Вештачката интелигенција не е евтина: Колку троши OpenAI за одржување на ChatGPT

Објавено на 25.04.2023 10:45 во Рецензија


Вештачката интелигенција не е евтина: Колку троши OpenAI за одржување на ChatGPT

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Огромна потрошувачка за одржување на погонот на ChatGPT;
- Огромен раст 



Целата рецензија

Неверојатно е со која брзина ChatGPT го освои светот. Четботот со вештачка интелигенција се претвори во задолжителна алатка за извршување на секојдневна работа за некои, но и добра забава за другите.

OpenAI е компанијата што стои за ChatGPT, вештачката интелигенција за која има многу трошоци за одржување. Според податоците од истражувачката компанија SemiAnalysis, OpenAI плаќа дури и до 700 илјади долари дневно за одржување на моќната инфраструктура, потребна за функционирање на вештачката интелигенција.

Според SemiAnalysis, најголем дел од трошоците потпаѓа на одржување и работа од скапите сервери. Меѓутоа, предупредуваат дека проценката за трошоци за работа се базираат на старата верзија на ChatGPT. Новата, помоќна верзија, со дополнителни можности, со себе повлекува уште поголеми трошоци. 

Одржување е потребно на серверите и илјадниците специјализирани чипови, кои што не само што се скапи, туку трошат и огромни количини на електрична енергија. Токму тоа е една од причините зошто Microsoft, кој вложил милијарда долари во OpenAI, работи на развој на сопствен чип, наменет за вештачката интелигенција. Засега нема премногу информации во самиот чип, освен тоа што е познат како проект "Athena". Новиот чип би требало да ги замени моменталните Nvidia графички процесори, ја прави работата на вештачката интелигенција да биде ефикасна, а со тоа и евтина.

Според аналитичарите на SemiAnalysis, Microsoft AI чипот би можел да ја намали цената од еден чип за третина, во споредба со Nvidia. Прашање е уште колку му треба на Microsoft да развие чип и колку од тие чипови ќе бидат вградени во ChatGPT. Microsoft и Nvidia неодамна се договориле за повеќе-годишна соработка, токму во областа на вештачката интелигенција.

Аналитичарите на SemiAnalysis истакнуваат дека се уште не е сигурно дека Microsoft "Athena" ќе пристигне на пазарот доволно брзо за да биде интересна за големите јазични модели. Самиот шеф на OpenAI, Сем Алтмен, истакна дека сме „на крајот на ерата на гигантските AI модели“. Според последните информации, ChatGPT-4 има пријавена големина од над трилион параметри, што е многу близу до границата на практична скалабилност. Ако продолжи да расте, ќе пораснат и трошоците, што би можело да стане проблем за OpenAI и неговите партнери. 

Во моментот OpenAI гарантира дека ChatGPT ќе има доволно средство и за понатамошната работа. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.