HTC U12+ е професионалец во фотографирање со супер-брзина

Објавено на 27.06.2018 во Рецензија


HTC U12+ е професионалец во фотографирање со супер-брзина

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Дизајн неодолив со тапија;
- Стаклен дизајн со IP68 сертификат за водоотпорност;
- Always On режим за енергетска ефикасност;
- Супер брзи перформанси со најдобриот процесор;
- BoomSound звучници;
- Најнов оперативен систем и практично-современ Edge Sense;
- Беспрекорна камера, која може да се мери со најдобрите;

 

Negatives:

- Нема 3,5мм излез;
- Намален капацитет на батерија;



Целата рецензија

HTC U12+ доаѓа со се што еден купувач во денешно време би можел да посака. HTC моделот нема 3,5мм излез за слушалки, има Snapdragon 845 процесор, 6GB RAM, две камери позади и од предната страна, 18:9 сооднос на екранот, а има дефинитивно и подобрувања кај Edge Sense, кој минатата година беше одбележан кај U Ultra и U11 моделите.

Дизајн

Моделот е со стаклен дизајн, а акцент ставаме на задниот делумно транспарентен панел, во делот под камерата. U12+ изгледа прекрасно, со алуминиумска рамка и прецизни отвори, без групи изработки. Значи, дизајнот е највисоко можно ниво. Новост е типките што не се веќе хардверски во класична смисла.

Повторно се на левата страна на телефонот. Долната типка за вклучување е ребреста, што значи дека ќе ви биде многу комотно кога ќе го отклучувате телефонот. Од долната страна имате USB-C влез, а покрај него се микрофонот и звучникот. Имате вистинско премиум чувство кога го држите ова „огледало“ во рацете, а има и IP68 сертификат за водоотпорност.

Екран

HTC има долга историја со SuperLCD екраните, а оваа година доаѓа со шестата генерација што ја видовме кај U11+ моделот. Имате резолуција од 1440 x 2880 пиксели, 6 инчен екран со густина на пиксели од 537 ppi. Резолуцијата може да ја подесите и на FHD+, но тоа нема никаква енергетска ефикасност, туку само режимот Always On. Ова е дефинитивно еден од најдобрите LCD дисплеи на пазарот, но не е толку добар како оној на Samsung - AMOLED.

Хардвер

Snapdragon 845 е најмоќниот процесор на Qualcomm, кој го поседува и HTC U12+. Станува збор за осумјадрен процесор со 4 Kryo 385 Gold јадра со фреквенција од 2,8GHz и 4 поштедливи Kryo 385 Silver јадра со 1,7 GHz. Има 6GB RAM меморија и 64GB ROM меморија, што му дава навистина моќни перформанси. Со microSD картичка може да ја зголемите меморијата до 128GB. Има висок квалитет на сигнал, кој може да го пробате во руралните области. Слушалката е многу квалитетна, која со дури 4 микрофони, разговорите може да бидат многу удобни и во најбучните простори.

Тука ги имаме и BoomSound звучниците, кои се дефинитивно подобри од минатата година. Не е тоа вистински стерео звук, но многу добро е избалансиран така што разликата меѓу звучниците во слушалките и оној на дното на уредот не се забележуваат толку.

Софтвер

Интерфејсот на HTC е еден од најчистите кај познатите брендови. Има многу сопствени решенија во споредба со оние што ги нуди Google, а сите се одлично изработени и практични. Изборникот со апликации е со повлекување со прстот кон надолу. На истиот начин може и да го симнете барот со известувањата.

Edge sense има различни нови функции, од кои има сензори за стисок на дланката, кои се сместени во долните делови на левата и десната страна во алуминиумската рамка. Со силен стисок може да активирате одредена апликација, да го вклучите блицот или да зададете одредена команда во одредена апликација. На пример, во галеријата со фотографии со стисокот на дланката може да зголемите фотографија или истото да го направите во Google Maps.

Edge sense има и чувствителност во двојниот допир врз рамката на уредот. Доволно е само двапати да тапнете на рамката за да извршите одредена акција. На пример, можете да наредите екранот да се спушти во десниот или левиот агол и да ви се олесни ракувањето со една рака или да повикате дополнителен брз изборник со апликациите што најчесто ги користите. Новостите се поврзани и со навигациските типки, сега имате swipe за навигациските типки, исто како и на почетниот екран. Кога еднаш ќе ја повлечете навигацискта лента во левата страна, ви се отвара палета со кратенки што го вклучуваат спуштањето, односно сокривањето на навигациските ленти, снимањето на екранот во облик на видео или слики. Интерфејсот се базира на најновиот Androidu 8.0 Oreo оперативен систем, кој најверојатно ќе може да се надгради со најновиот Android P кога ќе биде лансиран во блиска иднина.

Камера

HTC U12+ доаѓа со двојни камери од двете страни, а со помош на дополнителната камера може да добиеме и фотографии со замаглена позадина. Примарната камера е со 12MP и голем отвор на блендата - f/1,75. Станува збор за сензор од Sony со 1/2,55″, додека секундарниот сензор е со 16MP и поголем отвор на блендата f/2,6. Двете камери се оптички стабилизирани и комбинирани со фазна детекција, автофокус и ласерски автофокуси и двотонски LED-блиц.

Интерфејсот е променет и подобрен во споредба со минатата година. Сега имаме и професионален начин на фотографирање со што може да направиме и беспрекорни моќни фотографии, благодарение на 30 секундната експозиција. Максималната ISO вредност со ваквиот начин на снимање за жал е ограничена на 800. Квалитетот на фотографиите е на највисоко можно ниво, ова е една од најдобрите камери кај смартфоните, која може да се мери и со онаа на Galaxy S9+ и Huawei P20 Pro. Стабилизацијата на видеото за време на одење одлично функционира во FullHD резолуција со 30 сликички во секунда. Предните камери од 8MP и отвор на бленда од f/2,0 се солидни и имаат пристоен динамички распон, кои одлично ќе послужат за добро селфи. 

Батерија

U12+ располага со батерија со капацитет од 3500mA, што е мало разочарување во споредба со онаа од 3900mAh кај U11+. Софтверската енергетска ефикасност на LCD екранот во споредба со другите конкуренти е подобрена и тоа го оправдува намалувањето на капацитетот. Телефонот издржува целодневно користење без проблем, кој за време на тестирањето покажал долготрајност од 4,5 – 5 часа со вклучен екран и константно активна 4G мрежа, со повремено пристапување кон домашниот WiFi, повремено вклучен Alawys On режим, и синхронизација со социјалните мрежи WhatsApp, Hangouts и други. Тука имате и Qualcomm Quick Charge 3.0 брз полнач, кој го поддржува новиот 4+ стандард.

Заклучок

HTC има дефинитивно подобрен и одлично изработен интерфејс со цел да биде високо практичен, беспрекорни перформанси со најновиот процесор, најновиот софтвер и квалитетен екран, без разлика на тоа што не е AMOLED. Сето тоа е врвно достигнување за компанијата, а неговата цена изнесува 800 евра регуларно. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm