Apple Maps или Google Maps: Која апликација е подобра кога сте офлајн

Објавено на 23.07.2018 во Рецензија


Apple Maps или Google Maps: Која апликација е подобра кога сте офлајн

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Google Maps е поопширна апликација и има повеќе функции;

 

Negatives:



Целата рецензија

Летово патуваме многу и дефинитивно ни треба навигација. Поради таа причина ви ги споредуваме Apple Maps и Google Maps. Изгледа како одлична идеја на хартија, новата Apple Maps апликација е мета на критики поради неточни правци, недостаток на поддршка за јавен превоз и други багови кои овој сервис го направија речиси неупотреблив за разлика од Google Maps. Потоа следуваат многу надградби и промени, но успеа ли апликацијата да се извлече од проблемите? Некое време Google Maps беше една од најинсталираните апликации од AppStore. Тие се исти и имаат иста задача, да не одведат од точка A до точка Б, но има разлика меѓу нив.

Интерфејс

Пред да ја внесете посакуваната локација, ќе забележите дека визуелно се разликуваат. Apple Maps има порамна површина и покажува повеќе локации, а одоздола има прозорец за внесување на локацијата. Google Maps ви дава повеќе опции за приказ и може да бирате сообраќај, терен, сателит или велосипед. Google има и 3D модели за погвеќето згради. 

Кај Apple Maps нема многу икони, што нема да ви го одвлече вниманието додека ја користите апликацијата за време на возењето. За повеќе апликации одберете зум или опцијата за „прошетка“. Google има повеќе иконки, а повеќето од нив се бензински станици и паркинзи, кои ќе ви бидат од корист кога возите. Двете апликации го базираат времето на доаѓање врз основа на состојбата во сообраќајот. Црвените линии ја означуваат најгустата траса, жолтата умерена, а сината напроодната рута. Google има повеќе опции со тоа што вклучува и звук, компас и брзо пребарување, со што ви олеснува кога се брзате. Кај Apple Maps ги имаме овие опции и мораме сами да одбереме подмени што малку ги комплицира нештата.

Истакнати функции

Ако Siri ве праша каде сакате да одите, таа сама го започнува наведувањето. Apple Maps користи и векторска графика, па ќе потрошите помалку интернет, отколку кај Google Maps. Една од најкул опциите што ги имаат Apple Maps е опцијата за „надлетување“, која ви овозможува да го погледнете теренот во 3D модул и да ги разгледате зградите. Оваа опција може да ве прошета низ градот и да ви покаже интересни локации.

Од друга страна, Google има Street View што овозможува панорамски поглед кон многу улици во светот. Двата најголеми нацрта што ги има Google Maps е навигацијата и велосипедите и пристапот кога сте офлајн. Ова е одлична опција кога сте во градот во кој превозот со велосипед е популарен, затоа што Apple Maps ја нема оваа опција. Додека Apple користи недостаток на податоци, а Google троши повеќе интернет и ви треба wi-fi конекција, тој го надополнува овој недостаток така што ви дозволува да ја симнете мапата и да ја користите кога сте офлајн.

Други разлики

Една од најголемите разлики е тоа што на едната мапа е сопственик Google, а на другата Apple. Google има разлика во полисите што се однесуваат на собраните податоци и како тие ќе се користат. Поради архивирањето на податоците за вашите локации, Google е често на мета на критики, па ако сте загрижени за вашата приватност, тогаш Apple Maps е вашиот најдобар избор. Apple Maps се надградува кога iOS добива надградба, а Google Maps се надградува почесто.

Двете апликации се достапни на уредите на Apple, додека Apple Maps не се достапни на Android уредите. Google има подобри мапи за помалите градови за разлика од Apple. Причината за тоа е што Google е подолго застапен и постара апликација е. Google располага и со информации за работното време на многу продавници. Apple Maps многу напредуваше во последните години и работи добро во големите градови, но Google Maps е се уште со години пред својата конкуренција и дефинитивно е подобар. Што велите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm