Lenovo K5 (2018) - Нешто блескаво во основната класа

Објавено на 28.07.2018 во Рецензија


Lenovo K5 (2018) - Нешто блескаво во основната класа

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
8.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена и голема исплатливост

- Модерен дисплеј

- Квалитетна дуо камера

 

Negatives:

 

- Нема брзо полнење



Целата рецензија

Lenovo K серијата во последните неколку години стекна солидна база на фанови и корисници кои му дадоа шанса на овој бренд со континуираниот квалитет и доследност. Lenovo затоа реши да ги награди фанови со нови K модели од 2018 генерацијата кои се навистина многу помодерни, поатрактивни и помоќни, а истовремено да ги задржи оригиналните цени со што на одличен начин ја исполни формулата за исплатливост за вложената сума на пари од страна на купувачот. Во продолжение дознајте повеќе детали за Lenovo K5 (2018) кој е основен модел од оваа нова генерација и што се има тој да понуди.

Дизајн

Lenovo K5 (2018) е првиот смартфон во оваа серија кој по подолго време нуди навистина обновен и освежен дизајн кој сега изгледа многу поконкретно и помодерни и е во тек со последните трендови во смартфон сцената, па дури има и своја нитка која го прави од прв поглед препознатлив. Тоа најмногу се должи на задниот дел од металната маска кој има фин отсјај што дава впечаток на луксуз и елеганција. Lenovo K5 (2018) исто така може да се пофали и со одлична конструкција со димензии од само 153.8 x 72.7 x 7.8 mm кои го прават многу компактен и ергономичен за користење. Сината блескава боја му дава најсилен впечаток, а исто така за бојата на маската има и озбор меѓу сива и црна кои се покласични и подискретни.

Дисплеј

Lenovo K5 (2018) доаѓа со прилично голем IPS LCD екран на допир со 5.7 инчи, 16M бои, HD + резолуција од 720 x 1440 пиксели, располага со новиот 18:9 размер за целосна искористеност на предната површина. Така Lenovo K5 (2018) лесно ќе го управувате и со една рака и покрај неговата големина, за секако ќе имате многу пријатно визуелно искуство со голема видливост. Секако, резолуцијата минимално го исполнува HD стандардот што резултира со 282 ppi густина на сликата, но поради сите други горенаведени адути тоа нема да дојде до голем израз и нема да ви предизвика никакви фрустрации при прегледот на содржините.

Перформанси

Lenovo K5 (2018) како многу евтин смартфон доаѓа со компромисно решение во хардверот кој е предводен од поедноставниот осум-јадрен Mediatek MT6750V/CB процесор кој располага со Cortex-A53 технологија и Mali-T860MP2 основна графичка карта. Ова секако не е на исто ниво кај кај повеќето смартфони од високата класа, но перформансите воопшто не се загрозени, па така ќе имате можност за работа со модерни апликации, социјални мрежи, суфрање на брз 4G интернет, како и повремен гејминг со некоја понапредна 3D игра. Меморискиот капацитет изнесува 32 GB RAM, 3 GB RAM и слот за microSD за проширување до 128 GB. Батеријата Li-Ion со капацитет од 3000 mAh е во рамката на нормалата и нема дополнителни адути како брзо полнење. Од камера сетапот ќе бидете доста задоволни. Главната камера е со дуал модул со 13 MP (f/2.0) + 5 MP (f/2.2) со автофокус, LED блиц и HDR додека пак селфи камерата има сензор од 8 MP, и f/2.0 леќа.

Заклучок

Lenovo K5 (2018) е смартфон направен со „мерак“ во основната класа, покажува колку Lenovo како бренд не ги потценува своите фанови, ниту пак себеси се преценува со понудениот модел. Lenovo K5 (2018) има доста адути ако се земе во обзир фактот дека се продава за сума од околу 200 евра. Тука мора да се истакнат Full дисплејот, двојната камера, симпатичниот и блескав дизајн со тенко тело, како и солидниот хардвер без видливи или поголеми недостатоци кои би ги компромизирале севкупните перформанси за еден модерен корисник. Што мислите вие за Lenovo K5 (2018)?

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm