Samsung Galaxy J3 (2018) - Што нуди „тројката?

Објавено на 27.07.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy J3 (2018) - Што нуди „тројката?

Оцени

usability
7.0


Перформанси
6.5


Цена
8.0


Камера
7.5


резултат
7.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Прифатлива цена

- Привлечен дизајн

 

Negatives:

 

- Просечен хардвер

- Застарена технологија



Целата рецензија

Samsung Mobile ја стартуваше Ј серијата во не така далечната 2016 година со едноставна цел, да настапи во основната класа со посериозен пристап и со поголем фокус на неколку квалитетни карактеристики во неговите најевтини смартфони. Така го добивме почетниот модел на Samsung Galaxy J3, а во јуни годинава од овој популарен смартфон кај корисниците со ограничен буџет го добивме и третиот наследник кој покажа мали знаци на прогрес во понудата. Во продолжение подетално ќе се посветиме на Samsung Galaxy J3 (2018) и неговите карактеристики со оглед на тоа што често овој модел ќе го гледате во понудите на македонските мобилни оператори и продавници за електроника.

Дизајн

Samsung Galaxy J3 (2018) го поседува впечатливиот изглед кој во последните години успеа да го изгради корејскиот бренд кој ја напушти основната пластика како главен материјал и се префрли на попрефинети материјали на изработка. Со Samsung Galaxy J3 (2018) за ниска сума ќе добиете уред кој јасно припаѓа на Galaxy семејството со препознатливи две копчиња под дисплејот наменети за навигација, а централното физичко копче е за враќање на почетното мени и излез од апликации. Смартфонот не е многу тенок, има димензии од 142.7 x 70.1 x 8.9 mm, а тежи 152 грама, па така иако не е меѓу најкопактните не би требало да ви предизвика никакви проблеми со носење во џеб, ташна или пак во торбичка.  

Дисплеј

Samsung Galaxy J3 (2018) има прилично стандарден 5.0 инчен дисплеј со IPS LCD технологија, веќе старомоден размер од 16:9, како и потпросечна резолуција од 720 x 1280 пиксели. Со густина на сликата од 294 ppi ќе имате добра видливост на содржините на дисплејот, но ништо над вообичаеното. Со овој размер нема идеална искористеност на предната површина на дисплејот кој има оставено поголем простор на двата краја за копчињата и за селфи камерата со сензорите. Уште еден „минус“ кај Samsung Galaxy J3 (2018) е тоа што не користи OLED технологија која веќе се применува кај неколку модели на Samsung од основните класи, но очигледно е дека производителот не сакал да ја спушти својата профитна маргина за уште еден степен. 

Перформанси

Со применетиот Exynos 7570 процесор со четири јадра со Cortex-A53 технологија од 1.4 GHz кај Samsung Galaxy J3 (2018) може да очекувате пристојни перформанси кога се во прашање основните апликации како Facebook, Gmail, YouTube, Instagram и останатите, но за нешто посериозно во делот на организацијата и креативата не треба да очекувате. Смартфонот има пристојна меморија со 2 GB RAM и 16 GB вграден ROM, како и слот за microSD картичка која ако доплатите дополнителни средства ќе може да ја проширите со уште 256 GB за сигурен простор за сите ваши фајлови и содржини. Батеријата со капацитет од само 2600 mAh изгледа како лош изговор за ниската цена и не би требало да ви „држи“ повеќе од еден ден активна работа, а нема ниту брзо полнење. Камерите се во рамките на просекот со 5 мегапиксели на предната страна и 8 мегапиксели на задната страна со вграден автофокус, HDR и LED блиц, но ништо позначително од тоа. 

Заклучок

Samsung Galaxy J3 (2018) e уште еден модел на Samsung кој покажува дека овој бренд премногу ја цени својата вредност и дека не планира да се „расфрла“ со посилни компоненти во основните класи. Секако, сам по себе Samsung Galaxy J3 (2018) не е лош телефон, но кога би се споредел со некој од новите кинески смартфони со слични цени испаѓа дека е драстично послаб во хардверот. Исто така треба да се има на ум дека Samsung е еден од најквалитетните изработувачи на смартфони, па така со Samsung Galaxy J3 (2018) на располагање ќе имате долготрајност и потпора во различни ситуации, а секако го плаќате и самиот бренд. Што вие мислите за Samsung Galaxy J3 (2018)?

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm