширена и виртуелна реалност може да ја подобрат комуникацијата и поврзаноста меѓу луѓето, а би биле корисни и во корпоративното опкружување.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.