Како социјалните мрежи станаа исплатлив бизнис

Објавено на 26.06.2018 во Рецензија


Како социјалните мрежи станаа исплатлив бизнис

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Инфлуенсерите се поевтини;
- Повисока ефикасност;
- Исплатливост на рекламите;

 

Negatives:



Целата рецензија

Социјалните мрежи го променија начинот на кој комуницираме, и начинот на кој ги конзумираме информациите и рекламите. Со традиционалните реклами се појавија и современите објави, за кои е тешко на прв поглед да воочите дека се работи за реклама, односно платена содржина или нечие лично мислење и став. Тоа отвори и простор за целосно нов свет во кој владеат влијателните, односно инфлуенсерите. Инфлуенсерите може да бидат и познати личности, а може да бидат и некои за кои никогаш не сте слушнале, но сепак имаат свои ставови и размислувања, со кои се пробиваат на социјалните мрежи преку привлекување на нивното внимание.

Сериозна работа е денес да бидете инфлуенсер. Внимателно се проценува кој инфлуенсер привлекува одредена публика, односно следбеници, каков и нивниот начин на комуникација со таа публика и каква репутација има финално. Така и влијателните ги проценуваат компаниите на кои што им пристапуваат. Тие за промовирање на одреден бренд го користат највредното што го имаат - угледот на социјалните мрежи. Од друга страна, бевме сведоци во неколку наврати и како погрешен потег на влијателните резултираше со откажување на бројни договори и губење на пари. Токму парите се главна причина зошто обично влегуваат инфлуенсерите во тој свет.

Сите инфлуенсери заработуваат различни суми на пари, во зависност од тоа колку се ценат и колку следбеници имаат, исто како и интерактивноста на неговите постови. Некои податоци сепак може да се дознаат. Во последните неколку години бројот на инфлуенсери и спонзорирани објави пораснаа за неколку пати. Така социјалните мрежи беа присилени да ги означуваат овие објави како платени, односно спонзорирани, со цел корисниците да станат свесни дека некој заработува од нив.

Се проценува дека до 2022 година, пазарот на инфлуенсерски објави и рекламирање ќе вреди од 5 до 10 милијарда долари. Затоа треба да имаме на ум дека само една објава на инфлуенсерите, брендот односно компанијата може да ја чини од 500 долари до 20 илјади долари. Во Македонија сумите се многу пониски. Меѓутоа, како и да е, се уште не можеме тоа да го откриеме.

Вештачка интелигенција

Компаниите открија начин како да ги спојат инфлуенсерите и соодветните брендови. Компанијата Influential така користи машинско учење и вештачка интелигенција со цел да ги поврзе големите компании со инфлуенсерите, кои може многу да им помогнат за ширењето на брендот. Анализирајќи ги брендовите и инфлуенсерите, се проценува дека хаштагот остава најдобар впечаток кај групите, кој тон треба да се користи во пишувањето на објавата и како да го задржите оригиналното изразување како инфлуенсер, но и да го прилагодите во пораката што сакате брендот да го промовира.

Факт е дека компаниите ги плаќале овие услуги, кои имаат раст од 30% и дефинитивно повисок раст на повраток на инвестициите. Нивниот совет за оние што се рекламираат е да целат кон инфлуенсери што имаат од 50 илјади до 2 милиони следбеници, затоа што тоа значи дека се повеќе ангажирани. Големите ѕвезди како што се Кристијано Роналдо или Ким Кардашијан, имаат огромен број на следбеници, но не се многу ангажирани сп споделување на содржини. 

Шефот на Influential, Рајан Детерт, е убеден дека наскоро нема да има компанија што не ги користи услугите на инфлуенсерите за промоција на своите брендови и производи, кој и самиот претходно бил инфлуенсер. Целата поента е тоа што има конкретни информации со податоци за секој инвестиран денар во инфлуенсерите и колку добива брендот назад, по дури 6,5 долари. Инфлуенсерите исто така не смеат да се пожалат за сумата што останува во нивните џебови.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm