ЕК предложи Акт за гигабитна инфраструктура

Објавено на 28.04.2023 17:42 во Рецензија


ЕК предложи Акт за гигабитна инфраструктура

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Гигабитна инфраструктура за работа во облак;

 

Negatives:



Целата рецензија

Европската комисија пред некое време го предложи Актот за гигабитна инфраструктура, со цел да се реши проблемот со бавно и скапо воведување на основна физичка инфраструктура за работа на напредните гигабитни мрежи. 

Станува збор за уредба што треба да биде одговор за зголемената потреба од брзо и доверливо поврзување, што е клучно за достапност на нови услуги што се базираат на нови технологии, како што се компјутеризација во облак, вештачка интелигенција, податочни простори, виртуелна реалност и метаверзумот. 

Предлогот за уредба помеѓу останатото предвидува дека во сите нови згради, треба да се инсталира оптичка мрежа, со цел на граѓаните да им бидат достапни најбрзите услуги за поврзување. Според тој предлог, работата на мрежните оператори врз основа на изградба на основните физички инфраструктури, како што се кабелските канали и столбови, на кои што често потпаѓаат и до 70% од трошоците за воведување на мрежата, ќе бидат координирани, а и релевантните чинители ќе имаат пристап кон таа инфраструктура. 

Комисијата покрена јавно советување со кое што сака да добие одговори од сите акционери на прашањето кои видови на инфраструктури се потребни на Европа за во наредните години да одржат чекор со трансформацискиот технолошки развој, со цел да стекне контрола над својата дигитална трансформација.

Во рамките на советувањето се бараат и мислења на акционерите за тоа на кој начин во целата Унија може навремено да се мобилизираат инвестициите што се потребни за такви инфраструктури. Еден од таквите чинители е организацијата што ги застапува интересите на операторите на мобилните мрежи ширум светот - GSMA

„Во светот што станува се повеќе дигитален, идниот економски успех и социјален развој на Европа ќе зависи од одржливото вложување во напредни комуникациски мрежи. Го поздравуваме почетокот на консултациите и правилно е тоа што Комисијата се фокусира на реалноста на денешната дигитална економија во разгледувањето на начинот за ширење на идните иновации и вложувања внатре во Европската унија, за благосостојбата на своите граѓани и компаниите“, изјавил Џон Џусти, главниот регулаторен службеник во GSMA.

„Денес сме само неколку компани што создаваат повеќе од половина од вкупниот сообраќај, што се одвива преку европските мрежи. Експоненцијалниот раст на овој сообраќај ќе бара се повеќе инвестиции во мрежата. Веруваме дека е поштено дека компаниите што ги произведуваат најголемите количини на сообраќај на европските мрежи, треба да придонесуваат кон потребното вложување во инфраструктурата. Овој товар не треба целосно да падне да грбот на европските потрошувачи и компаниите. Исто така го поздравуваме предложениот 'Закон за гигабитна инфраструктура', кој треба да послужи како ефикасен паневропски инструмент за забрзување на воведувањето на мрежата, со намалени административни пречки и трошоци. Делувањето е императив. Без нов пристап, Европа е изложена кон ризик да не ги исполни своите договорни цели на Дигиталната деценија, на штета на европските граѓани“, додава тој.

Големите европски телеком компании како што се Deutsche Telekom, Orange, Telefonica веќе со години бараат за технолошките компании како што се Amazon, Microsoft, Netlix, Facebook или Apple, кои сочинуваат повеќе од половина од интернет сообраќајот, да сносат дел од трошоците за изградба на инфраструктура, додека тие тврдат дека тоа всушност би било интернет данок, кој би ја загрозил неутралноста на мрежата.

После јавното советување што ќе трае 12 недели, Комисијата треба да излезе со законодавен предлог. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.