Google: Иднината е во најава на уреди без лозинки, тотално безбедно, а како?

Објавено на 25.05.2023 18:42 во Рецензија


Google: Иднината е во најава на уреди без лозинки, тотално безбедно, а како?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Логирањето со Passkey е со поголема безбедност од лозинките;

 

Negatives:



Целата рецензија

Google направи голем чекор напред, за да добиеме профили без лозинки во иднина. Со една најава ќе може на сите кориснички профили на сите Google сервиси да стигаат "passkeys", кои што се дел од новото решение на Google за криптографски клучеви, што бара претходно најавен автентичен уред.

Google корисниците може да се префрлат на пристапните клучеви и така целосно да ги отфрлат своите лозинки и верификациски кодови, потребни за дво-факторска потврда во текот на пријавите во своите кориснички профили.

Passkeys се безбедна и практична алтернатива на лозинките што ги имплементираа од Google, Apple, Microsoft и други технолошки компании, што се поврзани со FIDO Alliance. На тој начин може да се заменат традиционалните лозинки и другите системи на пријава, како што се 2FA, SMS потврда со локален ПИН или биометриска автентификација на уредот (отпечаток со прсти или идентификација на лице).

"Passkeys" постојат само кај уредите на корисниците, а податоците не се споделуваат со Google, што значи подобрена безбедност и заштита, затоа што не постои лозинката што може да се украде.

Како ќе функционира сето тоа?

Со додавањето на овие клучеви кон Google корисничкит профил, платформата ќе почне да пребарува кога корисникот ќе се пријави или кога ќе открие потенцијално сомнителна активност, што бара дополнителна проверка. Клучевите се меморираат на било кој компатибилен хардвер, како што се iPhone со iOS 16 и Android уредите со минимална Android 9 верзија на оперативен систем. Може да се споделуваат и со други уреди како што се iCloud или управител на лозинки како што се Dashlane и 1Password.

Корисниците сепак може да користат и туѓ уред за привремен пристап кон својот Google профил. Со одбирање на опцијата „користи пристапен клуч со друг уред“, се создава еднократна најава и нема да се пренесе пристапниот клуч на новиот хардвер. Од Google предупредуваат дека корисниците никогаш не треба да креираат такви клучеви на споделениот уред, затоа што секој што може да пристапи и да го отклучи тој уред, ќе може да пристапи кон вашиот Google профил.

Користење на Passkey

Секој корисник има право веднаш да го прекине клучот во поставките на Google профилот, доколку постои сомневање дека некој друг би можел да пристапи кон вашиот профил или доколку го изгубите уредот каде што е меморирана лозинката. Google вели дека корисниците вклучени во нивната програма со напредна заштита, бесплатна услуга со дополнителна заштита од кражба на идентитет и злонамерни апликации, може да го одберат користењето на овие клучеви наместо своите вообичаени физички безбедносни клучеви.

За оваа услуга да биде прифатена ќе треба уште време, затоа што и сите корисници немаат пристап кон уреди со биометриска автентификација. Google сепак во иднина планира целосно да премине кон безбедносни клучеви и да ги поттикне своите корисници да преминат кон новиот систем за пријава кон корисничките профили.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.